Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаПочнува дистрибуцијата на гласачките ливчиња, в недела ќе се гласа во 32 општини и СкопјеПочнува дистрибуцијата на гласачките ливчиња, в недела ќе се гласа во 32 општини и Скопје, прегласување во една, а нови постапки во четири општини.Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025, информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Локалните избори, според информациите на ДИК, ќе ги следат 1 569 набљудувачи, од кои 904 домашни и 651 меѓународни, а акредитирани за известување од изборите се и 14 странски новинари. На 2 ноември в недела прегласување за членови на Совет ќе има на три избирачки места во општината Шуто Оризари, каде што е можно теоретски да се влијае за избор на мандатите за советници. Во Градот Скопје право на глас имаат 474 394 гласачи кои треба да се изјаснат за кандидатот Орце Ѓорѓиевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Амар Мециновиќ од Левица. Во првиот круг од изборите во Ѓорѓиевски освои 91 663 гласови, додека, Мециновиќ 30 665 гласови. Втор круг од локалните избори ќе има и во скопските општини Карпош, Центар, Аеродром и во Шуто Оризари. Интересна изборна битка се очекува во Карпош каде противкандидати се актуелниот градоначалник Стевче Јакимовски и кандидатот поддржан од владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски. Тој во првиот круг од изборите освои 10 284 гласови, додека Јакимовски 8 761. Во првиот круг од изборите во оваа општина имаше уште тројца кандидати кои имаа нешто под и над 3 000 гласови. Во Карпош, според Избирачки список, право на глас имаат 56 856 избирачи. Во скопската општина Аеродором во вториот круг противкандидати се Дејан Митески поддржан од ВМРО-ДПМНЕ кој во првиот круг од изборите доби 16 357 гласови, и Александар Трајановски од СДСМ со 6 881 глас. Во оваа скопска општина право на глас имаат 68 772 избирачи. Во Центар Мирослав Лабудовиќ од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, кој во првиот круг од изборите освои 5 707 гласови и Горан Герасимовски поддржан од коалицијата на СДСМ, кој освои 8 535 гласови. Тука треба да гласаат 44 109 гласачи. Противкандидати во вториот круг од Локалните избори во Шуто Оризари се Ерџан Демир поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кој во првиот круг од изборите освои 1 841 глас и Курто Дудуш од Унија на Ромите со 3 223 гласови. Таму, според Избирачки список, гласаат 23 893 избирачи. Втор круг на гласање на 2 ноември ќе има и во Боговиње, каде во вториот круг на изборите се Бесник Емши од НАИ и Фети Абази од Влен. Право на глас во оваа општина имаат 29 088 избирачи. Во Брвеница во изборна трка за градоначалник се влезени Хаќим Рамадани од Влен и Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Таму гласаат 16 150 избирачи. Во Општина Валандово ќе се гласа за Перо Костадинов од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Ѓоко Камчев од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ, а во Избирачки список се запишани 9 846 избирачи. Во Виница за Гоце Милевски од СДСМ и Митко Костадиновски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ ќе може да гласаат 17 060 гласачи запишани во Избирачкиот список. Во Дебар во недела ќе се гласа за Фисник Меља од Коалицијата ВЛЕН и Рамадан Имери од Група избирачи. Во Избирачкиот список се запишани 19 763 гласачи. Во Општина Дебрца противкандидати се Златко Силјановски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Ногачески од Група избирачи, а право на глас имаат 3 937 избирачи. Во Демир Капија ќе се гласа за Лазар Петров од Коалицијата поддржана СДСМ и за Борчо Коцев од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Таму гласаат 3 186 избирачи. Во Кичево, каде што во Избирачкиот список се запишани 51 016 гласачи, „изборната битка“ ја водат Фатмир Дехари од НАИ и Александар Јовановски од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во Конче ќе се гласа за Благој Илиев од Коалицијата предводена од СДСМ и Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ. Таму гласаат 2716 гласачи. Во Кочани во изборната трка се Влатко Грозданов од поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Венко Кртевски од Група избирачи. Тука, право на глас имаат 32 503 гласачи. Во Општина Крушево – за Томе Христовски од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Нико Чонески од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ право на глас имаат 7 774 гласачи. Во Општина Куманово94 041 гласачи ќе можат да изберат помеѓу Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и Горан Стојковски-Диро од Група избирачи. Во Општина Лозово во трка за градоначалничкото место се Ацо Велковски од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Бошко Цветковски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. На Избирачкиот список има запишано 1 905 гласачи. Во Општина Македонска Каменица кандидати во вториот круг се Соња Стаменкова од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Димчо Атанасоски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ за кои ќе можат да гласаат 6 650 гласачи. Во Општина Македонски Брод – Жарко Ристески од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ и Милосим Војнески од Група избирачи ќе се обидат да ги освојат гласовите на 4 835 гласачи. Во Општина Могила за Драганчо Саботковски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Пивковски од Група избирачи ќе можат да гласаат 4 671 гласач. Во Општина Неготино двајцата кандидати се Петар Мантев од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Марија Нацева од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. На Избирачкиот список се запишани 15 920 гласачи. Во Општина Пробиштип – 12 251 гласачи ќе бираат помеѓу Драган Атанасов од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Тони Тоневски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Во Општина Ранковце – Даниел Крстевски од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Даниел Павловски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ ќе се обидат да ги добијат гласовите од 2 921 гласач. Во Општина Росоман ќе се гласа за Стојан Николов од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Ѓорѓи Крстевски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. На Избирачкиот список се запишани 3 297 гласачи. Во Општина Струга ќе се води градоначалничката трка помеѓу Арсим Даљипи од НАИ и Менди Ќура од Група избирачи, каде што се запишани 62 711 гласачи. Во Општина Студеничани – Ејуп Абази од НАИ и Азем Садики од Група избирачи ќе се борат за гласовите на 17 946 гласачи од Избирачкиот список. Во Општина Тетово ќе се гласа помеѓу Бајрам Реџепи од НАИ и Биљал Касами од Коалицијата Вреди. Тука право на глас имаат 87 878 гласачи. Во Општина Чешиново Облешево – Горанчо Крстев од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Јорданче Костадинов од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ ќе се обидат да ја освојат довербата на 5 068 гласачи. Во Општина Чучер Сандево ќе се гласа помеѓу Сашко Комненовиќ од Коалицијата локални избори 2025 СДСМ и Зоран Бајовски од Коалицијата Твоја Македонија ВМРО-ДПМНЕ. Тука, право на глас имаат 8 854 гласачи. Во четирите општини за избор на градоначалник каде што беше констатирано дека нема цензус од минимум една третина излезеност на гласачите - Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, ќе има нова изборна постапка за избор на градоначалници која ќе почне по завршувањето на локалните избори, односно по објавувањето на конечните резултати од локалните избори.Тагови: ДИК локални избори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28