Почнува Богородичниот пост

 За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица.

Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.

По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на благденот Успение на Пресвета Богородица (15/28 август).

Сигурни сведоштва за оформувањето на Богородичниот пост најнапред наоѓаме во списите на Теодор Студит (IX век), а тој е конечно утврден од Светата Црква на Цариградскиот собор во 1166 година, иако верните уште многу векови порано пребивале во пост исчекувајќи го денот посветен на Успението на Богородица.

И покрај постоењето на ориентирни правила во однос на позволените и забранети продукти за исхрана, никогаш не смее да се заборави дека сржта на православната антропологија е во тоа дека од човекот не треба да се стори проста маса, туку секој е и треба да остане конкретна личност, Оттаму, „строгоста" на личното применување на физичката страна на постот зависи од личносниот совет од духовниот отец кон своето духовно чедо.

Константата, пак, која треба да се следи во секој повеќедневен пост, а која никако не се „разблажнува" е духовната страна на постењето. Духовниот пост секогаш подразбира одрекување од сите облици на грешни и зли мисли, желби и дела, додека телесниот пост е само неопходно помошно средство за успешна духовна борба против страстите.

Денот на празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, 28 август, е неработен за граѓаните од православна исповед во земјава.

РСБСП: Неколку факти зошто велосипедистите треба да носат заштитен шлем

Според податоците на релевантни меѓународни организации, на светско ниво, 2% од загинатите лица во сообраќајни незгоди се велосипедисти,  а најчести смртоносни повреди кај велосипедистите се повредите на глава. 

Кај нас во просек годишно десетина велосипедисти го губат животот во сообраќајни незгоди.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, велосипедист кога учествува во сообраќај треба да носи заштитен шлем односно кацига, но законот не предвидува никаква санкција доколку велосипедистот не користи заштитен шлем односно кацига. Една од причините зошто законот не предвидува задолжително користење на заштитна кацига е фактот што голем број на велосипедисти, а исто така и Европската велосипедска федерација сметаат дека доколку користењето на заштитна кацига е задолжително и доколку не користењето на заштитна кацига се санкционира, тогаш значително ќе се намали бројот на лица кои користат велосипед како сообраќајно превозно средство и на тој начин ќе се изгубат сите придобивки кои ги носи користењето на велосипедот како превозно средство.

Согласно наведеното, дали ќе користи кацига или не, одлуката ја носи самиот велосипедист. РСБСП со информации и практични совети зошто е добро велосипедистите да носат соодветна опрема, пред се заштитна кацига и како правилно истата да ја користат:

Заштита од повреда на главата

Според меѓународни истражувања, при сообраќајна незгода со велосипед од 22% до 47% од велосипедистите се здобиваат со повреди на главата.

75% од загинатите велосипедисти во сообраќајни незгоди се поради здобиени повреди на глава.

Заштита од надворешни временски влијанија

Заштитната кацига ја штити главата од директна изложеност на сонце и во случај на дожд не дозволува дождот да се слева кон очите, со што се подобрува видливоста кај велосипедистот.

Видливост

Една од причините поради коишто страдаат велосипедистите во сообраќајот е тоа што возачите не ги забележуваат навремено велосипедистите. Со носењето на заштитна кацига со светла боја и рефлектирачка површина видливоста на велосипедистот е многу поголема.

Правилна употреба

За да овозможи адекватна заштита кацигата треба да биде користена на правилен начин. Најважни правила за соодветна употреба на кацигата се:

Да се користи соодветна димензија (големина) на кацигата. Кацигата не смее да стега, ниту премногу да биде лабава за да овозможи максимална заштита.

Позиционирањето на кацигата во предниот дел треба да биде два прста над очите, кацигата несмее да биде прениско поставена за да не го намалува видното поле на велосипедистот.

Кацигата секогаш мора да биде цврсто врзана за долната вилица, бидејќи при незгода ако не е врзана може да падне од главата и да ја изгуби функцијата.

Поразителна статистика

На светско ниво застрашувачки 97% од загинатите велосипедисти во сообраќајни незгоди не носеле заштитна кацига.

Користете сертифицирана кацига

Користењето на сертифицирана кацига за велосипедисти, наспроти не сертифицирана го намалува ризикот од повреда на главата за 7 пати.

РСБСП со апел: Биди одговорен велосипедист, почитувај ги правилата и прописите во сообраќајот и редовно користи заштитен шлем!

ВОЗИВЕЛОСИПЕД! #НОСИКАЦИГА! #ЕВРОПСКАНЕДЕЛАНАМОБИЛНОСТ2020!

Седница на Владата, на дневен ред информација за откуп на грозјето и за исплата на пензии

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи петтата седница, информира владината прес-служба.

На седницата, на предлог на Министерството за економија ќе биде разгледан Предлог-законот за општа безбедност на производите.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на дневен ред за разгледување е и Информацијата за состојбата на откупот на грозје од реколтата 2020, како и Информацијата за исплата на пензии, за септември 2020 година, подготвена од Министерството за труд и социјална политика.

Попладне пристигнува есента

Попладне во 15:30 часот на северната хемисфера по средноевропско време пристигнува есента. Есента ќе трае 91 ден и ќе заврши на 21 декември кога ќе настапи зимата.

На првиот ден од есента синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во западните делови ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд и ретки грмежи. Температурите ќе бидат во интервал од 24 до 30 степени.

И додека на северната хемисфера настапува есента, на јужната хемисфера почнува пролетта.

притисни ентер