Врвни сликарски имиња од земјава, но и од Грција, Бугарија, Словенија, Србија, Полска, Франција, Шведска..., ќе творат на тема „Заедничките вредности помеѓу народите на Балканот како мост за развој на меѓусебното пријателство, почитта и разбирањето“.
Свое обраќање на отворањето ќе има истакнатата француска уметничка со виетнамско потекло, Ми – Ан Хо, по што ќе следува камерен концерт за учесниците и пријателите на колонијата, на регионалната музичка ѕвезда, Жељко Самарџиќ и македонската поп икона, Драган Мијалковски.
Меѓународната колонија „Вевчански видувања“ се одржува од 2010 година во ресторанот „Виа Игнација“, а уметниците имаат можност од повеќе локации да ги преточат убавините на Вевчани на платно.
На оваа реномирана културно-уметничка манфестација досега имаат учествувано над 200 еминентни ликовни уметници од Македонија и светот. /МИА