Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
2Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
КултураПочнува 53. МТФ „Војдан Чернодрински“ Со претставата „Ничија земја“ на Македонскиот народен театар и со доделување на наградите за животно дело, вечер во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворен 53. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.До 15 јуни на сцените на Домот на културата и во Народниот театар „Војдан Чернодрински“, публиката ќе има можност да проследи 12 претстави на македонските театарски куќи во официјалната, натпреварувачка програма, и уште пет претстави во придружната програма, како и две трибини на актуелни теми. Добитници на наградите за животно дело годинава се актерот Петар Арсовски и композиторот Љупчо Константинов и ќе им бидат врачени вечер од 20 часот на свеченото отворање на фестивалот. Во официјалната конкуренција за награди се претставите: „Ничија земја“ од Данис Тановиќ во режија на Александар Морфов на Македонскиот народен театар; „Доктор Фауст“ од Кристофер Марлоу во режија на Андраш Урбан на Народниот театар Битола; „Клетници“ од Виктор Иго во режија на Мартин Кочовски на Прилепскиот театар; „Еднаш свет изградив“ според „Сидарта“ од Херман Хесе во режија на Јане Спасиќ на Театарот за деца и младинци; „Царот Владислав“ од Борис Јанков во режија на Бранко Ставрев на Струмичкиот театар; „Крал Лир“ од Шекспир во режија на Диего де Бреа на Турски театар-Скопје; „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза во режија на Нела Витошевиќ на Штипскиот театар; „Дони Дарк“ од Леонид Герш во режија на Роберт Ристов на Театар Комедија; „Жените“ од Роберт Томас во режија на Ќендрим Ријани на Албански театар-Скопје, „Тоалет за дами“ од Родолфо Сантана во режија на Дејан Дамјановски на Велешкиот театар; „Лет над кукавичјото гнездо“ од Дејл Васерман и Кен Киси во режија на Ристо Алексовски на Драмски театар-Скопје и „Ужегнатост“ од Иван Вискочил во режија на Владимир Милчин на Независната театарска група „Артопија“ од Скопје. За наградите ќе одлучува фестивалското жири во состав: Мими Таневска, професор и актер; Драган Спасов-Дац актер и Јасна Новаков, театролог од Белград. Наградите за најдобрите остварувања и статуетката на Војдан Чернодрински за најдобра претстава во целина ќе бидат доделени на 15 јуни на затворањето на 53. МТФ „Војдан Чернодрински“, а во чест на наградените Театар Комедија ќе ја изведе претставата „Не сега, драга“. Во рамки на фестивалот ќе има и две трибини - „Театарската критика денес“ и „Местото и улогата на драматургот во театрите во Македонија“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија - 4 милијарди евра за само две годиниСе потврди тоа што СДСМ го говори последните три месеци - пари во буџетот нема.Мицкоски повторно ја задолжува Македонија. Ново задолжување од 1,3 милијарди евра усвоила Владата на седница. Со ова ново задолжување, вкупно, за само две години, оваа Влада ја задолжи државата со 4 милијарди евра. Мицкоски за две години направи 30 проценти од вкупниот јавен долг од независноста на Македонија до денес. Но каде одат парите? Сите пари одат во криминални партиски тендери. Како што најавуваме со месеци - во буџетот нема пари. Касата е празна. Затоа сега Мицкоски прави ново задолжување од 1,3 милијарди и го зголемува веќе постоечкиот долг од 2,5 милијарди на 4 милијарди евра. Недели наназад владата на Мицкоски се задолжуваше со десетици и стотици милиони евра седмично. Ова не е запаметено во Македонија. Буџетскиот дефицит постојано надминува 4 % од БДП – што е незаконски, бидејќи Законот за буџети предвидува максимум 3 %. Буџетот денес е околу 7 милијарди евра - двојно повеќе од 3,5 милијарди во 2017 а ништо двојно подобро не се случило. Од нешто прават ништо. Минималните трошоци за четиричлено семејство пораснаа за 9.000 денари за 2 години, а минималната плата само за 3.500 денари. Работниците со минимална плата живеат полошо. Што прави Мицкоски? Одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра и повторно се обидува да ја обвини претходната влада за долгови од минатото. Секоја влада од основањето на Македонија користела кредити - тоа е нормална работа. Но ниту една влада не направила вакво нешто. Со Мицкоски кредитите имаат само една намена: испумпување пари од буџетот за партиски криминални тендери и полнење приватни џебови. Еден од показателите: сите претходни влади го плаќале долгот. Дури и по големата светска криза, по пандемиската криза по ковид, по почетокот на војната во Украина и енергетската криза - владата плаќаше 120 милиони евра камати. Денес оваа Влада плаќа 350 милиони евра камати. Мицкоски ги задолжи генерациите. Ги задолжи сите што доаѓаат. Да имаше една добра работа што ја направија, еден сериозен проект или подобрување на економијата - можеби ќе можеа да зборуваат. Но нема. Не само што нема проект - нема пари за граѓаните. Нема пари за мерки, нема пари за повисоки плати нема пари за пензии. Дури сакаат да го национализираат вториот столб. Не ја покачија минималната плата на 600 евра. Не воведоа ниту една мерка што би го запрела огромниот раст на цените - штитеа само одредени трговци заради раст на нивниот профит. Цените отидоа до плафон. Семејствата одвај крпат крај со крај. Младите немаат можност за нормален живот. Ова е реалноста. Ова е цената што граѓаните ја плаќаат поради криминалните политики на Владата на Мицкоски. Доаѓа време кога оваа криминална група ќе одговара, а парите ќе им бидат вратени на граѓаните на Македонија. Народот ќе победи. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛефков: Талогот на СДС и Филипче за дата центрите се најде на иста линија со Кина, а против САД Венко Филипче кој има главна улога во талогот на општеството заедно со неговото раководство во СДС ширејќи лаги и хистерија во јавноста за дата центрите се најде на иста линија со Кина, а против САД кои се стратешки партнер на Македонија.И во САД има обиди за креирање на јавно мислење против изградба на дата центри. Според натписи од американските медиуми истите информации против индустријата со дата центри се шират организирано од голем број на профили од Кина. И овие профили на социјалните мрежи организирани од Кина се на иста линија со Филипче или Филипче е на иста линија со нив. И ставот на Кина е разбирлив затоа што САД со дата центрите и се најголем конкурент. Но, ставот на Филипче не е за разбирање. Зошто? Затоа што покрај наводната грижа која Филипче ја изразува од евентуално зголемено трошење електрична енергија и штетно влијание на водите во државата, тој вчера посочи дека граѓаните нема да видат никаква добивка од дата центрите. Зарем Филипче мисли дека од развиена индустрија граѓаните немаат добивка? Зарем Филипче мисли дека национален дата центар во кој ќе се чуваат податоци на граѓаните и на државата не се придобивка? Талогот на СДС и Филипче покажуваат само едно грижа за сопствени интереси, но не и интереси за подобар живот на граѓаните. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07
МакедонијаПретрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишени од слобода три лицаНа 01.09.2026 во 15:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Х.А.(28) од Радовиш, Д.П.(22) од с.Злеово, радовишко и Ј.П.(26) од село Подареш, радовишко. При претрес во домот на Х.А, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана, за која во службен разговор изјавил дека во неговиот дом претходно ја однеле Д.П. и Ј.П.. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Радовиш Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07