Почнува 17. издание на фестивалот „Актерот на Европа" - Канал 5

Почнува 17. издание на фестивалот „Актерот на Европа"

Со врачување на престижното признание „Актерот на Европа" за 2019 година на португалската театарска и филмска актерка Мариа До Сеу Гера , ќе почне 17. издание на Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа".

Почнува 17. издание на фестивалот „Актерот на Европа"

Со врачување на престижното признание „Актерот на Европа" за 2019 година на Португалската театарска и филмска актерка Мариа До Сеу Гера и основач на култниот театар Барака од Лисабон и наградата „Клучевите на Преспа" на Агим Пољоска од Македонија и Захари Иванов од Бугарија вечер во ресенскиот амфитеатар ќе почне 17. издание на Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа".

На манифестацијата ќе бидат прогласени и добитниците на повелбата „Балканот – Срцето на Европа" на Стојан Андов од Македонија, Ставрос Ѕимас од Грција и Кјутим Чашку од Албанија.

По официјалното отворање на фестивалот и поздравните обраќања на градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски, почесниот претседател на фестивалот Бранислав Мичуновиќ-Жага, претседателот на жирито Мето Јовановски, претседателот на фестивалот Јордан Плевнеш, предвидено е да биде прикажана проекција од специјалниот документарен филм со сите нејзини театарски и филмски креации на годинашниот лауреат на „Актерот на Европа", Мариа До Сеу Гера

Во рамки на натпреварчувачкиот дел ќе бидат прикажани претставите „Шеги на љубовта", од Антон Павлович Чехов на сатиричен театар „Алеко Константинов” Софија, „Смрт и девојка" од Ариел Дорфман на Црногорскиот народен театар од Подгорица, „Симедеја или човечки глас" по мотиви од текст на Жак Кокто, а во режија и изведба на Фадиљ Хисај од Косово, „ЗОО Приказна" на Едвард Олби во изведба на Здравко Стојмиров од Македонија, „Пауна" по текст на Мирјанка Р. Селчанец, а во изведба на Сара Марковска и „Со што, со кого во ЕУ" на Драган Тешиќ и Драфт театар од Тузла (БиХ).

Фестивалот завршува на 11 јули со прогласување на победниците и врачување на наградите за најдобрите театарски достигнувања на годинашното издание.

Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа" беше востановен пред 11 години кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското Езеро за меѓуграничен европски парк меѓу Македонија, Грција и Албанија. Група европски и македонски интелектуалци го покренаа Интернационалниот театарски фестивал, на бреговите на Преспанското Езеро, кој секоја година ќе го слави како голем подвижник на историјата, „Неговото величество актерот".

По оваа оригиналност „Актерот на Европа" го препознаваат насекаде во светот величествените европски имиња како Љуба Тадиќ, Брус Мејерс, Раде Шербеџија, Ана Патерсон, Милена Зупанчич, Јон Карамитру, Зијах Соколовиќ, Костас Гакидес, Ирина Евдокомова, Димитри Орготска…

Фестивалот на кој до сега се видени околу 200 претстави од скоро сите европски земји, се одржува во организација на „Езеро без граници", Општина Ресен и Универзитетот за аудиовизуелни уметности./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44).

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи.

Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана.

Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. 

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење.

Актерка сподели снимка од прославата

Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент.

„А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото.

Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење.

Вучиќ го призна поразот

За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто.

Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Заостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. 

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер