МакедонијаПочнаа подготовките за Велигден – на пазарите и во маркетите раздвиженоВо пресрет на Велигден, кога традиционално се зголемува потрошувачката, цените на основните прехранбени производи се повторно во фокусот. На зелените пазари, денеска јајцата, симболот на Велигден, се продаваа по околу 350 денари за табла. Очекувањата на граѓаните се насочени кон Владата- дали и какви мерки ќе преземе за да го ублажи ударот врз домашниот буџет. Дел од граѓаните велат дека времето притиска, односно Велигден е на прагот а мерките допрва се најавуваат. Од друга страна велат, секој денар се брои, а наместо полни торби како порано, се почесто се купува само основното. Други пак со надеж дека празничната трпеза нема да стане луксуз, туку ќе остане традиција достапна за сите. Расте и цената на јагнешкото. Во моментов во месарниците килограм јагнешјо месо се продава за 680 денари. Граѓаните валат, некогаш јагнешкото беше неизоставен дел од празникот, а сега ретко кој може да си го дозволи. Меѓу опциите за намалување на цените на производите, е и замрзнување на трговските маржи, при што одмрзнувањето би се вршело постепено за да се избегнат ценовни шокови. Какви се последиците од досегашнато зголемување на цените на горивата, ќе се знае утре, за кога ДЗС најави податоци за инфлацијата во март. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи додека Бугарија го загрозува државниот интересОбјавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија е скандал без преседан и директен удар врз безбедноста и достоинството на Македонија. Тоа е сериозен дипломатски скандал и чин кој отвора низа прашања за одговорноста, професионалноста и почитувањето на меѓудржавните односи. Бугарското МНР тврди дека документот е за далечното минато, но без разлика на обидите на бугарското Министерство за надворешни работи да го релативизира случајот со тврдења дека станува збор за информации од подалечно минато, останува фактот дека во објавената нота се содржани конкретни податоци. Токму тоа е суштината на проблемот. Не е прашање дали информациите се од вчера или од пред одреден период, туку како доверлив дипломатски документ, кој содржи чувствителни безбедносни информации, завршил во јавноста. Доколку податоците не биле точни, тогаш бугарските власти ќе можеа лесно и недвосмислено да го демантираат нивниот карактер и значење. Наместо извинување, тие се обидуваат вниманието да го префрлат на временската рамка на настаните, избегнувајќи да одговорат на клучното прашање зошто воопшто биле објавени информации што биле дел од доверлива дипломатска комуникација. Бугарија се изјасни но Венко Филипче се уште молчи. Филипче секојдневно зборува за европски вредности, добрососедство и партнерство, но сега молчи и нема ниту еден збор за дипломатскиот преседан што го направи Бугарија. Нема реакција ниту за нарушувањето на довербата меѓу две држави, ниту за објавувањето на чувствителни информации кои не требало да бидат достапни за јавноста. Филипче молчи за да не му се налутат бугарските соработници. Филипче и СДС молчат и тоа е познат образец на однесување секогаш кога станува збор за потези кои доаѓаат од официјална Софија. Филипче и СДС се гласни дома а тивки кога треба да се упати критика кон Бугарија. Со тоа Филипче и СДС испраќаат порака на подготвеност за премолчување на постапки кои се спротивни на интересите на Македонија. Овој случај е доказ дека на европскиот пат Македонија ќе се соочува со бројни предизвици, притисоци и обиди за наметнување на туѓи позиции. Токму затоа е потребно национално единство и јасна одбрана на државните интереси. Овој скандал уште еднаш покажа кој е подготвен да ја брани Македонија, а кој е подготвен да молчи кога државата е нападната. Македонија нема да се повлекува и нема да прифаќа понижувања. Националните интереси не се предмет на пазарење. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Балкан5,33 евра награда за килограм опасна уловената риба во Грција 5,33 евра грчката влада ќе им исплаќа на грчките рибари за уловен за килограм за морската риба Лагоцепахалус, позната како риба зајак.Рибата прави голема штета на рибарите, односно поради силните заби ги оштетува рибарските мрежи, јадиците и другата опрема. Рибата во 2005 првпат била откриена кај Родос и Крит, дошла од Суецкиот канал и Црвеното Море, сака потопла вода, а со зголемувањето на температурата на морето, многу брзо се шири. Во наградата не се вклучени трошоците за ладење и уништување на рибите, што ќе ги покриваат локалните власти. „Сакам да истакнам дека ова е првпат во Грција да се воведе ваква мерка, но ја спроведува министерството за земјоделство и храна во рамките на ограничените можности со кои располага. Мојата амбиција е оваа пилот-програма во иднина да се прошири и да ги опфати сите грчки мориња, во рамките на поширокиот еколошки пристап за заштита на морската средина“, објасни министерот за земјоделство Схинас.Тагови: грција риба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе финализираат измените на изборниот законик, велат од министерството за правдаСе финализираат измените на изборниот законик, а на вчерашната средба на работната група биле разгледани преостаните отворени прашања, во насока на исполнување на препораките на ОБСЕ и Одихр, информираа од министерството за правда.Членовите на работната група размениле мислења по доставените предлози од политичките партии, при што било констатирано дека значителен дел од решенијата се усогласени и има висок степен на консензус. Политичките партии во текот на денешниот ден по електронски пат треба да се произјаснат за одредени предлози по што се очекува да се подготви законското решение кое ќе произлегува од усогласените решенија и ќе се достави во понатамошна процедура, информираа од правда.Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook