Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
СветПочна судењето на „Граѓаните на Рајхот“, кои планирале нацистички преврат во Германија Заговорници за државен удар во Германија вклучувал членови на аристократијата, голем арсенал оружје и верување дека смртта на британската кралица Елизабета Втора е всушност таен сигнал за акција.Како што пренесува „Би-Би-Си“, во тек се судењата на групата „Граѓаните на Рајхот“, а нивните водачи допрва треба да се појават пред судиите. Заговорниците смислиле план за насилно соборување на германската влада. Инспекторите тврдат дека теоретичарите на заговор верувале дека земјата треба да биде управувана од „длабоката држава“. За денеска во Франкфурт било закажано рочиште, кое е дел од најважното од трите судења по серијата рации што беа спроведени низ Германија во 2022 година. Случајот се смета за многу значаен поради неговата големина и потенцијалните сознанија што може да ги даде во екстремно десничарските мрежи. „Граѓаните на Рајхот“ претставува група која ја негира легитимноста на модерната германска држава, тврдејќи дека таа е основана од сојузничките сили по Втората светска војна. German group accused of plotting coup go on trial https://t.co/af6SZ3tb3w — BBC News (UK) (@BBCNews) May 21, 2024 Домашното разузнавање проценува дека околу 23.000 луѓе припаѓаат на движењето, кое се залага за антисемитски ставови и има „висок афинитет за оружје“. „Граѓаните на Рајхот“ планирале да упаднат во националниот парламент, Бундестагот и да ги уапсат пратениците на таканаречениот „Ден Х“. Во обвинението се наведува и дека групата имала дискусија за тоа дали смртта на британската кралица Елизабета Втора била таен сигнал или поттик за акција. Germany far-right 'Reichsbürger' coup plot trial begins. The self-declared Prince Heinrich XIII, a judge and ex-military officers allegedly planned to violently topple the German government.https://t.co/SmFldhbTbK — euronews (@euronews) May 21, 2024 На судењето големо внимание ќе привлече Хајнрих XIII, принцот од Ројс, поранешен магнат за недвижности од Франкфурт, кој е наследник на познато германско аристократско семејство. Седумдесет и двегодишникот одржувал состаноци на „централниот совет“ во својот дом на истокот на земјата, а требало да биде поставен за шеф на државата по извршувањето на државниот удар. Според обвинението, тој е одговорен за мировните преговори со сојузниците - го посетил рускиот конзулат во Лајпциг, како дел од напорите да воспостави контакт со властите во Москва. На судењето ќе се појави и поранешната судијка и пратеничка на екстремната десница Алтернатива за Германија (АфД), Бригит Малсак-Винкеман. Обвинителството тврди дека таа го користела нејзиниот пристап до парламентот за да ги „прошверцува“ заговорниците во забранета област, а била одговорна и за правосудниот сектор во „централниот совет“ на заговорниците. Планот на „Граѓаните на Рајхот“ бил да ги реорганизираат политичките структури во Германија и да ги преземат институциите на федерално и локално ниво. Тие биле свесни дека за државен удар ќе биде неопходно крвопролевање. „Централниот совет“ требало да ја има главната улога во владата, додека „военото крило“, составено од 286 единици, требало да биде задолжено за одржување на јавниот ред и мир. Групата имала пристап до голем арсенал оружје, вклучувајќи муниција и друга воена опрема. Имале буџет од околу половина милион евра. Со текот на времето, членовите на групата биле сѐ повеќе изолирани од надворешниот свет. Јан Ратје, виш истражувач во ЦеМАС, агенција која го истражува екстремизмот, тврди дека заговорничкото, суверенистичко движење можеби е резултат на поранешните нацисти за повторно формирање на националсоцијалистичкиот германски Рајх. „Граѓаните на Рајхот се насилна, екстремно десничарска група која е опасно потценета. Луѓето секогаш мислат дека се луди луѓе кои пишуваат луди писма до владата“, вели Ратје и продолжува: „Дури и да не им успеат плановите, може да има сериозни последици.“ Поради големината, судењето на заговорниците ќе се одржи во три града - Штутгарт, Франкфурт и Минхен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: „One Stop Shop“ ќе ги доближи Македонија и Албанија и ќе го поттикне туризмот„За мене претставува огромна чест што мојот драг пријател и колега, претседателот на Владата на Албанија, г. Еди Рама, е денеска овде со мене.Би сакал на самиот почеток на овој денешен значаен настан за двете земји, на нашите сограѓани Албанци, но и генерално на Албанците, да го честитам Денот на албанската азбука — ден којшто за мултиетничка држава како што е нашата значи многу и додава вредност во кохезијата којашто ја имаме во нашето општество. Нека е честит денот и нека е со многу успеси и за арно да е. Сега би сакал да кажам неколку збора за самиот денешен настан. За нас претставува задоволство што можеме да го отпочнеме овој начин на соработка помеѓу двете земји, помеѓу Албанија и Македонија, бидејќи „One stop shop“ системот ќе го олесни транспортот на патници. Слушнавте, неколку милиони годишно го поминуваат овој граничен премин, а на тој начин дополнително ќе ги доближи и онака блиските две земји, Македонија и Албанија. Очекувам овој начин на комуникација да продолжи и на другите гранични премини коишто ги имаме со нашиот западен сосед, Албанија, и на тој начин дополнително да ги зголемиме врските помеѓу граѓаните од двете страни на границата. А исто така, беше кажано при оној воведен дел, презентацијата како сето ова ќе функционира, „One stop shop“ системот ќе додаде вредност и во делот што значи зголемување на туризмот и туристичкиот потенцијал коишто го имаат двете земји. Кога зборувам за двете земји, тука мислам на Охридското крајбрежје, Охрид и Струга, како и останатите општини кои гравитираат, и секако морето во Албанија. Би сакал на крај да му се заблагодарам на министерот за внатрешни работи, на колегите од Владата, на вработените од МВР, царината и сите оние коишто беа вклучени во реализацијата на овој проект, и би сакал да изразам голема благодарност до мојот голем пријател, претседателот на Владата на Албанија, г. Еди Рама, за неговата лична поддршка што ја даде да ова денеска стане реалност.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Драма по финалето на Копа Судамерикана: Фудбалер на Бока се онесвести среде интервју! Фудбалерот на Бока Јуниорс, аргентинскиот репрезенативец, Леандро Паредес, се онесвести додека даваше изјава по победата над Атлетико Минеиро (2:0) во финалето на Копа Судамерикана.Аргентинскиот репрезентативец разговараше со новинар од телевизијата „DSports“ кога одеднаш му се слоши, по што ја изгуби свеста и падна на земја. Новинарот се обиде да го задржи, но не успеа, па присутните веднаш притрчаа да му помогнат на 32-годишниот играч за врска. Паредес имаше потешкотии и за време на натпреварот поради високата температура и влажноста во Баранкиља, Колумбија, поради што во 58-мата минута побара да биде заменет. Откако му беше укажана медицинска помош, капитенот на „Бока“ дојде при свест и замина во соблекувалната, а потоа, според аргентинските медиуми, беше пренесен во болница на дополнителни прегледи. https://www.instagram.com/reel/DgCMIY8oLlc/?utm_source=ig_embed Според првичните информации, причина за губењето на свеста би можел да биде пад на крвниот притисок предизвикан од исцрпеност и високи температури. Инаку, со победата над бразилскиот претставник, „Бока“ го освои својот прв голем континентален трофеј по 18 години. https://www.instagram.com/reel/DgBwjzDB4cS/?utm_source=ig_embedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАИсториски меч за Виктор Вембањама во НБАЅвездата на Сан Антонио, Французинот Виктор Вембањама испиша историја во НБА во текот на ноќта меѓу саботата и неделата.Францускиот кошаркар Виктор Вембањама одигра фантастичен натпревар против Њу Орлеанс во ноќта меѓу саботата и неделата, при што забележа 50 поени, 18 скока, 4 украдени топки и 5 блокади! Тој стана првиот играч во историјата на НБА со ваква статистика, а ова „чудо“ од Франција е главна вест на речиси сите светски портали. Вембањама им се придружи на Вилт Чемберлен, Ентони Дејвис и Боб Мекаду како четвртиот играч во историјата кој имал повеќе од еден натпревар со најмалку 50 поени, 15 скока и 5 блокади. Како што веќе известивме, ова е првпат по 53 години некој да оствари 4 украдени топки и 5 блокади на еден НБА натпревар, покрај 50 поени и 15 скока. VICTOR WEMBANYAMA BECOMES THE FIRST PLAYER SINCE 1973-74 TO RECORD 50+ PTS, 15+ REB, 4+ STL AND 5+ BLK IN A GAME! 🤯 50 PTS 🤯 18 REB 🤯 5 BLK 🤯 4 STL 🤯 5 3PM 🤯 32 MIN SPURS WIN THEIR 14TH IN 15 GAMES. https://t.co/lPKk3jYNjL — NBA (@NBA) November 22, 2026 Ова е вторпат во ноември Вембањама да постигне 50 поени на еден натпревар, бидејќи на 4 ноември против Далас тој веќе имаше 52 поени и 24 скока! Тогаш тој стана првиот играч по Боб Мекаду кој остварил 50 поени и 20 скока на еден НБА натпревар. Како играч на Бафало Брејвс (претходникот на ЛА Клиперс), Мекаду имаше 52 поени, 22 скока и 7 блокади!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter