Почна судењето на Германка , која заминала во џихад и го принудила 6- годишниот син да стане војник на ИД - Канал 5

Почна судењето на Германка , која заминала во џихад и го принудила 6- годишниот син да стане војник на ИД

Мајка на три деца од гермаснкиот град Оберхаузен заминала во Сирија и станала член на  Исламска држава додека сопругот , Германец, бил на службено патување .

Почна судењето на Германка , која заминала во џихад и го принудила 6- годишниот син да стане војник на ИД

Шестгодишниот син, кој подоцна починал, бил обучуван како дете војник. Во Дизелдорф денеска започна судскиот процес, пишува Дојче веле.

Според обвинението, Карла-Џозефин С. го дала шестгодишниот син во рацете на верската полиција, кои требало да го направат војник. Малиот Хамза загинал во ракетен напад во 2018 година во Сирија.

Ова е само едно од обвиненијата против оваа жена, која пред пет години, против волјата на нејзиниот сопруг, кој во тоа време бил на службено патување, тајно ги спакувала работите и заминала во Сирија со трите мали деца за да им се придружи на терористите на ИД. Државниот обвинител ја смета 32-годишната Германка за терорист на ИД. Смета поради фактот дека со своите три деца, на возраст од три, шест и седум години, ги киднапирала , а во случајот со малиот Хамза, киднапирањето имало фатални последици.

Списокот на обвиненија е долг: Карла-Џозефин се приклучила на единицата на ИД каде веднаш станала терорист. Секој од овие терористи во секое време носел рачна граната за да може да ја активира во случај на апсење. Предавањето на нејзиниот син во рацете на воените инструктори кои требало да го обучуваат за да стане дете војник, од страна на обвинителството се третира како воено злосторство. Таа ги присилила своите деца да спијат на места што се наоѓале на удар на непријателската артилерија. Мајката ги натерала нејзините деца да ги гледаат јавните егзекуциите заедно со неа. Жената се соочува со затворска казна до 15 години.

Карла-Џозефин е една од првите членки на ИД која е префрлена од Сирија во Германија пред нешто повеќе од една година. Откако слета во Штутгарт, таа веднаш беше уапсена по наредба на Јавното обвинителство во Диселдорф. По некое време, истрагата ја презеде Сојузното државно побвинителство, кое постапува во кривични дела против уставниот поредок на Германија, вклучително и тероризам.

Во Сирија, обвинетата повторно се омажила со борец на ИД, кој подоцна загинал. Министерството за надворешни работи соопшти дека по падот на ИД, има германски државјани и приведени во разни затвори во северна Сирија, главно под курдска власт. Уште околу 50 германски државјани се во Сирија. Бројот на деца се проценува на 170. Вишиот суд во Дизелдорф верува дека пресудата може да се донесе по 11 рочишта, пренесува Дојче веле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хитлер Мусолини е избран за градоначалник во Перу

Хитлер Мусолини Симеон Флорес е новиот градоначалник на перуанскиот град Керопалка.

Хитлер Мусолини е избран за градоначалник во Перу

Кандидатот на централно-левичарската партија Ахора Насион освои 34 проценти од гласовите, пишува Политико. Според извештаите на локалните медиуми, разликата меѓу првите тројца кандидати била само 42 гласа. Неговата кандидатура не дава многу детали, ниту објаснување за необичното име. Постои само информација дека Симеон Сак управува со инвестициската група.

И други политичари со името Хитлер

Ова не е прв пат политичар со тоа име да се појави на избори. Во Перу во 2018 година, Хитлер Гесклин Алба Санчез го победи Ленин Владимир Родригез Валверде на изборите за градоначалник на округот Јунгар. „Јас сум добриот Хитлер“, изјави Алба за медиумите за време на кампањата.

Во Намибија, од друга страна, Адолф Хитлер Уунона беше избран по петти пат по ред на локалните избори минатата година. „Како дете, тоа име ми изгледаше сосема нормално“, изјави Уунона за Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес изврши увид во градежните активности за доградба на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“. Проектот во моментов се наоѓа во напредна фаза на реализација.

Нови 560 квадрати училишен простор: Напредува доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода

Карабината на новата доградба е целосно завршена, поставени се потребните инсталации, а во моментов активно се работи на уредување на внатрешноста на просторот.

Новиот училишен простор се простира на околу 560 квадратни метри и опфаќа шест нови училници и современи санитарни јазли. Проектот се реализира со поддршка од Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука преку програмата за капитални инвестиции во општините, како дел од успешната и континуирана соработка помеѓу локалната и централната власт.

- Доградбата на ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ напредува со навистина одлична динамика. Градежните работи на карабината се комплетирани, инсталациите се поставени, а сега фокусот е целосно насочен кон внатрешното уредување на новите простории. Oвој проект е најубав доказ за тоа какви резултати можеме да постигнеме кога постои заедничка визија и силна поддршка од централната власт. Заедно инвестираме во она што е најсуштинско, во подобри услови за настава, во квалитетно образование и во сигурна иднина за нашите деца-изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меланшон; „Бастилја повторно освоена“ по големиот студентски митинг во Париз

Жан-Лук Меланшон, лидер на екстремно левичарската партија „Непокорна Франција“, изјави дека бастилја е „повторно освоена“, откако студентите организираа демонстрации низ целата земја - вклучително и голем митинг на озлогласениот плоштад Бастилја во

Меланшон; „Бастилја повторно освоена“ по големиот студентски митинг во Париз

Во меѓувреме, подоцна истиот ден, францускиот министер за образование, Едуар Жефри, објави дека 3.000 заменски наставници ќе бидат распоредени во училиштата што се соочуваат со недостиг на кадри.

Главните протести во четвртокот беа дел од движењето предводено од студентите кое започна на 17 септември во предградијата на Париз, пред постепено да се развие во поширока кампања за решавање на проблеми, вклучувајќи ги долгите училишни денови, преполните училишта и отсуствата на наставниците.лидерот на „Непокорна Франција“ и неговите сојузници беа обвинети од нивните противници за поттикнување немири и манипулирање со младите луѓе за политичка корист.

Меланшон ги отфрли овие критики, нагласувајќи дека и покрај фактот дека неговата партија ги поддржува протестите, тие беа независно започнати од студенти.

Коалицијата на студенти и професионални синдикати повика на уште еден ден протести и штрајкови на 13 октомври, а понатамошна голема мобилизација е планирана за 17 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер