Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ТехнологијаПочна судењето на деценијата: Сони е обвинет за монопол, милиони гејмери си ги чекаат парите Во Велика Британија официјално започна судски процес против Сони, што би можело да го чини технолошкиот гигант речиси 2 милијарди фунти.Во тужбата, наречена „PlayStation You Owe N'us“, се тврди дека компанијата ја злоупотребила својата позиција и со години ги прескажувала игрите. Околу 12,2 милиони корисници во Велика Британија би можеле да добијат надомест помеѓу 100 и 162 фунти доколку судот пресуди против јапонската компанија. Тужбата ги опфаќа сите дигитални купувања направени во PlayStation Store помеѓу август 2016 и февруари 2026 година. Главниот аргумент на адвокатите е дека Сони има монопол врз дигиталната дистрибуција, што вештачки ги одржува цените високи. Се тврди дека цените на игрите и додатоците се околу 20% повисоки отколку што би биле доколку имаше слободна конкуренција на конзолата. Сони ги држи клучевите и не дозволува конкуренција Сите издавачи на игри мора да потпишат договори што ја забрануваат продажбата на дигитални кодови преку други продавници. Ова значи дека PlayStation Store останува единственото место каде што можете да купите дигитална содржина, додека Сони зема фиксна провизија од 30%. Внатрешните документи на компанијата покажуваат дека други гиганти како што се Ubisoft и Electronic Arts бараат дозвола директно да ги продаваат своите игри од 2009 година. Овие барања редовно се одбиваат за да не ја изгуби компанијата контролата врз цените и профитот. Одбраната тврди дека гејмерите имаат избор Адвокатите на Sony планираат да се одбранат тврдејќи дека корисниците секогаш можат да избираат помеѓу нивната конзола и конкурентскиот бренд Xbox. Тие тврдат дека конкуренцијата помеѓу двата системи спречува каква било злоупотреба на пазарот. Од друга страна, обвинителите тврдат дека префрлањето на друга конзола е прескап процес бидејќи гејмерите ги губат сите купени игри и пријатели. Се очекува судењето да трае неколку недели и би можело трајно да го промени начинот на кој купуваме видео игри на системот PlayStation.Тагови: гејмери Сони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter