Почна судењето на 38 обвинети за трагедијата во „Пулс“ - Канал 5

Почна судењето на 38 обвинети за трагедијата во „Пулс“

 Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. 

Почна судењето на 38 обвинети за трагедијата во „Пулс“

Покрај обвинетите, присутни се и родни на 63 жртви кои го загубија животот во несреќата што се случи на 16 март, претсваници на обвинителството, на одбраната, новинари.

Осум месеци по несреќата, на обвинителна клупа седнаа 38 обвинети од кои 35 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

МИА врши пренос во живо од судењето преку МИА Youtube и на МИА Facebook

Обвинителниот акт беше поднесен на 13 јуни, а Кривичниот суд го одобри на 3 октомври. Според истрагата, трагедијата е резултат на долгогодишни пропусти и свесно игнорирање на безбедносните процедури од повеќе институции и поединци. Објектот „Пулс“ работел незаконски од 2012 година, без минимално-технички услови и со реконструкции без дозволи. Обвинетите се товарат дека не спровеле инспекциски надзор, издавале лиценци спротивно на закон, дозволувале влез на малолетници и преполнетост на капацитетот, а на критичната вечер биле употребени пиротехнички средства без дозвола, што директно довело до пожарот.

На прес-конференцијата што се одржа на 16 јуни, јавниот обвинител Љупчо Коцевски нагласи дека секоја институција имала законска можност да го спречи или намали ризикот, но пропустите се надоврзувале и резултирале со катастрофални последици.

- Секоја од овие алки имала моќ и законски надлежности да ја спречи трагедијата или да го намали потенцијалот на истата во однос на загубата на животи, но никој тоа не го направил, нагласи Коцевски.

Тоа, според обвинителниот акти, не го направиле тројца обвинети одговорни лица, сопственици и управители на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги КЛАСИК ДМ ДОО Кочани со подружницата Кабаре ПУЛС Кочани, односно Друштво за производство, трговија, услуги и угостителство ММММ КАФЕ ДООЕЛ Кочани со подружницата на правното лице КЛУБ ПУЛС Кочани, кои незаконски вршеле угостителска дејност од 2012 до 2025 година, без исполнување на минимално-техничките услови и со реконструкција без дозвола.

Обвинетиот сопственик на објектот во кој функционирал клубот со умисла помогнал така што дозволил и учествувал во градежните активности за вршење угостителска дејност, иако знаел дека објектот во негова сопственост нема таква дозволена намена ниту пак како сопственик поднел барање за реконструкција со пренамена.

Обвинет е и братот на првообвинетиот, кој продавал влезници над дозволениот капацитет и дозволувал влез на малолетници, спротивно на законските правила за безбедност и заштита.

Во случајот е обвинета и сопственичка и правно лице од Кочани, преку кои во 2012 година на барање на првообвинетиот, спротивно на член 47 од Законот за градење бил изготвен проект за пренамена на објектот во кој не биле содржани сите фази односно делови и елаборати кои задолжително мора да ги содржи основниот проект.

Тројца градежни инспектори од Општина Кочани, се, исто така, обвинети, бидејќи иако биле должни да постапуваат по службена должност, не спровеле инспекциски надзор и не презеле мерки за отстранување на неправилности кај објектот „ПУЛС“. Свесно дозволиле објектот незаконски да продолжи со работа како кабаре, иако знаеле дека со тоа може да настане штета, со што постапиле спротивно на Законот за градење и Законот за инспекциски надзор.

Воедно, тројца поранешни градоначалници на Кочани кои биле на функција од 2012 до 16.3.2025 се обвинети затоа што, иако знаеле дека објектот „Клуб Пулс“ е небезбеден и незаконски според урбанистичкиот план и Законот за градење, не презеле никакви мерки за негово затворање. Со своето непостапување му овозможиле на сопственикот незаконски да врши угостителска дејност на таа локација.

Во однос на обезбедувањето на дискотеката, обвинение е поднесено против управителот на обвинетото правно лице - агенција за обезбедување од Скопје и уште четири лица припадници на обезбедувањето, од кои еден воопшто не поседувал лиценца за да врши физичко обезбедување.

Клубот „Пулс“, како што соопшти тогаш Коцевски, го обезбедувале без писмен договор, без претходна безбедносна проценка и проверка на сигурносните услови на објектот, опасност и можност за евакуација во случај на опасност, проверка на влезови и излези и нивна исправност, како и преполнетост на капацитет на посетители на објектот.

Дел од обвинетите се и четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување и еден генерален инспектор кои во период од 2012 до 2025 година, не презеле мерки за заштита од пожари, иако биле свесни за можните последици. Не организирале надзор, не спровеле законски обврски и не распоредиле инспектор во Кочани, со што придонеле за настанување на штетата, спротивно на Законот за заштита и спасување и Законот за организација на органи на државна управа.

Раководителот на инспекциската служба во ДЗС, пак, не ја организирал и координирал работата согласно Законот за инспекциски надзор. До 2020 година не предвидел инспекциски надзор во Кочани, а од 2021 година постапувал спротивно на методологијата за проценка на ризик. Иако знаел за постоење на објекти како „Кабаре Пулс“, не спровел ниту една контрола, со што дозволил објекти без соодветна заштита да работат и да ја загрозуваат безбедноста на посетителите.

Пет државни службеници, еден државен секретар и двајца министри се обвинети за неправилно издавање лиценци за угостителска дејност на „Кабаре ПУЛС“ во Кочани, без исполнување на законските услови. Според обвинението, тие не постапиле согласно прописите и не иницирале вонреден инспекциски надзор. За петмина, вклучително двајца поранешни министри, постапката е запрена поради недоволно доказен материјал.

Како поединечни случаи, Коцевски дополни дека во истрагата се обезбедиле докази за еден државен службеник кој постојано ги изготвувал лиценците за „Пулс“ и кој директно побарал и примил подарок за себе и за други за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши.

Во однос на Државниот пазарен инспекторат појасни дека доказите упатувале на поинакво ниво на одговорност кое во основа паѓа на инспекторите директно надлежни за контрола и самостојни во планирањето и извршувањето на надзорите.

Сите овие дејствија, како што заклучи, и на извршување, и на свесно пропуштање на правна обврска, се нераскинливи и се надоврзувале едно на друго директно кон последицата, и свесното игнорирање на безбедносните процедури од многу поединци и институции придонеле за исклучително тешките последици и неможноста да се спречи трагедијата и на време да се спасат 63 животи.

Како резултат на севкупноста на пропустите на сите обвинети, на критичната вечер, како што дополни, на усно договорен настап без формално потпишан договор со музичката група ДНК, заради сценските ефекти при настапот била договорена и употреба на пиротехнички средства, а во клубот се пропуштале посетители помеѓу кои и деца со што бил надминат дозволениот број посетители.

Јавните обвинители утврдиле дека три пиротехнички уреди биле нелегално набавени и активирани истовремено преку базни уреди со телескопска антена. Пиротехниката била внесена и употребена без дозвола, спротивно на законите за експлозивни материи. За употребата на пиротехниката, покрај дел од членовите и придружбата на ДНК, од кои еден дел се починати, а за еден постапката е прекината поради неговата се уште лоша здравствена состојба, одговорност е лоцирана и кај првообвинетиот сопственик, неговиот син - управител на фирмата и кај четворица членови на обезбедувањето на клубот.

-Бидејќи единствената последица која ги врзува сите овие кривично-правни дејствија е катастрофалниот пожар, во кој животите ги загубија 62 лица, меѓу кои и шест деца, Коцевски информираше дека на сите обвинети им се ставаат на товар - Тешки дела против општата сигурност од чл.292 ст.2 в.в. со чл.288 ст.3 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик за кое се предвидени најмалку три години затвор, соопшти тогаш јавниот обвинител, дополнувајќи дека за обвинетите правни лица поднесено е обвинение за кривично дело – Предизвикување општа опасност од чл.288 ст.5 в.в ст.3 в.в ст.2 од Кривичниот законик.

Судењето ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството ќе биде застапувано од тим од 15 јавни обвинители. Постапката ќе се одвива со темпо од две рочишта неделно. Судот апелира до медиумите за достоинствено известување, со почит кон жртвите и нивните семејства.

Во меѓувреме, родителите и блиските на жртвите, организираа „Марш на ангелите“ кој започна веднаш по трагедијата како меморијален и протестен чин. Од тогаш, маршевите се одржуваа редовно – секоја сабота во Кочани, а неколку пати и во Скопје пред институциите, со пораки за правда и одговорност. Последниот голем собир беше на 15 ноември во Скопје, непосредно пред почетокот на судењето, со учество на илјадници граѓани кои побараа правда, транспарентност и целосно расчистување на случајот.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер