Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега
1Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
СветПочна штрајкот на 11 германски аеродромиПатниците кои планираат да летаат во или од 11 големи германски аеродроми денеска ќе мора да се снаоѓаат на друг начин, јави ДПА.Персоналот за аеродромска безбедност на аеродромите во Франкфурт, Хамбург, Бремен, Берлин, Лајпциг, Дизелдорф, Келн, Хановер, Штутгарт, Ерфурт и Дрезден почна еднодневен штрајк кој треба да трае до вечерва. Синдикатот Верди го почна штрајкот доцна синоќа на аеродромот во Келн/Бон, каде, според Верди, ноќната смена за контрола на патниците не се појавила на работа. Стапката на учество таму беше 100 проценти, соопшти портпаролот на синдикатот Озај Тарим. - Тоа беше успешен почеток на штрајкот, рече тој. Околу 80 отсто од движењата на летовите планирани за денеска во Келн/Бон се откажани, соопштено е утрово на веб-страницата на аеродромот. Тарим очекува оваа пропорција да се зголеми во текот на денот. На аеродромите во Берлин, Хамбург и Штутгарт откажани се сите полетувања. Во Дизелдорф, пак, откажани се само една третина од летовите, а две третини се уште се планирани. Тарим го критикуваше фактот дека една компанија за обезбедување на аеродромот во Дизелдорф понудила дополнителна исплата од 200 евра (216 долари) за вработените да дојдат на работа и покрај штрајкот. Според него, ваквиот „бонус за кршење на штрајкот“ е провокација. Во Франкфурт, водечкиот германски авиопревозник Луфтханза планира да спроведе поголем дел од својата програма, вклучително и летови на долги релации. Ќе бидат понудени и летови за трансфер на патници. Сепак, превозникот предупреди дека патниците може да се соочат со подолго време на чекање во транзитната зона. Според проценките на асоцијацијата на аеродроми АДВ, околу 1.100 летови ќе бидат откажани или одложени. Ова би влијаело на околу 200.000 патници. Нормалните летови најверојатно ќе продолжат утре. Следниот штрајк на Верди е токму утре и тоа на на национално ниво во локалниот јавен превоз. Аеродромите во јужната германска покраина Баварија, вклучително и во Минхен и Нирнберг, не се засегнати од штрајкот бидејќи безбедносниот персонал таму има работници од јавниот сектор покриени со поинаков синдикален договор. Луфтханза нуди бесплатна пререзервација за погодените патници до 8 февруари. Синдикатот Верди го свика штрајкот поради колективните преговори со приватни фирми за воздухопловна безбедност. Синдикатот бара зголемување на платите и други бенефиции за околу 25.000 вработени во обезбедувањето на аеродромите. Шефот на АДВ Ралф Бејзел се пожали дека аеродромските оператори ќе страдаат од штрајковите иако не се вклучени во работните разговори. Тарим за ДПА изјави дека работниците се надеваат дека ќе испратат јасен сигнал до работодавците и ќе го зголемат притисокот за отстапки на преговарачката маса. Синдикатот бара покачувања од 2,80 евра на час. Платите на работните места во воздухопловната безбедност во моментов почнуваат од 20,60 евра на час. Портпаролот на Здружението на компании за воздухопловна безбедност (БДЛС) рече дека работодавците понудиле зголемување на платите за 4 отсто за оваа година и 3 отсто за следната година, но го отфрлиле барањето на синдикатот. Германија беше погодена од серија штрајкови на работниците во транспортот во текот на минатата недела. Повеќедневниот национален штрајк против државната железница Дојче Бан од страна на синдикатот на машиновозачите ГДЛ заврши во понеделникот, додека за утре е закажан посебен еднодневен штрајк на работниците во локалниот јавен транспорт во поголемиот дел од земјата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досегаОд вторник, 1 декември, почнува примената на новите правила за отворање и продолжување на боледувањата, со кои се менуваат надлежностите на матичните лекари и постапката за одобрување подолго отсуство од работа... Додека се на боледување, објавуваат слики од плажа или од зимување на планина...Ваквата пракса на злоупотреби што според податоците на Фондот најчесто ги има во државниот сектор надлежните сакаат да ја прекинат, па затоа ги сменија правилата на издавања на боледувања и од вторник, први декември, матичниот нема повеќе од старт да може да потпише една недела дома. Сега матичниот лекар ќе има право првично да даде само пет дена, а за повеќе мора да има преглед и од специјалист за со неговиот извештај и документацијата да може да го продолжи периодот до 15 дена. Од здружението на матични лекари го поддржуваат новиот правилник, но побарале од Фондот да дадат одреден период да се тестира новиот систем како ќе функционира во пракса, бидејќи за одредени боледувања, како што се оние за грижа за дете, може да има технички проблеми. Дали одреден период новиот правилник ќе биде ставен на тест засега не се знае, но покрај построгите критериуми за засилена контрола, новиот правилник предвидува и олеснувања за пациентите. Таков е примерот со олеснувањата за одредени дијагнози за кои нема да биде потребно пациентите да се упатуваат на лабораториски испитувања, туку проценката ќе може да ја направи матичниот лекар. За тешко болните, неподвижните и тешко подвижните пациенти, како и за лицата кои се на болничко лекување, боледувањето ќе може да се утврди и без физичко присуство на осигуреникот. Според информациите на Фондот најбројни злоупотреби се регистрираат во т.н. „униформни“ сектори, како што се полицијата, одбраната и здравството. Во одреден дел како што се јавните болници, статистиката од лани покажува дека секој петти вработен е на боледување, најчесто поради дијагноза - спондоза или болки во грбот. Од ФЗО велат дека измените се резултат на повеќемесечна стручна анализа, со цел да се осовременат критериумите кои не се сменети речиси 15 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МакедонијаДеветто партиско собрание на ЛДП, делегатите ја реизбраа Моника Зајкова за претседателЛиберално-демократската партија денеска го одржува деветтото Собрание .Либерално-демократската партија денеска го одржува деветтото Собрание под мотото „Напред, Либералдемократи!“, на кое делегатите ја реизбраа Моника Зајкова претседател на партијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедииФилипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии, сега Владата ги расчистува правните збрки на СДС и планира старт на изградбата на Клиничка болница Штип.Венко Филипче е последен кој може да зборува за здравството и состојбата во која се наоѓа оваа област. Практично неговите пишувања на социјалните мрежи, сега конкретно за Болницата во Штип, се врв на политичко лицемерие. На Филипче треба да му е јасно дека граѓаните не забораваат дека токму Филипче со години беше министер за здравство и имаше целосна власт и буџет да ја изгради новата клиничка болница во Штип. Филипче наместо да гради модерен клинички центар за целиот источен регион, остави само карабина, раскинати договори, судски спорови. Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии, сомнителни набавки и трагедии како модуларните болници, а не по инвестиции и грижа за пациентите. Владата предводена од Христијан Мицкоски ги расчистува правните и административните лавиринти што тој ги остави и обезбедува средства за конечно довршување на штипската болница. На Филипче му преостанува едно само да прекине со евтини манипулации и слики од проблеми таложени со децении да собира ситни политички поени, се наведува во партиската реакција .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook