Почна продажбата на новиот Пасат , најпродаваната лимузина на светот (ВИДЕО)

Фолксваген Пасат е најпродаваниот автомобил во својата класа во светот , па сега германскиот  производител најавува почеток на продажбата на новиот модел.

Пасатот , што почна да се продава во некои европски земји , има освежен изглед и e обогатен со новата генерација на инфотеинмент. Пасат се нуди низ три вида опрема.

Во понудата има пет моторни опции и тоа 2.0 ТСИ бензинец со 190 и 272 Кс , како и дизел со 1.6 ТДИ со 120 Кс , 2.0 ТДИ со 190 Кс и 2.0 ТДИ битурбо со 240 Кс . Подоцна на овој избор ќе им се придружи и хибридниот ГТЕ со 218 Кс , кој има електричен дострел од 57 километри, како и 2.0 ТДИ Ево од 150 Кс.

Цените во Германија се движат од 37 720 евра за 1.6 ТДИ , односно 35 825 за моделот караван. Бензинците се движат од 38 750 евра , додека најексклузивната варијанта Олтрак 2.0 ТДИ со 240 Кс чини од 50 795 евра.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

Се зголемува „Европскиот фронт“ на ДУИ

Се зголемнува Европскиот фронт на Ахмети.  Денес интергративците портпишаа договор за заеднички настап на изборите и со Движење на Турците за правда и демократија. 

Уште една турска партија се приклучи на Европскиот фронт на Ахмети. Отако потпишаа договор за предизборно коалицирање со Демократска партија на Турците, денеска интегративците ја официјализираа и соработаката со Движењето на турците за правда и деморкатија, чиј лидер Сулејман Баки ќе ја предводи пратеничката листа на ДУИ во ИЕ3. Од ДУИ се надеват дека со неговото номинирање за првпат ќе добијат пратеник во оваа изборна едница.

Откако вчера кон фронтот на Ахмети се приклучи и крилото на Села од Алијанса за албанците, кој порача дека очекува најмалку пет пратенички места на листите, Ахемти денеска потврди и дека токму Села ќе биде носител на листата во ИЕ5, а соработката ќе ја официјализират утревечер во Гостивар.

Вчера кон Европскиот фронт се приклучи и Унијата на Ромите на Курто Дудуш, а досега кон европскиот фронт на Ахмети се приклучија и ДПА на Мендух Тачи, Европската демократска партија на Арјанит Хоџа и Народното движење на Скендер Реџепи Зејд.

Уапсен е полицаец кој споделувал информации од истрагата за исчезнатата Данка (2)

Полицаец од полициската управа во Бор е уапсен поради давање информации за исчезнатата Данка Илиќ (2), соопштија за „Телеграф.рс“.

Не се знае кому дал информации од истрагата.

Тој не го поминал полиграфот.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.

Данка Илиќ исчезнала на 26 март годинава, а нејзината мајка го пријавила исчезнувањето во 13 часот и 45 минути.

Данка се уште не е пронајдена, а МУП бара да не се шират лажни информации.

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, се уште е во полиција во Бор, објави Телеграф.

притисни ентер