Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)
2Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)
3Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
ТехнологијаПочна испитувањето на материјалите земени од најопасниот астероид: Ова е ризница со богатство Лажичка темна прашина и гранули собрани од астероидот Бену, на повеќе од 300 милиони километри од Земјата, пристигна во Природонаучниот музеј во Лондон, каде што научниците се подготвуваат да го тестираат.100 милиграми од материјалот собран од астероид стар околу 4,6 милијарди години за време на мисијата Озирис-Рекс на американската агенција НАСА стигнале до британскиот музеј, кој ќе се овозможи увид во формирањето на Сончевиот систем, пишува Гардијан. Леталото на НАСА собрало повеќе од 70 грама материјал од астероидот, но вадењето на неговиот материјал беше тешко поради проблеми со завртките на сондата. - Ова е извонредно. Ова е како мала ризница која не води до потеклото на Сончевиот систем. Не можам да ги дофатам примероците и да видам што можеме да научиме од нив за раниот Сончев систем - изјави за Гардијан д-р Ешли Кинг, научник кој ќе работи на испитувањето на примероците во Природонаучниот музеј. This black dust is from an #asteroid! ☄️ Researchers at the Museum were some of the first to get their hands on a sample of the asteroid #Bennu! 😲 Find out what this means, and what our scientists plan on doing with it 👇https://t.co/sT6lv8SPRS — Natural History Museum (@NHM_London) November 28, 2023 „Можеби не звучи како да имаме многу материјал, додаде таа, но ова е доволно за работа и испитување“. - Ова се 100 милиграми чиста убавина. Донацијата е мала, но доволна. Ова е само една лажичка материјал, но замислете една лажичка шеќер и колку поединечни зрна има во неа. Значи, ќе го проучуваме овој материјал, зрно по зрно. Можеби ни претстои цел животен век - рече проф. Сара Расел, научник од Природонаучниот музеј, Лондон, за Би-Би-Си. Таа исто така рече дека астероидот содржи минерали слични на глина кои ја задржуваат водата, што може да покаже како Земјата станала планета со вода погодна за живот. - Можно е астероидите како Бену да обезбедувале хранливи материи подеднакво неопходни за одржување и развој на животот на Земјата - изјави Руселова за Sky News. Природонаучниот музеј вели дека Бену е „непроменета маса од почетокот на Сончевиот систем“ која дава индиции за потеклото на Земјата, но додава дека астероидот има потенцијал да ѝ наштети на Земјата и се смета за најопасниот астероид во Сончевиот систем. НАСА има многу повеќе материјали што мисијата Озирис-Рекс ги врати на Земјата на 24 септември, но не се знае точно колку. Овие 100 милиграми се земени од околу 70 грама, кои биле извадени од сондата. Сепак, дел од сондата се уште е недостапен и не е целосно отворен. Се верува дека во него би можело да има уште 200 грама материјал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИгор Ивановски во „Само интервју“Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува Игор Ивановски.Разговори за иднината или за смена на Филипче? Платформа 12 и 5, навремена или задоцнета? Надминување на јазот во СДСМ или ново опозициско престројување, се менуваат ли политичките сили на теренот или секое чудо за три дена? Која е „нишката“ на иницијаторите? Дали може власта и опозицијата да се обединат околу националните интереси? Достижна ли ЕУ или до недоглед ќе чекаме да се сменат правилата за влез во големото друштво? Каде е Македонија 35 години потоа, што можевме, а што не направивме и како да се променат состојбите во општеството? Само Интервју, вечерва со Гоце Михајлоски и Игор Ивановски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот Една минута е доволна да сфатите со кого имате работаСпоред психоаналитичарот Сигмунд Фројд однесувањето во одредена ситуација веднаш открива каков е нечиј вистински карактер.Сите барем еднаш сме биле во ситуација во која сме се запрашале дали некому можеме потполно да му да дадеме нашата доверба. Кога запознаваме некого, ги набљудуваме надворешните слоеви: начинот на кој говори за своето минато, топлината со која му се обраќа на семејството, амбицијата со која ја гради својата иднина. Сепак, кога некој говори за своите сништа и планови најчесто е вешта фасада која не открива што се крие во суштината на тоа битие. Сепак, Фројд открива дека вистинската величина на човекот не се мери по неговите зборови, туку по неговата реакција на отпорот. Што ве исфрла од рамнотежа? „Величината на вашата личност е одредена според величината на проблемот што ве вади од такт“ – вели Фројд. Посматрајте како некоја личност се соочува со ситните секојдневни предизвици кои не може да ги контролира. На пример, сообраќаен метеж, ладно кафе, мало недоразбирање, изразување гнев, тага или губењето самоконтрола – сето тоа е јасен сигнал на емоционална незрелост. Кога нечиј карактер реагира со „пожар“ на мала искра, тоа говори за недостаток на внатрешен мир и стабилност. Овие испади не се одраз на моментален стрес, тие се огледало на неспособноста да се носиме со животот на зрел начин. Вистинската сила, од друга страна, се огледува во тивката сила и способноста да го зачуваме сопствениот интегритет, дури и кога се чини дека сиот свет се руши. Зрелата личност знае дека нејзината вредност и мирот не зависат од надворешните околности, туку од ширината на нејзиниот внатрешен простор. Така што, следниот пат, кога ќе ја проценувате силата на нечија личност, не прашувајте за идните планови или соништата, посматрајте ги малите битки. Во нив се гледа колку некој е подготвен да чекори низ животната бура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ЖивотТрагнал да вози Ферари, па се заглавил во тесна уличка- сите му се смеат (ВИДЕО)Тесните улици на историскиот центар на Севиља станаа „стапица“ за црвен луксузен автомобил со португалски регистарски таблички.Возачот на скапиот автомобил се нашол во незавидна ситуација откако се обидел да сврти, а потоа се соочил со сериозни тешкотии при маневрирањето низ тесен премин, објавува „Ел Дебет“. Во видео кое се појави на мрежите, снимено од очевидец, можете да видите како Ферарито се заглавило откако се обидело да сврти на улицата Бамберг, на аголот со улицата Арготе де Молина. View this post on Instagram A post shared by Aymeric Grassart (@aymeric_grassart) Минувачите се обиделе да го насочат возачот за да избегне оштетување на каросеријата. Од друга страна, корисниците на социјалните мрежи биле помалку љубезни кон возачот на Ферари. Многумина потсетиле на ризиците од возење низ најтесните и најпрометните делови на Севиља. „Кој би возел автомобил вреден 250.000 евра низ стариот центар на градот?“, прашал еден од нив. Медиумите известуваат дека пристапот до овој дел од градот е ограничен на станари, сопственици на гаражни простори и возила на јавниот сервис, токму поради тесните улици и недостатокот на простор за непречено движење.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook