Почна една од најтешките операции – по момчињата во пештерата тргнаа 18 нуркачи

Во тек е една од најтешките и наризични спасувачи операции во историјата.

Во првите изјави спасувачите рекоа дека операцијата што почна околу 5 часот утрово по европско време ќе се заврши до 11 часот, но и дека може да продолжи.

Но , откако почна операцијата , спасувачите испратија информација дека сепак ќе бидат потребни два до три дена. ,, Потврдуваме дека сме подготвени за денешната акција. Времето е добро , нивото на водата прифатливо .Нуркачите се подготвени. Децата се телесно , емоционално и ментално подготвени да излезат. “ , изјави пред почетокот Наронгсак Осотанакорн , гувернер на покраината Чинг Раи , каде се наоѓа пештерата.

Во акцијата учествуваат 18 нуркачи , од кои 13 странци и петмина од Тајланд.

Пештерата и натаму е под вода , па преку поголемиот дел од тунелите ќе се користи нуркачка опрема. Има делови што , благодарејќи на силните пумпи се суви , така што ќе може да се поминат и пешки.

Австралиски доктори ррано утрово ги прегледаа децата и оценија дека се способни да го поминат патот долг неколку километри.

Дванаесетте деца и нивниот тренер од 23 јуни се заробени во пештерата о високото ниво на подземни води , поради силните дождови.

Претседателката на Грузија, Зурабишвили стави вето на законот за „странско влијание“

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили соопшти дека ставила вето на контроверзниот закон за „странско влијание“, кој предизвика масовни протести во земјата.

„Денес ставам вето (...) на закон кој е руски по својата суштина и е во спротивност со нашиот устав“, рече Зурабишвили откако текстот усвоен од Парламентот оваа недела беше осуден од неговите противници дека има за цел да ја одврати Грузија од нејзиниот пат кон Европа и да ја насочи кон Русија.

Таканаречениот „руски закон“, чии противници протестираат со недели против неговото усвојување, бара медиумите и невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „агенти на странско влијание“. Критичарите на законот велат дека тој е премногу сличен на законодавството што го користи Кремљ за да ги замолчи противниците и дека ќе ја попречи кандидатурата на Грузија за пристапување во ЕУ.

Претседателката Саломе Зурабишвили, која влегува во сè поостра конфронтација со грузиската владејачка партија, денеска изјави дека законот е во спротивност со Уставот на Грузија и „сите европски стандарди“, и додаде дека тој „мора да биде повлечен“. /МИА

То Лам именуван за претседател на Виетнам

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

- Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март./МИА

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

притисни ентер