Почна Баскерфест - следните денови на улица ќе биде забавно!

Граѓаните на Скопје во следните 10-тина дена ќе можат да уживаат во спектакуларните акробации на артистите од цел свет. Годинава, Баскерфест ќе направи турнеја и низ цела Македонија.

Со изведбата на италијанската акробатска трупа „II POSTO“ на фасадата од зградата на Веро центарот во Скопје синоќа почна 8. Меѓународен уличен фестивал „БАСКЕРФЕСТ“.

Официјално фестивалот на градскиот плоштад „Македонија“ го отвори градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

- Развојот на современиот туризам не може да се замисли без присуството на поливалентните вредности на културата, бидејќи туризмот е синтеза на културата манифестирана преку сите свои облици и културни вредности. Град Скопје стремејќи се визуелно да ја дефинира културната мисија за оплеменување на срцето на Скопје, веќе неколку години организира настани и манифестации преобразувајќи ги соновите во јаве. Манифестацијата Баскерфест 2013 којашто по осми пат традиционално се одржува под отворено небо со учество на над триесетина меѓународни артисти и уште толку домашни, кои со своите 500-тини возбудливи акробатски, пиротехнички, жонглерски, музички и театарски изведби, е настан со кој широко се отвораат портите на Скопје кон меѓународната публика, истакна градоначалникот Трајановски.

Граѓаните на Скопје во следните 10-тина дена ќе можат да уживаат во спектакуларните акробации на артистите од цел свет. Музичката програма ќе биде зачинета со ноти на рап, реге, рок и етно музика, а во рамки на фестивалот ќе бидат одржани околу 30 концерти.

Годинава, Баскерфест ќе направи турнеја и низ цела Македонија. Првиот настап пред два дена се одржа во Гевгелија, а во Скопје, караванот на Баскерфест ќе остане до 23-ти, додека на 3 јули ќе се пресели во Дојран.

На 8. Баскерфест ќе настапат околу 100-тина артисти од дваесеттина земји. Еден од поспектакуларните настапи, ќе биде и настапот на рок групата „Star boy“ од Нов Зеланд составена од 9 членови која во своите настапи комбинира акробатска кореографија и употреба на пиротехнички елементи.

Деталната фестивалска програма можe да ја најдe на веб страницата www.buskerfestmakedonija.com.

Фестивалот се одржува во организација на Здружението на граѓани „One way“, под покровителство на Град Скопје, кој за годинашното одржување на БАСКЕРФЕСТ одвои од Буџетот 900.000 денари. /МИА




Лекорну: Европските „сили за брза реакција“ треба да бидат формирани следната година

-Ова е клучно прашање за кое се надевам дека ќе успееме да донесеме заклучок веќе следната година, со тоа што ќе бидеме многу одговорни и многу брзи, рече Лекорну во интервју за телевизијата Франс 2.

Европските „сили за брза реакција“, кои вчера ги спомна францускиот претседател Емануел Макрон и кои ќе бидат наменети за операции како што е евакуација на граѓани од земји во криза, може да ја здогледаат светлината на денот веќе следната година, изјави францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну, цитиран од француските медиуми.

-Ова е клучно прашање за кое се надевам дека ќе успееме да донесеме заклучок веќе следната година, со тоа што ќе бидеме многу одговорни и многу брзи, рече Лекорну во интервју за телевизијата Франс 2.

Министерот го оправда проектот со фактот дека има „многу кризи во кои НАТО не е надлежен и во кои Франција често спроведува операции сама“, давајќи го примерот со евакуацијата на граѓаните од Судан минатата година.

За време на операцијата во Картум беа евакуирани 1.000 лица, од кои 200-250 беа Французи. Во исто време, „создадовме голем воздушен мост со (авионите на Ербас) А400М, со бродови. Така се случи Франција да биде практично сама“, нагласи Лекорну.

-Сосема е природно овој товар, што „има своја цена, вредност“, да се подели, рече францускиот министер.

Овие сили за брза реакција „кои ќе ја осигураат безбедноста на европските граѓани, португалските, италијанските, германските и француските граѓани, мора да можат да се создадат многу брзо“, кажа министерот, истакнувајќи дека нивното создавање е прашање на прагматизам.

МФ:Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност одржа седница за зголемување на цената

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност одржа седница за зголемување на премијата.

Министерството за финансии (МФ) во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност, денеска ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки. Притоа, како што информира, заклучи, в понеделник на нова седница да разгледа Извештај од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Истовремено, врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), која е регулатор на осигурителниот сектор, Министерството денеска се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата.

-Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата на Република Македонија согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (Службен Весник на Република Македонија бр. 88/05, 70/06, 81/08, 47/11, 135/11, 112/14 и 145/15) ја сочинуваат членови од Министерството за финансии, Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Односно утврдување на премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што гг утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување, наведува МФ.

При тоа посочуваме дека техничката премија којашто е дел од премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата, останува непроменета. Со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва, кои се доставени до Агенцијата за супервизија на осигурувањето на 23 април 2024 година, а со примена од 25 април 2024 година, е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци).

Министерството вчера беше информирано од АСО, како регулатор на осигурителниот пазар во земјата, дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до Агенцијата за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат.

Зеленски: Светот мора да изврши притисок врз Русија за да избегне катастрофа во Запорожје

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот треба да изврши притисок врз Русија да ја врати нуклеарната централа Запорожје под целосна украинска контрола за да се избегне катастрофа со радијација во централата.

Зеленски овој апел го упати на социјалните мрежи по повод 38-годишнината од катастрофата во нуклеарната централа Чернобил.

- Радијацијата не познава граници или национални знамиња. Катастрофата во Чернобил покажа колку брзо може да се појават смртоносни закани. Десетици илјади луѓе ја ублажија катастрофата во Чернобил по цена на сопственото здравје и животи, елиминирајќи ги нејзините ужасни последици во 1986 година и годините потоа, истакна тој.

Во исто време, Зеленски потсети дека пред две години нуклеарната централа Чернобил беше под руска окупација 35 дена. „Руските војници ги ограбуваа лабораториите, ги заробија чуварите и го малтретираа персоналот, го искористија за да започнат понатамошни воени операции“, рече Зеленски.

- Веќе 785 дена руските терористи ја држат во заложништво нуклеарната централа Запорожје. Одговорност на целиот свет е да изврши притисок врз Русија за да се осигура дека ЗНПП ќе биде ослободена и вратена под целосна украинска контрола, како и дека сите украински нуклеарни постројки се заштитени од руски напади, нагласи украинскиот претседател.

Според него, тоа е единствениот начин да се спречат нови катастрофи со радијација, кои се закануваат да се случат се додека „руските окупатори се присутни во Запорожје“.

- Се сеќаваме на посветеноста на луѓето кои спасија животи во 1986 година. Ги цениме сите што помагаат да се спасат животи во моментов, рече Зеленски.

притисни ентер