СветПочна апсењето на демонстрантите во Њујорк, кои протестираат во кулата на Трамп (ВИДЕО)Полицијата во Њујорк ги уапси демократите кои протестираа против Службата за имиграција и царина на САД (ICE) откако демонстрантите влегоа во лобито на Трамповата кула на Менхетен.Според американските медиуми, во Њујорк се приведени 24 лица. Демонстрантите, за кои се очекува да бидат обвинети за нелегален влез, почнаа да се собираат околу пладне во иконската кула на Петтата авенија. Немаше непосредни извештаи за повредени. Протестот се случи откако администрацијата на Трамп контроверзно распореди војници на Националната гарда во Лос Анџелес, каде што демонстрантите се судрија со полицијата со денови поради зголемените рации на ICE. NOW - Anti-remigration activists stage sit-in at Trump Tower and are arrested.pic.twitter.com/Z6R1nfTfiV — Disclose.tv (@disclosetv) June 9, 2025 Поголем протест е планиран подоцна попладне пред зграда во Долен Менхетен во која се сместени имигранти кои се притворени од ICE. Потсетете се, во саботата, Том Хоман, „граничниот цар“ на Трамп, се закани дека ќе уапси секој што ќе ги попречи напорите за спроведување на законите за имиграција во државата, вклучително и градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, ако „ја преминат линијата“ „ги попречуваат органите за спроведување на законот во извршувањето на нивните должности“. Од неделата, припадници на Калифорниската Национална гарда се распоредени во Лос Анџелес, по наредба на Трамп, поради немирите и протестите што се случија по рациите врз локалните бизниси што претходно ги спроведоа инспекторите за имиграција (ICE) во потрага по нелегални работници, на што се спротивставија гувернерот на Калифорнија и градоначалникот на тој град.Тагови: Доналд Трамп Њујорк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски: Македонија останува на европскиот пат но без услови за уставни измениОхрабрување за проширувањето на регионот но и расчистување на дилемите околу предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц очекува шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски за време на самитот ЕУ Западен Балкан во Тиват.Во одговор на новинарски прашања ги повтори и цврстите позиции на земјава – Македонија останува на европскиот пат но без услови за уставни измени. Според Муцунски без гаранции нема поместување од позициите и повтори дека најмалку што може да направи Софија во моментов е да ги исполни своите обврски согласно меѓународното јавно право. „Без сомнеж очекува дека нешто ќе се промени на самитот во Тиват пред се што истиот се одржува во регионот, очекуваме да се пратат дополнителни сигнали за охрабрување кон регионот од една колективна смисла веројатно една од темите за дискусија бидејќи се очекува присуство на канцеларот Мерц како тој ја гледа политиката на проширување. Еден од позитивните сигнали што ги слушаме веројатно изворно ќе го слушнеме во Тиват е дека тие идеи кои тој ги образложи во своето писмо не се толкуваат алтернативно односно дека ќе има некој нов модел без пат кон полноправно членство туку како еден паралелен процес кој би се одвивал. “-Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи. На самитот ЕУ – Западен Балкан, од својата последна дестинација Белград, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, заминува со порака дека проширувањето на Западен Балкан е најважното прашање на Унијата во моментов но земјите вели мора да ги спроведат реформите и обврските. Во Тиват освен шефовите на држави и влади на шесте земји од регионот пристуни ќе бидат и шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен, високата претставничка за надворешна политика Каја Калас, и германскиот канцелар Фридрих Мерц. „ За нас проширувањето на Западен Балкан е најважно геополитичко вложување со кое Европската унија се занимава во моментов. Знам дека утре лидерите на ЕУ ќе разговараат со лидерите на Западен Балкан како да ја унапредиме методологија, како брзо би напредувале и подобро, но тоа не значи дека ќе биде лесно туку како да ги испорачаме заедно резултатити побрзо.“ - Антонио Кошта – претседател на Евроспкиот совет. Самитот според најавите ќе биде поделен на пленарна сесија каде главна тема ќе биде интеграцијата на регионот и планот за раст, додека на работниот ручек фокусот ќе биде ставен на проширувањето и усогласувањето со надворешната и безбедносна политика на Унијата. Вчера и премиерот Мицкоски пред заминувањето во Црна Гора рече дека преговарачкиот процес со ЕУ е маратон, не спринт, а ставот на Владата останува непроменет и нема цена што ќе ги натера да влезат во авантура без јасни гаранции и извесен крај. За следната недела Муцунски пак најави можни средби на високо ниво, за време на, како што рече, неговата и посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Бугарија по повод регионален настан... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочна расправата за Предлог-Законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансеротВо наелектризирана атмосфера, во Собранието почна расправата за Предлог-Законот за правична застапеност, кој треба да го замени укинатиот балансер..Пратениците уште на почетокот се судрија за начинот како да се гласа за предлогот.. Во Собранието е Јана Јосифоска.. Јана, до каде е комисиската расправа? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија30-дневен притвор за Стефан Богоев и тројцата осомничени за местење тендер во ЦаринаНа поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешниот помошник-директор во Царинската управа, управителот на приватната фирма „Ремондис Медисон“На поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешниот помошник-директор во Царинската управа, управителот на приватната фирма „Ремондис Медисон“ и на еден вработен во истата приватна компанија судот на барање на обвинителството синоќа им одреди 30-дневен притвор. Четворицата се сомничат дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање на економскиот оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на истиот да стекне противправна имотна корист во износ од околу 300 илјади евра. Според судотво случајот постои основано сомнение дека се сторени кривични дела злоупотреба на постапка за јавен повик, доделуваењ договор или јавно приватно партнерство, примање награда за противзаконито влијание и давање награда.. -Постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, примање награда за противзаконито влијание и давање награда за противзаконито влијание. Откако попладнево беа спроведени во судот, по нивно произнесување во присуство на бранител, судот донесе решенија со кои: Предлогот за определување мерки притвор против С.Б., Д.Г., А.С. и С.М. се прифаќа и на сите им се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката е определена заради постоење на основите од член 165 став 1 т. 1 и т.2 од ЗКП. – Кривичен суд Одбраната на Богоев најави дека ќе се жалат на одлуката за притвор Адвокатката Алексиќ потврди дека понудиле и гаранции кои судот ги одбил. Во однос на сомневањата за злоупотреби на тендер во Царината рече дека на одбраната не и биле дадени никакви докази. -Не очекувавме таква одлука особено што станува збор за предмет којшто е од финансова природа, а не насилен криминал. Ние понудивме гаранција, понудија и другите бранители за другите осомничени. Мислам дека во комбинација со другите мерки на претпазливост можеше да обезбеди присуство на осомничените. Токму на тие околности ќе се однесува жалбата.На одбраната на денешното рочиште не ѝ беа презентирани никакви докази во насока на постоење на основано сомневање. Само нѝ беше соопштено дека докази според обвинителството постојат.- Сања Алексиќ- адвокатка на Стефан Богоев. Обвинителката на ОЈО ГОКК, Искра Хаџивасилева претходно рече дека ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, и нагласи дека нивните проценки во моментот го оправдуваат барањето за притвор. Притворот бил побаран поради опасност од бегство и можно влијание врз сведоциКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter