„А му се смееше на Бајден“- Трамп се сопна на скалите кон авионот (ВИДЕО) - Канал 5

„А му се смееше на Бајден“- Трамп се сопна на скалите кон авионот (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп (78) синоќа речиси падна на скалите кога влезе во претседателскиот авион Ер Форс Уан.

„А му се смееше на Бајден“- Трамп се сопна на скалите кон авионот (ВИДЕО)

Видеото набрзо стана хит на социјалните мрежи, а многумина истакнаа дека Трамп често му се потсмевал на поранешниот претседател Џо Бајден кога паѓаше на скалите од истиот авион.

Многумина сега му се потсмеваат нему

Политичкиот коментатор Арон Рупар ја сподели снимката и напиша: „Кога Џо Бајден правеше вакви работи, Фокс ја пушташе снимката одново и одново како да е слетување на Месечината“. Во 2023 година, Трамп изјави: „Џо Бајден не може ниту да се искачи по скалите на Ер Форс Уан, а камоли да состави две реченици“.

Подоцна истата година, тој му се потсмеваше на Бајден за користењето „бебешки скали“ за да се качи во авионот, коментирајќи дека „не може навистина да се качува или спушта по нив“. Еден корисник на X иронично коментираше: „О, боже, готово е. Неговите помошници го покриваат. Срам да ѝ е на Меланија што го дозволи ова. Тоа би го кажала ФОКС њуз ако ова му се случеше на Бајден“.

Други коментираа: „Каде се насловните страници и месеците анализи за неговата некомпетентност и пад?“, „Да го беше направил Бајден ова, „Фокс њуз“три дена ќе го објавуваше како главна вест.“

„Време е да му се даде инвалидска количка на Трамп“, „Изненаден сум што сè уште не ги заменил тие скали со некаков преносен ескалатор“, коментираа некои.

Колумбиските власти уапсија еден од шефовите на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка

Колумбиските власти вчера соопштија дека уапсиле наводен шеф на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка, јавија американските медиуми.

Колумбиските власти уапсија еден од шефовите на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка

Уапсениот маж е обвинет за контрола на пратките со кокаин и водење нелегални рути за трговија со луѓе до Европа.

Полицијата го идентификуваше осомничениот како Џузепе Палермо, познат и како „Пепе“, Италијанец кој се бараше со црвена потерница од Интерпол со која се бара негово апсење во 196 земји.

Според официјалните информации, тој бил приведен на улица во колумбиската престолнина Богота, за време на координирана операција на колумбиските, италијанските и британските власти, како и Европол.

Се верува дека Палермо е дел од „една од најдобро организираните ќелии“ на „Ндрангета“, изјави Карлос Фернандо Тријана, шефот на колумбиската полиција на Х.

Осомничениот „не само што раководел со купувањето големи пратки кокаин во Колумбија, Перу и Еквадор, туку ги контролирал и морските и копнените рути што се користат за транспорт на дрогата до европските пазари“, објасни Тријана.

Нелегалното производство на кокаин достигна 3.708 тони во 2023 година, што е зголемување од речиси 34 отсто во однос на претходната година, главно поради проширувањето на одгледувањето кока во Колумбија, покажуваат податоците на ОН.

На „Табановце“ се чека околу 40 минути

На ГП „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На „Табановце“ се чека околу 40 минути

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Лишено лице од дебарско поради предизвикување пожар

Полициски службеници  од Одделението за внатрешни работи денеска во 9:50 часот  во село Долно Косоврасти, дебарско ја лишиле од слобода А.Х. (43) поради предизвикување пожар на сува трева, информираа од полицијата.

Лишено лице од дебарско поради предизвикување пожар

Пожарот е изгаснат во 10:10 часот од дебарската Територијална противпожарна единица.

Четиринаесетте пожарникари на оваа единица годинава имаат многу повеќе интервенции споредено со истиот период минатата година. Интервенирале во 52 случаи повеќето од нив пожари на отворен простор.

притисни ентер