Почна 45. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски" - Канал 5

Почна 45. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски"

Во богата фестивалска атмосфера, со одекот на гајдите, кавалитер, тапаните и изворната песна, синоќа во прилепскиот Центар за култура беше отворен јубилејниот 45. Фестивал на на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски".  

Почна 45. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски"

Околу 300 учесници во Прилеп и вечер на Рудина кај Долнени ќе покажат дека се негува изворниот мелос, велат учесниците, новите генерации се заинтересирани да ја одржуваат богатата традиција.

Мирче Спасовски од КУД „Панче Пешев" Куманово вели дека на Фестивалот доаѓаат од почетоците да придонесат за негувањето на изворниот мелос.

-Нашето КУД е едно од најстарите на Балканот. Пред две години прославивме 90 години од постоењето. Се трудиме да го одржиме нашето изворно традиционално творештво, негуваме фолклор, песни и игри од сите краишта на Македонија. На Фестивалот учествуваме уште од првата година, цели 45 години, да ја презентираме традиционалната музика и да придонесеме фестивалот да трае и понатаму, рече Спасовски.

Љуба Ѓорѓиевска од Лозово првпат е на Фестивалот. – Сега младите почнаа да ја продолжуваат традицијата. Првпат настапуваме на Фестивалот и атмосферата е многу убава, вели Ѓорѓиевска.

Панде Трајковски од Скопје веќе една година има фолклорен состав „Аманет" и уверен е дека има многу млади кои сакаат да ја негувата традиционалната музика.

-Посветен сум на традиционалните песни и на инструментите. Свирам на кавал, на гајда и на зурла. Ова е јубилеен Фестивал и сметам дека има интерес да се негува традицијата и да се зачува Фестивалот. Дојден сум со мојот состав „Аманет" кој постои една година и ја негуваме традиционалната музика онака како што не учеше дедо Пеце Атанасовски и гордост ни е што ја негуваме традиционалната музика и да покажеме како тоа се прави, рече Трајковски.

Ученикот Михаил Грашкоски од Прилеп вели дека е убаво да го изучуваш фолклорот. – Играорец сум и играм четири години во КУД „Мирче Ацев" во Прилеп. Интересно ми е и убаво да учам нешто што е старо, вели Грашкоски.

Родна Величковска, уметнички директор на Фестивалот смета дека дождот не ја наруши атмосферата иако оневозможи да се одржи дефилето низ улиците на Прилеп.

– Иако времето не ни дозволи да го одржиме дефилето, сепак атмосферата е убава. Целта на Фестивалот е што поавтентично да се претстават групите и изведувачите кои се од целата земја, рече Величковска.

Фестивалот го поздрави и за отворен го прогласи прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, кој нагласи дека Општина Прилеп го поддржува овој единствен од ваков вид Фестивал.

– Фестивалот го негува изворниот мелос, а општината сесрдно го поддржува зашто значи зачувување на изворните инструменти и песни кои со векови се дел од богатото фолклорно македонско наследство, рече Јованоски.

Денеска од 11 часот во прилепскиот дом на културата „Марко Цепенков" ќе се одржи симпозиум и ќе биде промовиран Зборник на научни трудови на тема „Фолклорот во минатото и денес". Вечер на Рудина кај Долнени е втората фестивалска вечер и прогласувањето на најдобрите изведувачи. Најуспешниот гајдаџија ќе ја добие Гајдата на Пеце Атанасовски./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44).

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи.

Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана.

Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. 

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење.

Актерка сподели снимка од прославата

Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент.

„А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото.

Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење.

Вучиќ го призна поразот

За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто.

Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Заостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. 

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер