Почина жената која беше тешко повредена во верижниот судир на автопатот Велес -Скопје - Канал 5

Почина жената која беше тешко повредена во верижниот судир на автопатот Велес -Скопје

Пред околу еден час почина жената која беше тешко повредена во верижниот судир кој што утринава се случи на автопатот Велес- Скопје.

Почина жената која беше тешко повредена во верижниот судир на автопатот Велес -Скопје

Жената по несреќата беше во кома поради тешки повреди на главата. Повредени се две други лица кои се пренесени во велешката болница.

Сообраќајот на автопатот неколку часа беше затворен за сообраќај, а според првичните информации, причини за сообраќајката е густата магла и голомразица на мостот каде се случила несреќата...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што може да донесе посетата на Марта Кос на Македонија во јули?

Претстојната посета на еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје следниот месец  е дел од редовна регионална тура од која не треба да имаме големи очекувања.

Што може да донесе посетата на Марта Кос на Македонија во јули?

Претстојната посета на еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје следниот месец е дел од редовна регионална тура од која не треба да имаме големи очекувања со оглед на тоа дека условот за уставни измени за нас останува, оценува аналитичарот Петар Арсовски. Меѓутоа таа ќе донесе порака од Брисел дека проширувањето на Унијата е жив процес, додава Арсовски.

-Преговарачката рамка најверојатно ќе остане фиксна, можеби некаква интерпретација можеме да добиеме или потстрег и мислам дека тоа е главната порака на Комесарката – еден потстрег во рамки на сегашните можности за забрзување на евроинтегративниот процес. - Петар Арсовски, аналитичар

Според Арсовски, нон-пејперот на Мерц и Макрон кој се дискутираше во Тиват а според кој земјите кандидатки забрзано би се интегрирале за време на пристапните преговори, може да е тема на дискусија за време на посетата на Кос во Македонија.

-Имајте в предвид дека таа идеја за бенефитите, да не се чека крајот на преговарачкиот процес, туку постепено да се реализираат додека трае преговарачкиот процес. Имајте в предвид дека Македонија не е во преговарачкиот процес во моментов. Така што дури и да се прифатат сите идеи на Мерц и Макрон, тоа за на нас ќе важи само доколку ги одблокираме преговорите, носејќи ги уставните измени. Условите и мерит системот за преговорите не може да се смени, но можеме доколку се качиме на овој воз, можеме да почуствуваме дел од бенефитите на новата методологија. - Петар Арсовски, аналитичар

Тоа што утре Украина и Молдавија ќе започнат со отварањето на преговарачките поглавја, кај нас ќе создаде поделени чувства, оценува Арсовски. За едни тоа ќе создаде притисок за забрзување на евроинтегративниот процес, додека кај оние кои веќе скептично се однесуваат кон ЕУ, ќе иницира дополнително негодување сметајќи дека ЕУ не ги исполнува своите ветувања, посочува Арсовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“! Прашање на приоритети

Почетокот на работите за автопатот Скопје-Блаце е голема вест за сите граѓани на Северна Македонија. Конечно, овој автопат станува реалност, по децении ветувања и празна демагогија.

ВРЕДИ: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“! Прашање на приоритети

Само една група луѓе денес не може да ѝ се радува на оваа реализација на ВЛЕН. Само раководството на ДУИ, наместо да слави заедно со сите Албанци, веќе два дена се правда и се чувствува непријатно. Затоа што тие не го направија за 24 години, а ние го правиме за 24 месеци.

Ја потсетуваме ДУИ дека Албанците го чекаат овој автопат со децении. Според роковите што беа јавно ветувани, тој требаше да биде завршен приближно во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“. Очигледно, имале други приоритети. Не им биле грижа ниту Албанците, ниту автопатиштата.

Албанците добро ги знаат приоритетите на ДУИ за време на нивното владеење. Секојдневно сме гледале и сè уште гледаме скандали со злоупотреби, и со јавните пари и со ИПА-фондовите.

Со заминувањето на ДУИ од власта, престана масовната корупција и започна работата. Затоа оваа Влада го гради автопатот Скопје-Блаце, интензивно работи на Коридорот 8, го гради кампусот на УНТ, Болницата во Кичево и Болницата во Тетово, како и инвестира во основната инфраструктура во општините. Не сме биле сиромашни, сме биле ограбувани!

ВРЕДИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија

Дококлку опозицијата повика на предвремени парламентарни избори, ќе прифатиме и ќе победиме, но СДСМ се кријат и бегаат од ново изборно соочување, смета премеирот Христијан Мицкоски. 

Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија

Тој и денес го повтори ставот дека сметаат оти парламенарните избори треба да се одржат во редовниот термин 2028-та, но дека на половина од мандатот мора да се подготвени за изборно соочување во било кое време. Сепак вели власта нема да биде таа која ќе иницира предвремени избори.

„Ние сме добиле мандат од граѓаните за 4 години и ние сакаме да одиме на редовни парламентарни избори на пролет во 2028-ма. Но доколку сме предизвикани се разбира ние мора да сме подготвени како секоја сериозна политичка опција. Во нашиот случај, кај нас во државата имаме опозиција која има 4-5 луѓе, јас би ги нарекол политички камикази коишто излегуваат во јавнсота навредуваат и изнесуваат куп невистини и мислат дека ако ги растурат пердувите дека дел ќе останат несобрани и некој ќе им поверува. Еве им можност да покажат ајде да видиме ако сте толку силни па да видиме што и како ќе биде. Ако бидеме предизвикани одиме на предвремени и ќе победиме“– Христијан Мицкоски, претседател на влада

Во меѓувреме власта ќе се фоксуира на најавената владина реконтрукција. Разговорите со колационите партнери ќе стартуват од четврток, веднаш по одбележувањето на 36-тата годишнина на ВМРО-ДПМНЕ. Партискиот роденден ќе биде на 17-ти јуни на стадион во Струмица. Премеирот Мицкоски смета дека во вода паѓаат и обвинуавњата од опзоициската СДСМ дека власта ја носи државата кон изолација и дека ваквите тврдења ги демантираат низата посети на високи државници и европски функионери во земјава. Потврди и дека на почетокот на идниот месец Македонија ќе ја посети и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

„Според опозицијата Владата била изолирана, а како таква изолирана јас во рок од два месеци остварив билатерална средба со турскиот претседател, францускиот претседател и германскиот канцелар. На билатерална посета беше хрватскиот премиер, јас бев на билатерална посета со австрискиот канцелар и во Скопје беше претседателот на Европскиот совет, сето тоа за само два месеца“- Христијан Мицкоски, претседател на влада

Посетата на Кос во земјава доаѓа по една година. Таа во редовна посетата на Македонија, како дел од балканата турнеја беше и лани на 1-јули. Тогаш освен со премиерот Христијан Мицкоски, еврокомесарката за проширување се сретна и со опозицискиот лидер Венко Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер