Почина Пол Мичел, голем пријател на Македонците во американскот Конгрес - Канал 5

Почина Пол Мичел, голем пријател на Македонците во американскот Конгрес

Пол Мичел, поранешен конгресмен, кој ја напушти Републиканската партија поради тврдењата на поранешниот претседател Доналд Трамп за изборна измама, почина синоќа по краткотрајна борба со ракот.

Почина Пол Мичел, голем пријател на Македонците во американскот Конгрес

Мичел, кој помина два мандата во американскиот Претставнички дом беше претставник на 10. конгресен округ од Мичиген. Во сојузната држава живее значајна македонска дијаспора и конгресменот беше голем пријател на Македонците. Тој беше копретседавач на групата конгресни пријатели (кокус) на Македонија и на македонските Американци во САД, и е лауреат на наградата за македонско пријателство на Обединета македонска дијаспора (ОМД).

Мичел (64) се пензионираше во декември 2020 година и реши да не се кандидира за трет мандат по тврдењата на Трамп дека изборите наводно биле фалсификувани.

– Не е прифатливо некој политички кандидат да го третира нашиот изборен систем какo да сме земја од третиот свет и да влева недоверба во нешто толку основно како светоста на нашиот глас, изјави тогаш конгресменот.

Кај нас и кај македонската дијаспора Мичел беше забележан, кога во фебруари 2018 изјави дека „никој нема да ни кажува какво би требало да биде нашето име". Тој тогаш зборуваше за американко-македонските односи и политиката на САД кон прашањето за името наметнато од Грција.

– Не треба да го менуваме името ако други го побараат тоа од нас… Секоја нација треба да си го избере името и своите права, а другите нации не треба да го спречуваат тоа – ќе зборуваме со Грците и ќе ги натераме да пораснат, изјави тогаш Мичел.

– Конгресменот Мичел стоеше зад Македонија и зборуваше во одбрана на правата за самоопределување и човековите права на Македонците кога останатите во Конгресот останаа неми и гледаа како нашето име се промeни за да се удоволи Грција, изјави Мето Колоски, претседател на ОМД.

Тој додаде дека „македонската заедница во Мичиген и во светот засекогаш ќе бидат благодарни на конгресменот Мичел за неговото искрено пријателство и напорите што ги правеше за заштита на нашиот идентитет".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски маринец загинал за време на воена вежба во Јапонија

Американски маринец починал по инцидент за време на воена вежба на јапонскиот остров Окинава.

Американски маринец загинал за време на воена вежба во Јапонија

Оваа информација денеска ја објави „Еј-Би-Си њуз“, а ја потврди и Корпусот на маринци на САД. 3-тата дивизија на маринците издаде соопштение во врска со настанот.

„Со голема тага ја објавуваме смртта на еден маринец по инцидент за време на обука во кампот „Шваб“ на Окинава, што се случи на 3 ноември 2026 година“, се наведува во соопштението на дивизијата, пренесе Ројтерс.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда нема да го пушти Крис Џонс!

Старо-новиот грчки кошаркарски великан, ПАОК испрати фантастична понуда во вредност од 3.000.000 евра за плејмејкерот на Црвена ѕвезда, Крис Џонс, објави грчкиот портал SDNA.

Ѕвезда нема да го пушти Крис Џонс!

Сепак, „црвено-белите“ немаат намера да се откажат од еден од своите најдобри играчи.

Џонс има важечки двегодишен договор со клубот од Мали Калемегдан и нема дозвола да го напушти тимот.

Американецот пристигна во Ѕвезда минатото лето од Хапоел Тел Авив и брзо стана еден од најважните играчи во тимот. Во Евролигата, Џонс има просек од 8,8 поени и 5,9 асистенции. Според тоа, ПАОК ќе мора да побара друго засилување на позицијата плејмејкер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на САД најде нов виновник за целосниот дебакл и жестоко го нападна

Претседателот на САД,  Доналд Трамп најде нов виновник за изборниот дебакл на републиканците на американските избори на средината од мандатот–телевизиската мрежа „Фокс њуз“, која некогаш ја сметаше за еден од своите најголеми сојузници.

Претседателот на САД најде нов виновник за целосниот дебакл и жестоко го нападна

Откако демократите ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот, американскиот претседател во средата остро ја нападна една конзервативна телевизиска станица, обвинувајќи ја дека придонела за поразот со тоа што редовно ги канела демократите во својата програма.

Тој беше особено разгневен од гостувањето на поранешниот градоначалник на Њујорк, Бил де Блазио, кого жестоко го нападна во објава на социјалните мрежи.

„Зошто ’Фокс њуз‘ (Fox News) го држи во програма Бил де Блазио, најлошиот градоначалник во историјата на Њујорк, додека тој беснее и брбори како лудак? Тој го напушти градот со срам, а штетата што ја направи е немерлива – градот никогаш повеќе не беше ист, а сега тој ни кажува како да ја водиме Америка“, напиша Трамп.

Потоа тој директно го обвини „Фокс њуз“ за изборниот неуспех на републиканците, префрлајќи ѝ на телевизијата што ги канела политичките противници во програмата.

„Fox News сноси одговорност за овие порази бидејќи постојано и упорно им дава простор на опозиционерите од редовите на ’глупократите‘ (dumbocrats) и оние уште полошите. БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА! Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи американскиот претседател во својата објава.

Инаку, Трамп претходно им честиташе на демократите за нивниот успех на меѓумандатните избори одржани во вторникот и призна дека врз поразот на републиканците влијаело и прашањето за Иран, додека демократите се подготвуваат да ја преземат контролата врз Конгресот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер