Почина поетот, писател и преведувач Тихомир Јанчовски - Канал 5

Почина поетот, писател и преведувач Тихомир Јанчовски

На 58-годишна возраст почина современиот македонски книжевник, писател и поет, преведувач и колумнист Тихомир Јанчовски, соопшти неговото семејство на социјалните мрежи.

Почина поетот, писател и преведувач Тихомир Јанчовски

Роден во 1967 во Скопје, Јанчовски дипломирал општа и компаративна книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 1991 година, по што специјализирал во Будимпешта, на катедрата за Средновековни студии на Централноевропскиот универзитет. Магистрирал современа историја на УКИМ во 2010 година.

Јанчовски беше еден од најоригиналните, но и меѓу најплодните современи македонски книжевници. Тој во 2024 година одбележа 25 години творештво, во кое остави над триесет објавени книги, главно збирки поезија, но и романи, аудиокниги и дела поврзани со историјата. Исто така во 2024 година, Јанчовски со Бранислав Николов го создаде поетскиот перформанс „Волкот на љубовта“.

Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, присутен е во голем број антологии, а има и четири целосно преведени книги на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик.

Целиот тим на Канал 5 му изразува сочувство на семејството Јанчовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот.

Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик .

„Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива.

Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка.

Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски  е новиот претседател на Лекраската комора. 

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртва

Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. 

Граѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртва

Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ.

За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5.

Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените.

Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер