Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Шоу бизПочина Патрик Мареј од „Сплетки“Британскиот глумец Патрик Мареј, можеби најпознат по култната ТВ-серија „Сплетки“ (Only Fools and Horses), почина вчера на 68-годишна возраст. Веста за неговата смрт беше објавена на официјалната фан-страница на хит-серијата од минатиот век.Мареј го глумеше Мики Пирс - досетливиот и духовит криумчар и пријател на главните ликови Дерек - „Дел Бој“ и Родни Тротер во хумористичната серија. Тој, всушност, беше подложен на операција и хемотерапија во 2021 година заради тумор на белите дробови. Подоцнежните тестови открија и рак на неговиот црн дроб, којшто не беше поврзан со првата дијагноза и можеше да се лекува. Во 2023 година, тој откри дека повторно му е дијагностициран рак. „Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот пријател Патрик Мареј - Мики Пирс за многумина од нас. Тој беше редовен посетител на нашите собири и ќе ни недостига неговиот хумор и радоста што им ја донесе на многумина“, се наведува во извесувањето. Покрај „Сплетки“, тој е познат и по своите улоги во филмовите од таа приказна, „Квадрофенија“ (Quadrophenia) (1979) и „Фирма“ (The Firm) (1989). По завршувањето на „Сплетки“ во 2003., Мареј се повлече од глумата и стана таксист, но ѝ се врати на глумата во 2015. и 2019 година, кога доби улоги во ТВ-сериите „Напор“ (Endeavour) и „Услови“ (Conditions). Тој беше во брак со својата сопруга Анонг, која ја запознал додека живеел 10 години во Тајланд. Тие се венчаа во 2016 година и имаат една ќерка, по име Џози. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрад Скопје: Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метриПочетокот на изградбата беше означен денеска заедно со градоначалникот Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење на граѓаните. Почетокот на изградбата беше означен денеска заедно со градоначалникот Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. На просторот, кој со години беше оптоварен со дива депонија, ќе биде создаден современ парк со богато зеленило и содржини за сите генерации. Предвидено е да бидат засадени околу 1.000 дрвја, од кои повеќе од 800 листопадни, а останатите зимзелени. Паркот ќе располага со пристапни пешачки патеки, детски катчиња за игра и забава, како и простори за одмор и дружење, со што ќе создаде ново место за секојдневно поминување на слободното време на жителите на Ново Лисиче и граѓаните на Скопје. „Секое ново дрво е влог во почист воздух, повеќе сенка и поздрава средина за нашите деца. Сакаме овој парк да живее со смеата на најмладите, со прошетките на семејствата и со средбите на нашите повозрасни сограѓани. Место во кое секоја генерација ќе пронајде свое катче“, беше истакнато при означувањето на почетокот на изградбата. Со реализацијата на овој проект, заедно со парковите кои веќе се изградени и оние на кои се работи, вкупната површина на парковско зеленило што се создава во Скопје достигнува околу 200.000 квадратни метри. „Грижата за градот започнува со грижата за луѓето. Секое семејство треба да има простор за прошетка, секое дете место за игра и создавање убави спомени, а секоја населба зеленило какво што заслужува. Продолжуваме да го градиме Скопје рамномерно, во секоја општина, со еднаква посветеност кон секој граѓанин“, беше порачано денеска. Новиот парк во Ново Лисиче претставува уште еден чекор кон создавање почист, позелен и поквалитетен градски простор, со повеќе места за престој на отворено и подобри услови за живот на сите генерации. Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаКривична пријава за две лица за убиството во ДуќанџикДве лица добија кривична пријава за убиство што пред пет дена се случи во населбата Дуќанџик во Скопје.Како што информираат од министеството за внатрешни работи, по преземени мерки и активности, единицата за насилен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.К. и И.С., поради сомнение за дека сториле убиство. Двајцата, на 6 септември, околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата помеѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“ во Скопје, од мотоцикл пукале со огнено оружје кон група лица. При пукањето бил погоден 26 годишниот А.М од Скопје, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал.Тагови: Дуќанџик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаГолема акција на МВР, се апси за лажни возачки за автобуси и камиониНа дваесетина локации МВР денеска извршува претреси, а во рамки на истрагата за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.Акцијата следува по истрагата што внатрешната контрола на МВР ја отвори минатиот месец, кога беше откриено дека вработени во управните служби незаконски впишувале повисоки категории во возачки дозволи на лица кои немале положено испит за управување камиони или автобуси. Системот функционирал така што граѓаните фиктивно пријавувале изгубена возачка дозвола и поднесувале барање за нова. При фотографирањето и процесирањето на документот, корумпирани службеници во управните служби на мвр директно во системот им ги допишувале бараните повисоки категории. Се шпекулираше дека за услугата наплаќале тарифа од околу 1.400 евра. Се појавија сомнежи дека на овој начин се фалсификувани повеќе од 300 возачки дозволи, а некои од инволвираните службеници претходно биле поврзани и со аферата за лажни пасоши.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook