Почина овчарот кој беше завеан во Кратовските планини - Канал 5

Почина овчарот кој беше завеан во Кратовските планини

Почина овчарот од Кратово кој завчера лекарски екипи на раце со часови го носела низ тешко пристапен планински терен. 

Почина овчарот кој беше завеан во Кратовските планини

Информацијата за Канал 5 ја потврдија од штипската болница каде бил префрлен. За случајот кој предизвика силни реакции во јавност и функционалноста на системот за спасување на планини и тешко достапни места проверки прави ЦУК чиј прв човек Стојанче Ангелов за работата на терен упатува во Дирекцијата за заштита и спасување.

Но токму директорот на ДЗС Беким Максути вели дека за случајот во кратовско од никој не добил повик, ниту од ЦУК ниту пак од полицијата.

И додека се проверува дали и која служба потфрлила, планинарските здруженија повторно го актуелизираат проблемот со системот за спасување на планини и тешко достапни терени. Дарко Неданоски од прилепската спасителна служба Златоврв вели дека чести се случаите кога мора да интервенираат кога луѓе се заглавени на планини, но секогаш се организираат како волонтери.

Слично е искуството и на Приватната планинска служба чиј раководител Дарио Милошевиќ вели – жално е што земјава чиј најголем дел е со планински терени и во 2021 нема државна планинска спасителна служба.

Иако државата пред две години почна постапка за набавка на хеликоптери за итна медицинска помош, беше прекината. Но оттаму целат - Владата нема да се откаже од проектот и по завршувањето на кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19 ќе биде распишан оглас на кој право на учество ќе имаат сите оператори доколку понудат бесплатни услуги за потребите на граѓаните и на државата, а за сметка на транзитирањето на патници на нашата земја.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: Зошто се крие документ за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

СДСМ со денови јавно бара владата на Мицкоски да објави официјален документ, анализа, резултат кој потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење.

Борозан: Зошто се крие документ за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

Прашањето е зошто се крие официјален документ за водата во Гостивар?

Зошто не се објавува?

Бадијала се повиците на Мицкоски кога не се објавува и се крие од луѓето.

А знаеме криењето на резултати до каква катастрофа доведе.

Од почетокот на кризата со труењето во Гостивар - нема ниту едно стручно лице да излезе и да ги соопшти резултатите за водата.

Власта нема објавено ниту еден официјален документ за водата.

Граѓаните не видоа ниту една институција ниту одговорно лице што стои зад исправноста.

Мицкоски од екскурзија ја „пушти“ водата за пиење во Гостивар ама документ за исправност на водата сè уште нема.

Клековски, кој исто така беше на екскурзија, сè уште не се огласил, иако самиот најави дека првите резултати ќе ги има дури околу 20 август.

Наместо премиерот и министерот за здравство - полицаец држеше здравица и објаснувше колку е „вкусна“ водата во Гостивар.

Прво еден „полицаец“ Тошковски ја хиперхлорираше, потоа друг, Ангелов, ја пушти во употреба со здравица.

Тотална негрижа, срам, брука и неодговорност.

Кој тогаш шири паника? Оној што не сака или не може да покаже официјален документ.

Да работеа институциите како што треба и на јавноста да ѝ беа достапни документите, како и стручните и овластени лица, немаше да има нервоза ниту паника.

Така што, единствено паника создава Мицкоски и неговата криминална екипа, нестручна и неспособна.

Граѓаните на Гостивар кои 5 недели пиеја загадена вода, каде има над 5.000 заболени, не заслужуваат ваков однос.

Бидете барем еднаш одговорни и сериозни објавете документ:

Која институција направила анализа на водата и какви се резултатите?

Кој го потпишал извештајот и кој со својот потпис гарантира дека водата е безбедна?

За здравјето и животите на луѓето се работи.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се зголемува цената на горивата: Дизелот поскап за 6,50, бензините за 4,50 денари по литар

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,00 ден/лит.

Се зголемува цената на горивата: Дизелот поскап за 6,50, бензините за 4,50 денари по литар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85% во однос на одлуката од 10.8.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 8,983%, кај дизелот за 10,979%, кај екстра лесното масло за 9,801% и кај мазутот зголемувањето е за 0,871%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2247%.

Во денешната Одлука е продолжена примената на намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 18.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 91,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 93,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 43,726 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 4,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,188 ден/кг. и сега ќе изнесува 43,726 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: Донесен Правилникот за утврдување на репутацијата и интегритетот на барателите на лиценци за игри на среќа, новина воведена со Законот за игри на среќа

Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа. 

МФ: Донесен Правилникот за утврдување на репутацијата и интегритетот на барателите на лиценци за игри на среќа, новина воведена со Законот за игри на среќа

Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип.

Апликантите се должни да достават документација со која се докажува исполнувањето на условите за репутација, односно документација која е меѓу другото поврзана со изречени санкции за забрана за вршење професија, потоа дека не е изречена казна за забрана за приредување на игри на среќа и слични околности кои се значајни за нивното учество во приредувањето на игрите на среќа.

Правилникот воспоставува и строга контрола врз потеклото на средствата во основната главнина. Преку банкарски извештаи, договори и финансиски биланси, Министерството за финансии ќе проверува дали постои непрекинат траг на движењето на паричните средства од нивниот извор до уплатата во друштвото. Дополнително, се уредуваат и постапките за промена на сопственичката структура, промена на главнината и именувањето членови во органите на управување и надзор.

Донесувањето на Правилникот е произлезено од новиот Закон за игри на среќа во кој меѓу другото како новина беше воведено ценење на репутацијата на содружниците соработниците на друштвата на кои им се издадени лиценци за игри на среќа, како и за членовите на органите на управување и надзор на трговското друштво за приредување игри на среќа во кое државата е единствен акционер, како битен фактор во борбата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, поради што и се предлага ценење на репутацијата за наведените лица.

Новиот Закон за игри на среќа беше донесен во јуни оваа година, а целта беше воспоставување современа, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер