Почина момчето чие претепување и измачување беше пренесувано на фејсбук - Канал 5

Почина момчето чие претепување и измачување беше пренесувано на фејсбук

Новиот брутален тренд на снимање и објавување насилни снимки или преноси во живо на фејсбук, однесе уште една жртва.

Почина момчето чие претепување и измачување беше пренесувано на фејсбук
Почина 26 годишниот Словенец кого две момчиња го претепаа и го понижуваа цели 23 минути и сето тоа го објавија на оваа социјална мрежа.


Мотивите за нападот се уште се истражуваат, а наводно меѓу нив избила расправија која во комбинација со алкохол довела до претепување и смрт кај момчето. Видеото е објавено на фејсбук, а пред администраторите да го отстранат било погледнато од речиси 250.000 лица.

„Tоа не може да биде човек, тоа е ѕвер", коментираат згрозените и шокирани Словенци кои ја виделе снимката од убиството на Андреј Цекута. За убиството е осомничен 20 годишен Словенец, кој и ја поставил снимката на својот фејсбук профил. Иако во фејсбук изјавуваат дека имаат тим кој е достапен 24 часа на ден и кој реагира по пријава за насилни снимки, некои од снимките на кои има експлицитно насилство останале достапни многу подолго.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер