Почина модниот креатор Пјер Карден - Канал 5

Почина модниот креатор Пјер Карден

Пјер Карден, дизајнер кој ја смени модата и на неа изгради деловна империја, почина денеска на 99-годишна возраст.

Почина модниот креатор Пјер Карден

Со неговата смрт, Франција го загуби еден од најголемите модни визионери, познат по футуристичките креации и брендирање на неговото име низ целиот свет.

Карден е роден во Италија на 2 јули 1922 година, син на француски трговец со вино. По Втората светска војна, тој започнал да работи како карикатурист во париската модна куќа Пакин.

Набргу потоа се преселил во Кристијан Диор каде што помогнал да се создаде легендарниот „нов изглед“ во 1947 година. Три години подоцна, тој ја основал својата модна куќа.

Со Пако Рабан и Андреа Куреж, Карден се смета за креатор на футуристичката мода.

Во раните 60-ти години на минатиот век, тој ги испрати своите модели на пистата во костуми налик на астронаут. Тој не стекнал многу пријатели во светот на модата, но не му било гајле. Пред тоа, тој го создаде легендарниот балон фустан .

Тој исто така беше првиот што започнал со колекции „пред-а-портер“, воведе геометриски кроеви и форми и беше заслужен за создавање унисекс модата.

Карден го позајми своето име од голем број производи како што се мебел, минерална вода, автомобили и грамофони, што исто така не и се допаѓало на модната елита.

Тој исто така беше првиот кој се проби на тогашниот советски и кинески пазар.

Сето ова го направи еден од најбогатите луѓе во Франција и остава зад себе модна империја со стотици фабрики и лиценци ширум светот.

Никогаш не го криел своето богатство. „Можам да си дозволам сè“, рече тој во едно интервју.

Тој исто така рече дека секогаш гледал подалеку од неговите колеги, а работел и длабоко во доцните старечки години. "Ноќе гледам форми, материјали, бои. Се будам и цртам".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата

Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем.

Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата.

Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени.

Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат.

СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења.

Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.

Нов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица

Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24.

Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан.

Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница.

Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер