Почина митрополитот црногорско-приморски Амфилохие - Канал 5

Почина митрополитот црногорско-приморски Амфилохие

Ѕвоната во сите православни цркви во Црна Гора заѕвонеа во чест на митрополитот црногорско-приморски Амфилохие, а многу верници дојдоа да му оддадат почит во Соборниот храм  во Подгорица.

Почина митрополитот црногорско-приморски Амфилохие

82-годишниот митрополит, втор по ранг меѓу епископите во Српската православна црква утрината почина во болница, како последица на пневмонија предизвикана од Корона вирусот, иако пред 10-ина дена тој доби и негативен тест.

Ова е еден од најтажните денови за нашата црква, порача српскиот патријарх Иринеј. Српскиот претседател Вучиќ рече дека би сакал да се работи за неточна вест, а новиот мандатар во Црна Гора, Кривокапиќ дека Црквата денеска добила светец. По своја желба, Амфилохие ќе биде погребан во недела во црквата во Христово воскресение во Подгорица, а дотогаш камбаните ќе ѕвонат три пати во денот.

-Најавени се голем број гости кои ќе дојдат достоинствено да го испратат митрополитот, онака како што тој заслужува., изјави Протејереј Никола Пејовиќ

Важеше за еден од најобразованите, но и најконтроверзни владици во СПЦ, како што велеше за себе, воспитан со гусла и проповед за јунаштвата. Критичарите го обвинуваа дека е премногу политизиран, а многумина го доживеаја како главна фигура за обединување на опозицијата во Црна Гора и за падот на моќта на Ѓукановиќ. Изјави и дека само Албанија на Енвер Хоџа била поатеистичка земја од социјалистичка Црна Гора.

Амфилохије беше заменик на српскиот патријархот Павле до неговата смрт во 2009-та. Прашан дали се гледа како негов наследник, само кусо рече „Црнорците така лесно нема да се ослободат од мене.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во Полска

Синоќа во преполната сала на театарот во Бјалисток, Полска, Народниот театар Битола ја изведе „Кориолан“ како дел од јубилејното 10. издание на меѓународниот театарски фестивал „Direction East“.

Уште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во Полска

Делото од Вилијам Шекспир, во режија и адаптација на Џон Блондел, и овојпат го привлече вниманието на публиката која ги награди актерите со долготрајни и стоечки аплаузи.

Секое гостување надвор од границите на нашата земја е повеќе од сценски настап – тоа е можност македонската култура да биде видена, слушната и препознаена. Секое учество на фестивал од меѓународен карактер отвора простор за размена на уметнички искуства, нови професионални контакти и идни соработки, а воедно го потврдува местото на Народниот театар Битола во современиот европски театарски простор.

„Токму преку ваквите гостувања, театарот станува културен амбасадор на својата земја – носејќи ги со себе јазикот на уметноста, креативноста на нашите уметници и приказните што ги поврзуваат различните култури“, истакнуваат од НТБ.

Оваа изведба во Полска, следуваше по гостувањата на „Охридско лето“, Shakespeare Fringe Festival во Верона и „Magical Nights in Butrint“ во Саранда.

Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска.

Од Битола кон европските сцени – и овојпат со гордост НТБ го претстави македонскиот театар и понатаму продолжува да гради мостови преку уметноста.

Фото: Ивона Кочов

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрога

На 16.10.2026 во 14:17 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода И.П.(22) и С.Т.(19) двајцата од Прилеп. 

Лишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрога

Имено, врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршија претрес во домот на И.П., од Прилеп при што пронајдена и одземена е марихуана, а затекната била и С.Т., кај која при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок

На 15.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

При спроведената контрола констатиран е вкупно 541 прекршок, од кои 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок е констатиран во населено место.

Во текот на контролата констатирани се и 58 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер