Почина мајката на Бред Пит: „Љубовта што ја даваше беше неограничена“ - Канал 5

Почина мајката на Бред Пит: „Љубовта што ја даваше беше неограничена“

Мајката на холивудската ѕвезда Бред Пит, Џејн Ета Пит, почина на 84-годишна возраст, јавуваат американските медиуми.

Почина мајката на Бред Пит: „Љубовта што ја даваше беше неограничена“

Пит и неговиот брат Даг и сестрата Џули пораснале во Спрингфилд, Мисури, со нивната мајка Џејн, пензионирана училишна советничка, и татко им Вилијам, поранешен сопственик на компанија за камиони.

Внуката на актерот, Сидни, ќерка на Даг Пит, ѝ оддаде почит на својата покојна баба на Инстаграм, пишувајќи дека таа имала „најголемо срце“ и „длабоко се грижела за сите и за сè, без прашање“.

„Драга моја бабо, не бевме подготвени да си одиш, но сознанието дека конечно си слободна повторно да пееш, танцуваш и сликаш ни олеснува малку“, напиша таа во проштална објава.

Додаде дека нејзината баба се грижела за сите 14 внуци со неверојатна леснотија: „Љубовта што ја даваше беше безгранична и ја чувствуваа сите што ја познаваа. Не знам како ќе се снајдеме без неа... Навистина бевме благословени што ја сакавме додека растевме и знам дека таа продолжува да живее во секој од нас.“

На специјалната проекција на неговиот најнов филм „Ф1“ во јуни, Пит ѝ испрати порака на својата мајка со поддршка, додека ѝ кажуваше на водителката Савана Гатри дека секој ден ја гледа емисијата „Today“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел

Македонија е лидер во исполнување на задачите од реформската агенда, не е точно дека Црна Гора и Албанија напредуваат побрзо од нас, оценува премиерот Христијан Мицкоски.

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел

Во пресрет на Самитот на ЕУ во Брисел попладнево кадешто ќе седнат на иста маса со лидерите од регионот и европските челници Урсула фон дер Лајен, Антонио Кошта и Каја Калас, македонскиот премиер очекува да се потврдат заложбите за што побрза интеграција на Западен Балкан во унијата. Кажа дека е отворен за дијалог со соседите, но го повтори владиниот став дека нема да има уставни измени.

„ Ќе се навратам на мојата изјава за автобусот што се ниша. Така во моментов изгледа нивниот пат кон ЕУ, и на Црна Гора и на Албанија. Ние, пак, спроведуваме реформи и навистина сме лидери кога станува збор за Реформската агенда. / Ние одбиваме да разговараме за билатерални прашања, како пречка кон нашето полноправно зачленување во Европската Унија. Ние сме подготвени заедно со ЕУ и тие што имаат билатерални нерасчистени односи со нас, ако е потребно, во рамките на овој процес да седнеме било каде и било кога и на било која тема. За жал, како што гледам, од другата страна нема интерес, така што ние ќе продолжиме да го испорачуваме она што е наша домашна задача. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Дека Македонија е во топ три во исполнување на рефорите од Планот за раст се согласува и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Во интервју за МИА потенцира дека ги разбира фрустрациите во Македонија од застојот, но реалноста е таква што членките во ЕУ ја користат позицијата за блокада поради билатерални спорови. Ја повика Владата да ги спроведе уставните измени.

„ Иако сметам дека билатералните прашања не треба да се мешаат во пристапниот процес, тие понекогаш сепак се на маса и мора да се решаваат во духот на добрососедските односи. Ова е вистинскиот момент и С. Македонија да тргне напред, од политичарите во С. Македонија зависи дали тоа ќе се случи. Откако ќе се направат уставните измени, ќе можеме да продолжиме без каква било дополнителна политичка одлука. Мојот апел до Владата е да го направи тој чекор и да ја исполни својата обврска. “Марта Кос – еврокомесар за проширување.

Во фокусот на самитот во Брисел попладнево ќе бидат неколку теми меѓу кои постепената интеграција, миграцијата, планот за раст.. Според последните најави, Европската комисија планира зголемување од 10 проценти на финансиските средства за Македонија во рамките на Планот за раст, додека Црна Гора и Албанија ќе добијат по 15 проценти повеќе.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од католичката црква „Свети Јосиф“ на Бит-пазар е украдена дарохранителницата

Скопската бискупија ја известува јавноста дека во текот на ноќта меѓу 24 и 25 ноември 2026 година, од католичката црква „Свети Јосиф“ на Бит-пазар во Скопје е украдена дарохранителницата во која се чува Пресветата Причест, односно осветени хостии.

Од католичката црква „Свети Јосиф“ на Бит-пазар е украдена дарохранителницата

Случајот е пријавен кај надлежните институции и во тек е полициска истрага.

За Католичката црква Пресветата Причест е најсветиот дар доверен на Црквата и средиште на нејзиниот литургиски и духовен живот. Поради тоа, нашата најголема грижа во овој момент е осветените хостии да бидат пронајдени и достоинствено вратени.

Скопската бискупија упатува искрен апел до лицето или лицата кај кои се наоѓа дарохранителницата, а особено Пресветата Причест, да овозможат нејзино враќање што е можно поскоро.

Доколку некој ги поседува осветените хостии и сака да ги врати, го повикуваме тоа да го направи со доверба и без страв од осуда од страна на Црквата. Нашата желба е тие да бидат вратени со должна почит.

Ги повикуваме и сите граѓани кои располагаат со било каква информација што може да помогне во пронаоѓањето на дарохранителницата и Пресветата Причест да се обратат до надлежните органи.

Воедно, ги повикуваме сите верници да се соединат во молитва за пронаоѓање и достоинствено враќање на Пресветата Причест, како и за покајание, помирување и преобраќање на срцата.

Нека овој немил настан биде и повик до сите нас за уште поголема почит кон она што е свето.

Скопска бискупија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи надзорната расправа за АЛТА банка во Собранието

Трајко Славески беше мој личен избор по консултација со експерти, немаше никакво политичко влијание, дојдов тука од почит кон граѓаните, иако не сум надлежна за банкарскиот сектор, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Продолжи надзорната расправа за АЛТА банка во Собранието

Трајко Славески беше мој личен избор по консултација со експерти, немаше никакво политичко влијание, дојдов тука од почит кон граѓаните, иако не сум надлежна за банкарскиот сектор, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова која во својство на сведок прва одговараше на прашањата од пратениците на втората надзорна расправа за Алта банка во Собранието. Претседателката како бизарни и навредливи ги отфрли прашањата од опозицијата врз основа на кои критериуми го номинирала Славески за гувернер на НБРМ, и дали неговиот избор бил само заради договор меѓу Мицкоски со Мацура и Вучиќ да се внесе Алта банка во Македонија.

- Не тврдам дека постои докажан договор меѓу вас Мицкоски, Мацура и Вучиќ, но кога гувернерот јавно потврдува дека се консултирал со премиерот за влезот на конкретната банка, сосема легитимно е да се бара одговор дали зад овој процес имало политичко договарање. И затоа ве прашувам дали назначувањето на Славески беше само заради дилот со Мацура и Вучиќ да се внесе Алта банка во Македонија, рече Мираковска.

- Навредливо е за мене да одоговарам на прашања за односите со Вучиќ, Мацура, бесмислено е. Уставот ја гарантира самостојноста на НБРМ, а Законот за Народната банка ја гарантира нејзината независност. НБРМ не смее да прима насоки од никого, вклучувајќи го и претседателот. Како си дозволувате да кажете како сум го избарала. Го избрав врз основа на законски утврдени критериуми, без никаков притисок, одамна сум докажала дека сум имуна на притисоци, изјави Силјановска Давкова.

Додека траеше исказот на Силјановска Давкова, атмосферата во салата се вжешти со довикување од страна дел од пратениците, што ја поттикна претседателката да реагира, по што процедурално реагираше и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски кој ја повика на взаемна почит.

На надзорната расправа сведочеше и бизнисменот и поранешен директор на ЕУРОСТАНДАРД банка, Трифун Костовски, кој праша зошто НБРМ тогаш не ја спасила Еуростандард како АЛТА банка сега. Мацура кажа дека не го познавал, а одговори и на пратеничките прашања дали имал комуникација со тогашните владини функционери од СДСМ пред затворањето на Еуростандард банка.

-Средба со Заев не сум имал, синот мој ми покажа дека дента кога е однесена банката во стечај, мојот син имал средба со тогашниот технички премиер Оливер Спасовски и било разговарано да се запре евентуално било каков процес, бидејќи ние како акционери имавме голема желба банката да не се однесе во стечај. Банката се носи во стечај кога немаме Влада, Собрание, институции, а соработката меѓу институциите е клучна. Затоа ја поддржувам одлуката на НБРМ да ја спаси АЛТА банка, изјави Костовски.

Во меѓувреме, од Народната банка соопштија дека правните лица кои имаат платежни сметки во „Алта банка“ АД Битола од денеска ќе можат без ограничување на износот да располагаат со новите приливи, доколку средствата се префрлени од сметки во други банки или кај други даватели на платежни услуги.

Со оваа одлука, како што велат од НБРМ, компаниите ќе можат во целост да ги користат новопримените пари кои пристигнуваат од други финансиски институции. Истата можност веќе важи и за физичките лица.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер