Почина Крис Кристоферсон - Канал 5

Почина Крис Кристоферсон

 Крис Кристоферсон, влијателен американски пејач и текстописец, како и успешен глумец, почина во саботата на 88-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Почина Крис Кристоферсон

Кристоферсон починал мирно во својот дом на островот Мауи, Хаваи, САД, опкружен со семејството. Причината за смртта не е наведена.

Кристоферсон е роден во Браунсвил, Тексас на 22 јуни 1936 година. По дипломирањето на колеџ во Калифорнија, каде што играл и рагби, продолжил на Универзитетот во Оксфорд, а потоа ја следел семејната традиција, па отслужил и војска.

Кристоферсон се пробил во светот на музиката како текстописец во главниот град на кантри-музиката - Нешвил. Неговите текстови за хитовите „Help Me Make It Through the Night“, „For the Good Times“ и „Me and Booby McGee“ - една од последните песни отпеана од Џенис Џоплин, беа наградени со „Греми“.

Зад себе има и околу 120 улоги во филмски и ТВ-продукции.

Кристоферсон и неговата трета сопруга Лиза, со која се оженил во 1983 година, живееја на хавајскиот остров Мауи повеќе од 30 години. Тој имаше осум деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрон се урна во Литванија

Дрон, кој најверојатно навлегол во литванскиот воздушен простор од соседна Полска, се урнал на северот од оваа земја-членка на ЕУ и НАТО, соопшти денеска министерот за одбрана Робертас Каунас.

Дрон се урна во Литванија

Остатоците оштетиле приватен автомобил, но нема повредени, изјави Вилмантас Виткаускас, шеф на Националниот центар за управување со кризи.

Засега не е познато дали леталото носело експлозив, а во тек е истрага, додаде тој. Претходно денеска, властите ги повикаа жителите во централните и северните делови на земјата да побараат засолниште поради присуството на неидентификуван летечки објект.

Во областа беа испратени борбени авиони на НАТО за заштита на воздушниот простор, а аеродромот во Каунас беше затворен во траење од околу еден час.

Украина: Русите ги попречуваат сигналите

Полската војска денеска исто така пријави можно нарушување на својот воздушен простор. Во последните месеци, украински дронови во неколку наврати навлегоа во воздушниот простор на НАТО во балтичкиот регион.

Од Киев изјавија дека дроновите отстапиле од планираните патеки на летање поради руско попречување на сигналите. Ова предизвика загриженост дека руската војна во Украина би можела да се прелее преку границите на НАТО.

Извор: Индекс.хр

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени сообраќајни контроли во Скопје: Осум возачи под дејство на алкохол

Четири лица лишени од слобода за безобѕирно управување со моторно возило.

Засилени сообраќајни контроли во Скопје: Осум возачи под дејство на алкохол

Во текот на ноќта на 17/18.10.2026 година, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе засилена акциска контрола на подрачјата на општините Илинден, Гази Баба и Кисела Вода, со посебен акцент на откривање и санкционирање возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол.

При контролата откриени се осум возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои тројца се лишени од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, бидејќи кај нив било утврдено присуство на алкохол над 1,50 ‰.

Дополнително, од слобода е лишено уште едно лице поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, затоа што управувало моторно возило без возачка дозвола.

Против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот.

Апелираме до сите возачи и учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило под дејство на алкохол и со своето одговорно однесување да придонесат за побезбедни патишта

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 25 возачи за „безобѕирно управување возило“

12 возеле без положен возачки испит, 11 под дејство на алкохол, а двајца возеле со активна забрана.

Лишени од слобода 25 возачи за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 25 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 12 лица управувале возило без положен возачки испит и тоа, В.Р.(24), А.Н.(31), М.С.(32), Б.Д.(48), И.М.(22) и М.А.(20) и уште двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години сите од Скопје А.Џ.(32) од селото Ново село, Ј.Б. (25) од село Орланци, М.И.(44) од село Бојане, и еден малолетник од Кочани. Под дејство на алкохол патничко возило управувале, К.В.(51) и Ѓ.С.(35) двајцата од Скопје, Р.К.(30) од Радовиш, В.М.(24) од Штип, Д.П.(21) од Штип, К.К.(41) од Прилеп, Д.В.(47) од Прилеп, В.К.(43) од Прилеп, Б.Р.(63) од Неготино, Б.Т.(27) од село Негорци, гевгелиско, М.Б.(42) од Гевгелија, додека В.С.(53) од Делчево и П.Д.(24) од Битола управувале возило за време на изречена забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер