Почина ќерката на Нелсон Мандела

Почина Зинџи Мандела, ќерка на поранешниот претседател на Јужна Африка и херој за човекови права Нелсон Мандела, објави денеска  Африканскиот национален Конгрес (АНЦ).

Зинџи Мандела, ќерката на Нелсон и активист Вини Мадикизела-Мандела, стана славна откако во 1985 година јавно прочитала писмо од нејзиниот татко во кое тој ја отфрли понудата од тогашниот јужноафрикански лидер П.В. Боте да биде пуштен на слобода.

Државната телевизија САБЦ објави дека 59-годишната Зинџи, која била амбасадор во Данска, починал во болница во Јоханесбург.

Портпаролот на АНЦ изјави дека Зинџи Мандела „заминала прерано“. „Таа требаше да го продолжи својот придонес во трансформацијата на нашето општество и да игра поголема улога во АНЦ. Таа нè напушти премногу брзо“, рече портпаролот.

Досега не се објавени други детали за нејзината смрт.

По страотната трагедија од денеска тридневна жалост во Либан

Најмалку 100 загинати и над 4000 повредени е досегашниот биланс од страшната експлозија која синоќа се случи ви Бејрут. 

Засега нема информации за евентуално загинати или повредени македонски граѓани. Од МНР потврдија дека преку дипломатски канали се собираат информации за тоа дали меѓу настраданите има и наши грѓани. Засега е сигурно дека тројцата македонските војници кој се дел од мисијата УНИФИЛ се добро и се на безбедни локации надвор од либанската престолнина.

Утринските снимки од дрон најдобро сведочат за силината на детонацијата која ретко се гледа.

Светот денес ја виде страотната детонација од повеќе англи, а видеата со страдањето на луѓето набрзо станаа вирални.

-Не знам што се случи. Ловев риба. Слушна дека има пожар и тргнав да си одам дома. Одеднаш само слушнав силна екслозија и после се случи ова. Гледате повреден сум, но незнам што точно се случи.

Либискиот премиер Хасан Даим чија жена и дете се меѓу повредени им вети на жртвите дека одговорните за за оваа трагедија ќе одговараат...

-Бејрут е нападнат, Либан страда од катастрофата. Ова е голема национална катастрофа. Сликите кои ги гледаме најдобро говорат за големината на оваа трагедија. Toa што се случи нема да помине без одговорност. Одговорните ќе платат цена за оваа катастрофа. Ова е мое ветување до настраданите,вели Хасан Даиб – Премиер на Либан.

Но, за ова ветување да се оствари примарно е да се октијат точните причини за детонацијаат која ја разурна околината на на пристаништето во Бејрут, што претставува и најнаселениот дел од градот. Либанските безбедносни служби сметаат дека се работи експлозија предизвикана од разорни средства, а не од пиротехника како што првично се претпоставуваше.

Последните информации се дека се работи за амониум нитрат, што претставува природна, кристална супстанца, која во најголеми количини ја има во пустината Атакама во Чиле, па се нарекува и чилска шалитра. Оваа супстанција може да се направи и лабораториски.

Американскиот претседател Доналд Трамп во врска со екслозијата кажа дека според него станува збор за напад со бомба.

Инаку, интересно е што амониум нитрат во минатото често се употребувало како експлозив за терористички напади. Така тој бил користен за нападот на ИРА 1993 година на финансискиот дистрикт „Биш опгејт“ во Лондон, како и за тој во 1995 година врз владиниот комплекс во Оклахома, кога загинаа 169 лица..

Туристичките агенции ќе може да се регистрираат на платформата “Дома си е дома“

​Министерството за економија овозможи сите лиценцирани туристички агенции кои сакаат да работат со ваучери за туризам,  да можат дополнително да се регистрираат на платформата “Дома си е дома“ заклучно со 10.08.2020 година.

На тој начин граѓаните кои добиле ваучери за туризам освен во сместувачките капацитети да можат да ги искористат ваучерите и преку туристичките агенции кои ќе се регистрираат на платформата.

Согласно Уредбата со законска сила за издавање на ваучери за туризам на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, Министерството за економија ги повикува сите лиценцирани туристички агенции кои сакаат да работат со ваучери за туризам, во рамките на нивните понуди за Република Македонија да вклучат и можност за резервација со ваучери за туризам издадени од страна на Министерството за економија преку платформата domasiedoma.gov.mk.

За таа цел туристичките агенции ќе треба да се регистрираат на платформата domasiedoma.gov.mk (линк за пријавување https://domasiedoma.gov.mk/register-form/) со цел добивање на пристап во платформата заклучно со 10.08.2020 година.

За да исполнуваат услови за добивање на пристап во платформата туристичките агенции треба да имаат валидна лиценца за работа издадена од страна на Министерството за економија и истата да ја прикачат на самата платформа.

Агенциите кои претходно се имаат пријавено на платформата „Дома си е дома“, а ги исполнуваат условите (имаат валидна лиценца) автоматски ќе бидат одобрени од страна на Министерството за економија.

Туристичките агенции во рамките на понудите можат да понудат сместување, а и да вклучат и дополнителни услуги како што се: превоз до туристичките центри, екскурзии, водичи, прошетки и сл.

При реализација на ваучерот преку туристичка агенција, агенциите треба да имаат склучени договори со објектите за сместување (категоризирани).

Туристичката агенција треба да води евиденција за секој корисник на ваучер и тоа име и презиме на носителот на ваучерот, термин кога се користи ваучерите и назив на објектот во кој ваучерот ќе се користи.

Доколку туристичката агенција нуди аранжмани, во договорот за аранжман треба да стои име и презиме на носителот на ваучерот, термин и времето кога истиот ќе се користи и во кој објект.

Туристичките агенции до Министерство за економија ќе достават фактура за плаќање на искористени ваучери за туризам со прилог (листа со кодовите од ваучерот за туризам и име и презиме на носителот на ваучерот, име на објектот каде лицето престојувало и договори со угостителските објекти и објектите за сместување каде се искористени ваучерите).

Со оваа можност освен на туристичките агенции, Министерството за економија излегува во пресрет на граѓаните кои имаат ваучери за туризам за да може да го искористат за повеќе услуги преку туристички агенции како што е превоз до туристичките места.

За 20 дена откако стартуваше мерката ваучери за домашен туризам до денеска искористени се над 8.400 ваучери.

Ваучерите граѓаните ќе може да ги искористат до 15 декември 2020 година.

Ваучер за туризам се издава на вработени лица со низок доход заради плаќање на искористена туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти за сместување и преку даватели на туристички услуги, регистрирани вршители на туристичка дејност.

Министерство за економија

Одделение за односи со јавност

Во Хрватска се одбележуваат 25 години од операцијата “Бура“

Хрватска одбележува 25 години од операцијата „Бура“.

Одбележувањето кое сепак се одвива со предвидените здравствени протоколи поради ковид епидемијата, годинава падна во сенка на полемиката, во Хрватска и Србија, во однос на одлуката во Книн да присуствува потпретседателот на хрватската влада од самостојната Демократска српска партија Борис Милошевиќ, кој денеска стоеше во редот близу хрватскиот премиер Пленковиќ.

„Што се однесува до доаѓањето на потпреседателот на владата Борис Милошевиќ, можам да кажам дека оваа моја иницијатива беше логична, природна, нормална. Клучно е тоа што 25 години по „Олуја“ испраќаме важен сигнал во кој политички претставник на Србите во Хрватска, воедно и потпретседател на владата, доаѓа на „Олуја“ и испраќа порака до хрватското општество“, кажа Пленковиќ по положувањето венец на гробиштата Мирогој пред хрватскиот ден на победата

притисни ентер