Почина ќерката на Елвис, Лиза Мари Присли- не се опорави по смртта на синот - Канал 5

Почина ќерката на Елвис, Лиза Мари Присли- не се опорави по смртта на синот

Лиза Мари Присли, ќерката на Елвис Присли, почина на 54-годишна возраст откако доживеала срцев удар во нејзиниот дом.

Почина ќерката на Елвис, Лиза Мари Присли- не се опорави по смртта на синот

Веста за нејзината смрт дојде неколку часа откако таа заврши во болница.

TMZ синоќа објави дека болничарите и вршеле CPR во нејзиниот дом пред да ја однесат во болница. Наводно ѝ бил даден епинефрин на местото на настанот за да им помогне на болничарите да ѝ го вратат пулсот. Сепак, сѐ било залудно и Лиза Мари Присли починала во болница.

Мајката на Лиза Мари, Присила Присли, ја потврди веста за нејзината смрт преку соопштение за медиумите.

„Со тешко срце морам да ја споделам тажната вест дека мојата прекрасна ќерка Лиза Мари нè напушти. Таа беше најстрасната, најсилната, највљубената жена што некогаш сум ја запознала. Бараме приватност додека се обидуваме да се справиме со оваа тешка загуба. Ви благодариме за љубовта и молитвите. Засега нема да има дополнителни коментари“, објави Присила.

Инаку, Лиза во вторникот беше на доделувањето на Златните глобуси. Таа и нејзината мајка беа присутни за да го поддржат Остин Батлер, кој освои Глобус за неговата улога како кралот на рокенролот Елвис.

Лиза Мари Присли е родена во 1968 година и е сопственик на замокот на нејзиниот татко Грејсленд во Мемфис, популарна туристичка атракција. Таа имала девет години кога Елвис почина од срцев удар во Грејсленд во 1977 година, на 42-годишна возраст.

Нејзината музичка кариера започна со нејзиниот деби албум To Whom It May Concern во 2003 година. Потоа следеше Now What во 2005 година, од кои и двете стигнаа до топ 10 на Билборд 200. Нејзиниот трет албум, Storm and Grace, беше објавен во 2012 година.

Во август минатата година, таа сподели текст што го напиша за магазинот People, во кој размислува за трагичната смрт на нејзиниот син Бенџамин Кеу, кој починал во јули 2020 година. „Сакав да го објавам ова овде со надеж дека ќе му помогне на секој што треба да го слушне на некој начин“, напишала Лиза во објавата.

„Смртта е дел од животот, без разлика дали ни се допаѓа или не. Таква е и тагата. Тагата не престанува или исчезнува на кој било начин, една година или повеќе по загубата. Тагата е нешто што ќе мора да го носите со себе во остатокот од животот, и покрај тоа што некои луѓе сакаат да нѐ убедат во спротивното.Не можеш да преболиш ниту да продолжиш понатаму“, напишала Лиза во текстот и признала дека се обвинува себеси за смртта на Бенџамин.

„Ништо, апсолутно ништо не може да ја отстрани болката, но понекогаш поддршката може да ви помогне да се чувствувате помалку сами“, додаде Лиза тогаш. Во коментарите под објавата, многумина сега пишуваат дека текстот на Лиза ги растажил, но дека таа „сега е со синот и таткото“.

Таа го имаше синот Бенџамин во бракот со Дени Киу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода седум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит

Сите седум лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за А.С.(25) и М.С.(19), двајцата од Скопје, И.Ќ.(36) од село Долно Палчиште, Општина Боговиње, Д.М.(20) од Гостивар, Т.К.(50) од село Близанско, Општина Македонски Брод, Д.С.(40) од Радовиш и С.М.(23) од Прилеп.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол. Само со одговорно однесување на секој учесник можеме заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

17-годишник со пушка рани две вработени во училиште во Крагуевац

Вообичаениот училиштен ден се претворил во вистинска драма во во Првото техничко училиште во Крагуевац, кога  17-годишник, ученик во четврта година упаднал во објектот и отвори оган. 

17-годишник со пушка рани две вработени во училиште во Крагуевац

Откако малолетникот точно во 8 часот пукал со пушка со мал калибар, најверојатно сопственост неговиот татко. Едната вработена, која работела како хигиеничарка, била погодена од куршум, додека друга се здобила со повреди од парчиња стакло што се распрснале од силината на истрелот.

Според српските медиуми, само благодарение на сплет на среќни околности и фактот што на напаѓачот му се укочило чкрапалото на пушката избегнат масакар врз учениците и наставниците кои во тој момент биле зад затворените врати од училниците.

Двете жени веднаш биле пренесени во болница, а потешко повредената е надвор од животна опасност.

Директорот на училиштето, Немања Јоксимовиќ, потврди дека сите ученици безбедно ја напуштиле училишната зграда по пукањето и објасни дека претходно немало проблеми со ученикот кој е уапсен.

-Учениците од Првото техничко училиште безбедно ја напуштија зградата. Ученик од четврта година рани колешка, вработена во Првото техничко училиште. Колешката е надвор од животна опасност. Со брзата реакција на припадниците на МВР, ученикот е уапсен. Ќе ја следиме ситуацијата и ќе се обидеме наставата што поскоро да се нормализира – изјави – Немања Јоксимовиќ, директор на Првото техничко училиште во Крагуевац .

Од српското МВР потврдија дека малолетникот е уапсен и дека полицијата работи на утврдување на сите факти и околности поврзани со нападот.

Во меѓувреме, српските медиуми објавуваат неофицијални информации за активностите на осомничениот на социјалните мрежи и за наводна содржина поврзана со трагедијата во белградското основно училиште„ Владислав Рибникар “.

А, особено внимание привлекува и фотографијата која ја ставил на неговиот наводен Вибер профил, на кој е истакнат денешниот датум 24 ноември. Воедно, се појавила и фотографија на која, наводно, осомничениот ученик позира со огнено оружје, пренесуваат медиумите. Автентичноста на овие објави засега не е официјално потврдена.

Случајот предизвика големо вознемирување во српската јавност. Пред три години, тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ влезе во училиштето во кое учел и со пиштолот на својот татко уби деветмина соученици и училишниот обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инцидентот пред Поликлиниката во Аеродром го вклучи алармот – неопходно ли е обезбедување во болниците?

Медицински сестри што за време на дежурства во болници биле претепувани и со години живеат со последици од насилството е редовна пракса кај нас и има многу случаи што не стигнуваат до јавноста.

Инцидентот пред Поликлиниката во Аеродром го вклучи алармот – неопходно ли е обезбедување во болниците?

Медицински сестри што за време на дежурства во болници биле претепувани и со години живеат со последици од насилството е редовна пракса кај нас и има многу случаи што не стигнуваат до јавноста за разлика од последниот кога викендов пред поликлиниката „Јане Сандански“ беше нападната екипа на Итната помош, и затоа е потребен систем што ќе овозможи во исто време и заштита на персоналот и остварување на правата на пациентите. Ова е ставот на Здружението на сестри, акушерки и техничари „За нас“ кои реагираат за целокупниот однос кон овој кадар со години наназад од страна на државата.

-Ако системската поставеност ве штити во здравствените институции, вие сте во доволен број, имате доволно возила, па сте доволно екипи, па системски нема да морате продурални администрации да спроведувате и можете автономно да одлучувате, имате лиценца (како што нема за медицински сестри во државата) за да одлучиме за нешто, затоа некогаш може да одлучите за доброто на пациентот, а потоа да одговарате бидејќи никаде не пишува дека тоа сте смееле да го направите,- - Гордана Бешлиовска - Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.

Додека освен зголемување на бројот на здравствени работници, медицинските здруженија од Министерството за здравство бараат и задолжително физичко обезбедување во сите болници наместо реакција по секој нов инцидент, Министерот Клековски вели дека не е возможно да има обезбедување насекаде и со секоја екипа.

-Ангажирање на дополнително обезбедување е оправдано, но тоа е оправдано на одредени точки. Меѓутоа дека ние ќе имаме обезбедување со секоја брза помош е невозможно. Да, можеме да обезбедиме некои точки, но не можеме сите точки, не можеме да ја претвориме државата во полициска држава,- - Сашо Клековски – министер за здравство

Иако годишните пријави до МВР за напад врз лекар или медицински персонал можат да се избројат на една рака, според објавени последните објавени податоци на Лекарската комора околу 70 отсто од докторите во здравството соочуваат со насилство на работно место, најчесто со вербални напади.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер