Германија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во Лајпциг
1Германија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во Лајпциг
1.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
11.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
Шоу бизПочина глумицата Леа МасариИталијанската глумица и икона на европското кино, Леа Масари почина во својот дом во Рим. Таа починала во понеделникот, само неколку дена пред да наполни 92 години, објави „Холивуд репортер“.Своето сценско име го зела во чест на нејзиниот покоен свршеник. Родена како Ана Марија Масатани на 30 јуни 1933 година, таа потоа на сцената се нарече Леа - по Лео, кој погинал во трагична несреќа непосредно пред да се венчаат. Во повеќедецениската кариера во областа на филмот, телевизијата и театарот, Масари глумеше заедно со Ален Делон, Жан Пол Белмондо, Мишел Пиколи и Омар Шариф. Таа беше миленичка и на критичарите и на публиката, но ги избегнуваше „рефлекторите“, па откако се пензионираше од глумата пред повеќе од 30 години, ретко се појавуваше во јавноста. Студирала архитектура, работејќи како модел за да се издржува, пред да влезе во светот на филмот преку познатиот костимограф и добитник на „Оскар“ - Пјеро Герарди, кој бил семеен пријател. Нејзиното деби се случило во филмот „Забрането“ (1955) на Марио Моничели. Но, славата дошла со нејзиниот следен филм „Соништата во фиока“ (1957) на Ренато Кастелани, каде што Леа глуми млада невеста и амбициозна студентка чиишто соништа се менуваат кога таа забременува. Други позначајни улоги се оние во филмовите: „Авантура“ (од 1960 г., како Моника - партнерка на проблематичниот учител (Ален Делон)); „Индиско лето“ (1972); како и драма-комедијата номинирана за „Оскар“ - „Шум во срцето“ (1971). Масари се омажи со Карло Бјанкини - поранешен пилот на „Алиталија“, во 1963 година. Тие немале деца и се развеле во 2004 година. Откако се пензионираше од екранот и сцената, Масари стана страствена застапничка за правата на животните и активистка против ловот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
СветГерманија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во ЛајпцигЕксплозивни дронови пронајдени во близина на аеродромот во Лајпциг покажуваат дека Германија е под закана, изјави канцеларот Фридрих Мерц откако беше објавено дека бил откриен уште еден ваков уред.„Нападот со беспилотни летала во Лајпциг, меѓу другото, покажува дека се соочуваме со многу реални закани. германија е под зголемен надзор од хибридни напаѓачи“, рече Мерц. Германските власти за борба против тероризмот отворија истрага на 5 август откако еден вработен на аеродромот во Лајпциг пронајде дрон што носел експлозивна направа, на која детонаторот очигледно откажал. Истражителите пронашле уште еден дрон на 14 август во близина на аеродромот во Лајпциг.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски за Јотова: Нема да навлегувам во дискусија со луѓе заглавени во минатиот век„Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век, со своите политики кои што ги водат“.Тоа изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на бугарската претседателка Илијана Јотова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од КиткаВо повеќе делови од земјава денеска се активни пожари на отворен простор.Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно 11 пожари, од кои шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати. Продолжува интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа каршијака, а директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека сериозен пожар избил пожар во општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. Наведе дека итно биле испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци, но не биле доволни да се сопре огнената стихија којашто се движела со голема брзина, поради што ги пренасочил ер-тракторите коишто од рано утрово дејствувале на големиот пожар на планината китка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook