Почина гитаристот на легендарната група The Cure - Канал 5

Почина гитаристот на легендарната група The Cure

Гитаристот на „The Cure“, Пери Бамонт, почина на 65-годишна возраст, објави бендот.

Почина гитаристот на легендарната група The Cure

Официјалната веб-страница на бендот ја потврди тажната вест еден ден по Божиќ дека музичарот починал по кратко боледување, објави Варајети.

Рок легендите, чиј сегашен состав ги вклучува Роберт Смит (65), Сајмон Галуп (64), Роџер О'Донел (69), Џејсон Купер (57) и Ривс Гебрелс (68), последен пат беа на врвот на официјалните албумски листи со нивното издание „Wish“ од 1992 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пронајде нов начин да го зајакне идентитетот, ќе го продаде

Венко Филипче вели дека Бугарија не го негирала македонскиот идентитет, иако ставовите на официјална Софија се јасни по ова прашање, дека сметаат оти македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека македонскиот и бугарскиот народ.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пронајде нов начин да го зајакне идентитетот, ќе го продаде

Иако Филипче јасно тврдеше дека не слушнал никој до сега како источниот сосед го негира македонскиот идентитет, сепак успеа да ги усогласи своите ставови со бугарското МНР.

Тој вели дека идентитетот би се зајакнал ако Македонија ги внесе Бугарите во Уставот, и тврди дека не бил загрозен на тој начин, иако Бугарија не го испорачува својот дел од обврските.

Ја обвинуваше својата држава дека создавала вештачки конфликти со соседите.

Заев еднаш веќе го отвори Уставот, а Филипче чека да дојде на ред за да го направи истото.

По стапките на Заев, подготвени се и СДС и Филипче на нова национална отстапка, само за да успеат да се додворат на Радев, очекувајќи дека некој ќе ги донесе на власт, затоа што народот веќе се има изјаснето дека нема да ги гласа.

Притоа, СДС и Филипче како опозиција се целосно отсутни, бојкотираат работни групи, одбиваат дијалог, и не признаваат ништо што Владата направила и што е добро за граѓаните. Нивната цел и стратегија се сведува само да се вратат на власт, без разлика по која цена и преку какви компромиси.

СДС и Венко Филипче сметаат дека не се тие криви за ваквите политики на распродажба, на редефинирање на историјата, туку народот е крив оти не ги гласа.

Комплетно ја обезличија Македонија додека беа на власт, ја испразнија државната каса, а државата исто така ја опустошија. И сега сакаат народот пак да им верува и да ги гласа по сите предавства што ги направија.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа во Скопје

Во Скопје  се одржува конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа. Конференцијата ја организира Врховниот суд на Македонија во соработка  со поддршка на проект на ЕУ за владеење на правото. 

Конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа во Скопје

Учествуваат претседатели, заменици претседатели и судии од 13 врховни судови од Централна и Источна Европа, како и виши окружни судии на САД , претседателката Гордана Сиљановска Давкова рече дека целта е да се дискутира како да се подобри судската власт.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 2 години Влада: Од 1198, резултатот на остварените ветувања на Мицкоски е НУЛА!

Две години по доаѓањето на власт на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ, ветувањата дадени пред граѓаните останаа само празни зборови.

СДСМ: 2 години Влада: Од 1198, резултатот на остварените ветувања на Мицкоски е НУЛА!

Анализата на програмата „Платформа #1198“ покажува дека по две години дури 90% од ветувањата не се исполнети.

Мицкоски и ВМРО ветуваа повисок животен стандард, а денес паричниците и фрижидерите на граѓаните се попразни.

Ветуваа пониска инфлација од 2,5%, а цените на храната растат, инфлацијата е 4,8% двојно повисока од просекот во Европа.

Ветуваа повеќе странски инвестиции, а странските инвестиции паднаа за речиси две третини.

Ветуваа нови работни места и повисоки плати, а граѓаните се соочуваат со зголемена сиромаштија од 22% и намалена куповна моќ.

Ветуваа намалување на задолжувањето а ги зголемија долговите за 2,5 милјарди евра.

Ветуваа поддршка за земјоделците од 180 милиони евра, а субвенциите ги намалија за 40 милиони евра. Намалени субвенции, намален откуп, неизвесен пласман и целосно отсуство на системска грижа.

Ветуваа мерки за младите да не се иселуваат, ништо не направија.

Ветуваа искоренување на корупцијата и правда за сите, а јавноста е сведок на тендерски скандали тешки над 150 милиони евра, партизација на институциите, контрола на правосудството.

Ветуваа напредок кон Европската Унија и реформи, а Македонија денес е со блокиран европски пат. Нема реформи, нема резултати, нема напредок, има само изолација.

Резултатот на остварените ветувања на Мицкоски е НУЛА!

Нула во реформите. Нула во подобрувањето на животниот стандард. Нула во зголемувањето на платите. Нула во мерките за младите. Нула во поддршка за земјоделците. Нула во европскиот пат.

Со Мицкоски Македонија забрзува кон пропаст.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер