3ВМРО-ДПМНЕ: Лагите и конструкциите на СДС нема да го запрат развојот на државата, резултатите се видливи, 2 години стабилен раст, развој и инвестиции
СветПочина Џорџо АрманиИталијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани почина, објави компанијата.„Со бескрајна тага, групацијата Армани ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила: Џорџо Армани“, се вели во соопштението на модната куќа. Армани, кој имаше 91 година, беше синоним за модерен италијански стил и елеганција. Тој ја комбинираше креативноста на дизајнер со остроумноста на бизнисмен, водејќи компанија која генерираше приходи од околу 2,3 милијарди евра годишно. Раѓање и почетоци Џорџо Армани бил роден на 11 јули 1934 година во Пјаченца, Италија. Во младоста студирал медицина, но по неколку години го напуштил универзитетот и се свртел кон модата. Работел како декоратор на излози во стоковната куќа Ла Ринашенте во Милано, а потоа како дизајнер за Нино Черути. Основање на брендот Армани Заедно со својот партнер Серџо Галеоти, ја основал Armani S.p.A. во 1975 година. Брзо станала позната по своите елегантни, минималистички кроеви и луксузни ткаенини. Тој особено се истакна со машките костуми кои го редефинираа деловниот стил во 80-тите. Глобален успех Армани изгради модна империја која вклучува неколку брендови (Џорџо Армани, Емпорио Армани, Армани Ексчејнџ), како и линии за парфеми, часовници, ентериери и хотели. Неговиот дизајн често се поврзува со поимите за софистицираност, италијанска елеганција и безвременски луксуз. Придонес во културата и филмот Тој стана познат и по облекувањето на холивудските ѕвезди - на пример, Ричард Гир носеше костуми на Армани во филмот „Американски жиголо“ (1980), што дополнително го зајакна неговиот углед. Армани остана на чело на својата компанија до длабока старост, инсистирајќи на независноста на брендот и одбивајќи да продава на големи конгломерати. Тоа беше синоним за модерен италијански стил.Тагови: Џорџо Армани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦелосна забрана за движење во шумите и шумското земјиштеЦелосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2026 година и ќе трае се до 31.08.2026 година. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите - ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2026 година и ќе трае се до 31.08.2026 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат. За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.Тагови: Забрана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска: Градиме почиста, позелена и попросперитетна иднинаИзразувајќи благодарност на Шведска и УНДП за нивната континуирана поддршка, министерката Божиновска потенцираше дека взаемното партнерство ни помогнало да изградиме посилни институции.„Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива. Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје, заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на живот на нашите граѓани“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на денешниот состанок на Третиот управувачки комитет во рамките на Програмската рамка помеѓу Сида и УНДП. На состанокот присуствуваа министерот за локална самоуправа, Златко Перински, амбасадорот на Шведска во земјава, Ола Солстром, постојаниот претставник на Развојната програма на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан, како и претставници на локалната самоуправа и институции. Изразувајќи благодарност на Шведска и УНДП за нивната континуирана поддршка, министерката Божиновска потенцираше дека взаемното партнерство ни помогнало да изградиме посилни институции, да развиеме иновативни решенија и да ги забрзаме реформите кои носат реални придобивки за нашите граѓани. „Владата останува цврсто посветена за резултатите постигнати преку овие напори да станат дел од нашите долгорочни национални политики. Заедно, не само што се справуваме со денешните предизвици — туку градиме почиста, позелена и попросперитетна иднина за Македонија“, рече министерката Божиновска. Ова партнерство, според министерката, покажува како меѓународната соработка, националната сопственост и локалната акција можат заеднички да одговорат на едни од најголемите предизвици на денешницата: загадувањето на воздухот, климатските промени, енергетската сигурност и одржливиот локален развој. Министерката посочи дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја става зелената транзиција во центарот на својата агенда. „Го забрзуваме инвестирањето во обновливи извори на енергија, ги унапредуваме мерките за енергетска ефикасност и создаваме услови за постепена декарбонизација на нашата економија.Но, зелената транзиција мора да донесе видливи придобивки за луѓето. Чистата енергија значи почист воздух. Тоа значи пониски емисии, поздрави заедници и модерни општини кои се подобро подготвени да привлекуваат инвестиции и да создаваат можности за локален развој“, нагласи министерката Божиновска. Програмската рамка Сида–УНДП, како што рече министерката Божиновска, е од особена важност бидејќи ги поврзува националните приоритети со локалната акција и им помага на институциите да преминат од планирање кон имплементација, покажувајќи дека одржливи решенија се можни кога владите, општините, развојните партнери и граѓаните работат заедно. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Лагите и конструкциите на СДС нема да го запрат развојот на државата, резултатите се видливи, 2 години стабилен раст, развој и инвестицииПолитичките напади, манипулации и конструкции на СДС и Венко Филипче нема да го запрат развојот на државата.Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека економската политика дава резултати. Стандардот на граѓаните постојано се подобрува, а платите континуирано растат. Македонската економија бележи стабилен раст веќе 7 квартали по ред, со БДП од 3%, што е јасен показател дека земјата е на вистинскиот пат. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 2 години успеа да го покачи номиналниот БДП за 140 милиони долари повеќе, отколку СДС за 6 години. Со историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции и најсилниот инвестициски циклус во поновата историја, Македонија повторно се гради и се развива. Резултатот на конкретната и посветена политика на Владата ги става граѓаните на прво место, се покачија платите на просветните работници, здравствените работници, припадниците на полицијата и одбраната. Бројките го потврдуваат ова. Просечната нето-плата пораснала од 40.496 денари на 48.433 денари за само две години, зголемување од 19,6%. Дури и кога ќе се земе предвид поскапувањето, реалната куповна моќ на граѓаните е значително зголемена, односно платите растат побрзо од цените. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во моментот работи на реализација на шест нови автопатски делници кои треба да бидат завршени до крајот на 2027 година, а во следната деценија се предвидени 10 милијарди евра капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура. Стапката на невработеност е намалена од 12,5% на 11,3%, додека стапката на вработеност е зголемена од 45,6% на 46,5%. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, затоа што тие се иднината на Македонија. Доделени беа 55.000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома. За разлика од СДС и Венко Филипче кои профитираа во време на ковид кризата оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно ја амортизираше кризата и Македонија денеска има најниска цена на дизелот и бензинот. Резултатите се видливи. Разликата е очигледна. Македонија забрзува. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00