ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните
1ВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните
Шоу бизАрмани: Не размислувам за времето кога нема да можам да велам „ова - да, ова - не“Џорџо Армани е единствениот од италијанските модни великани кој сè уште лично се занимава со своите колекции. Иако во јули наполни 90 години и на негова возраст, обично, луѓето уживаат во времето внуците, правнуците и заслужениот одмор, за „Кралот на модата“ пензионирањето сè уште е „прашање на иднината“. - Можам да си дадам уште две или три години на чело на мојата компанија. Не повеќе. Тоа би било негативно... Компанијата „Џорџо Армани“ се поистоветува со мене, па моја должност е да се погрижам тоа да продолжи и секогаш да има печат и ќе личи на г-н Армани, изјави тој за „Кориере дела Сера“ (Corriere della Sera). Сепак, како некој може да го замисли „Армани“ без Армани? Брендот на дизајнерот од Пјаченца се поистоветува со неговото име, личност и ракопис. А, тој пак, сè уште не сака да размислува за времето кога нема да може да каже „ова - да, ова - не“. Армани не крие дека потенцијалните инвеститори сè почесто и упорно му тропаат на врата. Тој нема деца кои ќе ја наследат неговата модна империја, но сепак, вели, ја испланирал иднината на својата компанија. Станува збор за веќе изградена структура што наследниците треба да ја следат за да го продолжат животот на „Армани“. Целта е неговата група да остане независна, иако на полето на високата мода и луксузот во мигов доминираат двата француски конгломерати - „Керинг“ и „Луј Витон“... Армани веќе кажа „не“ на предлогот - неговата компанија да биде продадена на Французите. Тој, имено, ја отфрла можноста - „една од овие гигантски структури без личен лик“ да го купи и доминира неговиот бренд. Наследници на познатиот Италијанец се очекува да бидат неговата сестра, уште тројца роднини кои работат во неговата компанија, неговиот долгогодишен партнер Панталео дел Орко, како и добротворна компанија. Дизајнерот денес е трет најбогат Италијанец според Форбс, со лично богатство од 13,1 милијарда долари (околу 12,167 милијарди евра). Тој нема директни наследници, но има тројца внуци. Силвана и Роберта се ќерки на неговиот брат Серхио, а Андреја Камерана е син на сестра му Росана. Андреја е роднински поврзан и со Џовани Ањели - основач на „Фиат“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Гостивар е доказ дека неспособноста на кадрите поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по здравјето и животот на граѓаните„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори.Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани. Потврда за ова е и последниот случај од Гостивар каде поради нестручно, непрофесионално и неодговорно поставени пумпи на општината и гостиварски „Водовод“ во отпадни води, изминатите дена над 1000 граѓани се затруле и побарале медицинска помош. Општинската власт во Гостивар целосно потфрли во своето работење и на граѓаните не успеа да им го обезбеди елементарното право на чиста вода за пиење и тоа во 21 век, кога светот зборува за брз технолошки развој и вештачка интелигенција. ВМРО-ДПМНЕ бара итно расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирани кои несовесно, непрофесионално и неодговорно ги извршувале своите работни активности. На Македонија и на македонските граѓани потребни им се одговорни лица кои достојно, професионално, одговорно и во нивен интерес ќе ги извршуваат функциите за кои се избрани. Македонските граѓани заслужуваат да ги водат луѓе со интегритет кои ќе се грижат за нивниот живот и здравје, а не луѓе кои поради нивната неодговорност животот им го ставаат во опасност, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?Вонредна здравствена состојба во Гостивар.Поради загадена вода за само неколку дена дури 1.200 граѓани побарале медицинска помош. Пациентите, меѓу кои има и многу деца, се јавуваат со симптоми на труење. Првичните информации од полицијата упатуваат на сомнеж дека локалниот водовод ја загадил водата со отпадни води во обид да го зголеми притисокот во мрежата. Во меѓувреме издадена е забрана за пиење на водата во тој регион. Во Гостивар е нашиот Дејан Србиновски, до имаме во живо.. Дејан каква е моменталната состојба на лицата кои се затруени? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАЛеброн Џејмс за својот иден НБА тим: Ќе биде забавноЛеброн Џејмс пред да избере нов НБА клуб изјави дека „без разлика каде ќе заврши оваа есен, ќе биде забавно“. Џејмс, кој влегува во својата 24-та сезона, неодамна објави на 41-годишна возраст дека ги напушта Лос Анџелес Лејкерс, со кои ја освои шампионската титула во 2020 година. И покрај ова, тој не се повлекува од кошарката и сака да им докаже на критичарите дека сè уште може да биде одлучувачки играч во лигата. „Се надевам дека навивачите и критичарите ќе ме следат. Каде и да одам, ќе биде забавно, ќе го правам она што го правам најдобро. Ме мотивира кога ми велат дека повеќе не сум доминантен играч“, рече Џејмс и се осврна на своето време во Лос Анџелес: „Поминав осум одлични години со Лос Анџелес Лејкерс, една од најпознатите франшизи во светот. Ќе ми недостига. Со нетрпение очекувам што носи иднината додека полека влегувам во крајот на мојата кариера“. Леброн Џејмс го држи рекордот во НБА по број на одиграни сезони (23), одиграни натпревари (1.622) и освоени поени (43.440). Досега има освоено четири титули во НБА, две со Мајами Хит, една со Кливленд и една со ЛА Лејкерс. Мајами и Кливленд се опции за враќање, додека потенцијалните заминувања во Голден Стејт или Минесота би значеле дека би играл за четврти НБА клуб во текот на неговата тешко повторувачка кариера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30