Почина Дик Буткус, еден од најголемите играчи во историјата на НФЛ - Канал 5

Почина Дик Буткус, еден од најголемите играчи во историјата на НФЛ

Легендарниот играч на Чикаго Беарс и еден од најтешките одбранбени играчи во историјата на НФЛ, Дик Буткус, почина вчера во Калифорнија на 80-годишна возраст, соопшти неговото семејство. 

Почина Дик Буткус, еден од најголемите играчи во историјата на НФЛ

Буткус играл за „Мечките“ од 1965 до 1973 година, пред повредата на коленото да го принуди да се пензионира во 1974 година.

Двапати бил избран за најдобар одбранбен играч на годината (1969, 1970), пет пати бил во тимот на годината, а осум пати се појави во Про Боул. Претседателот на Беарс, Џорџ Х. Мекаски му оддаде почит на Буткус, велејќи дека тој е „ еден од најголемите играчи во историјата на НФЛ“.

„Тој беше син на Чикаго. Тој беше олицетворение на нашиот голем град“, рече Мекаски.

Тој беше примен во Про-фудбалската куќа на славните во 1979 година, а неговиот дрес со број 51 беше повлечен од Беарсите.

„Некои луѓе се создадени да бидат лекари, други да бидат адвокати. Јас сум создаден да играм фудбал“, рече тој еднаш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер