Почина човекот кој 70 години живееше со „челични бели дробови - Канал 5

Почина човекот кој 70 години живееше со „челични бели дробови

Пол Александар, човекот кој помина 70 години со челични бели дробови, почина на 78-годишна возраст. 

Почина човекот кој 70 години живееше со „челични бели дробови

Тој од дете живееше во метална конструкција тешка околу 270 килограми, откако во 1952 година, на возраст од само шест години, се заразил со детска парализа и бил парализиран од вратот надолу, не можејќи сам да дише. Челичните бели дробови е застарена машина која им помага на пациентите сами да дишат нормално откако ќе ја изгубат контролата врз своите мускули. Кога се чувствувате како отсекогаш да сте живееле во челично белодробно крило, тоа станува дел од вашиот менталитет. Кога некој ќе го допре, јас го чувствувам тоа, изјави американецот во едно од своите интервјуа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искусен руски генерал е уапсен во Москва

Заменик-командантот на руските воздухопловни сили задолжен за оружје, генерал-потполковник Јуриј Грехов, е уапсен во Москва под обвинение за корупција, објави рускиот бизнис-дневен весник „Комерсант“, повикувајќи се на извори од полицијата.

Искусен руски генерал е уапсен во Москва

Одлуката за притворање на Грехов ја донесе 235-от гарнизонски воен суд во Москва. Деталите за случајот сè уште не се познати, а извори запознаени со истрагата само изјавија дека станува збор за кривично дело поврзано со корупција.

Според информациите добиени од рускиот медиум РБЦ, Грехов е обвинет за примање особено голем поткуп. Тој наводно се изјаснил за невин пред судот. Руските власти сè уште официјално не го коментирале неговото апсење.

Во воена служба 47 години

Грехов има 64 години и е во војската од 1979 година. Тој имал високи командни позиции во руските воздушно-одбранбени сили повеќе од една деценија.

Од 2007 до 2009 година, тој бил началник на штабот и заменик-командант на дивизијата за воздушна одбрана во Командата за специјални намени. Во 2013 година, тој беше назначен за прв заменик-командант на силите за противвоздушна и противракетна одбрана, а две години подоцна се префрли на истата позиција во Воздухопловните сили.

Европската унија му воведе санкции

Тој беше назначен за заменик-командант на Воздухопловните сили задолжен за оружје во 2021 година, една година пред рускиот претседател Владимир Путин да започне целосна инвазија на Украина. Истата година, тој беше унапреден во чин генерал-полковник.

Европската унија му воведе санкции на Грех за неговата улога во војната во Украина, наведувајќи ја неговата вмешаност во руските напади врз цивилната инфраструктура.

Откако Путин го разреши Сергеј Шојгу од функцијата министер за одбрана во мај 2024 година, беа покренати кривични постапки против голем број високо рангирани генерали, вклучувајќи ги и замениците на Шојгу. Во ноември оваа година, московскиот суд го осуди поранешниот прв заменик-министер за одбрана Руслан Чаликов на десет години затвор за проневера, перење пари и примање мито.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветков до Дурмиши: Како граѓаните да го преживеат месецот со две минимални плати ?

Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, го праша министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за растот на трошоците за живот и најавите за укинување на недела како неработен ден. 

Цветков до Дурмиши: Како граѓаните да го преживеат месецот со две минимални плати ?

Цветков посочи дека разликата меѓу синдикалната и владината потрошувачка кошница е над 12.000 денари, додека цените на основните производи продолжуваат да растат, а минималната плата не ги следи реалните потреби на граѓаните.

Тој побара одговор дали две минимални плати се доволни за достоинствен живот на едно четиричлено семејство, но и дали изјавите на заменик-министерот Марјан Ристевски за укинување на недела како неработен ден значат најава за законски измени со кои на работниците ќе им биде одземен и овој ден за одмор.

Во продолжение интегрален текст од обраќањето на Цветков:

За месец ноември синдикалната потрошувачка кошница изнесува 70.827 денари, додека пак потрошувачката кошница на Министерството за економија, т.е. вашата, изнесува 59.149. Колку чини за да преживееш во Македонија, зависи од која кошница гледаш. Но како и да гледаш, животот секако поскапува и тоа месечно од 500 до 1.000 денари.

Поскапувањата на храната веќе се реалност, има повисоки цени кај јајцата, месото, млечните производи и брашното. Новиот бран поскапувања веќе се чувствува во маркетите. Јајцата се поскапи за скоро 13%, а брашното за околу 7%.

Животот станува сè поскап, граѓаните преживуваат, а вие како влада немате слух. Наместо да се соочите со реалноста, вие повторно се користите со манипулации и пропаганди.

Не ви одговара синдикалната потрошувачка кошница, па измисливте своја.

Дали знаете, министре, дека само кај нас и во Србија има владина и синдикална потрошувачка кошница, претпоставувам дека е случајност.

Иако станува збор за различни методологии, на оваа вашата, односно на Владата, и другата на синдикатот, сепак разликата од над 12.000 денари отвора сериозно прашање за тоа дали владината пресметка доволно ги одразува реалните потреби на едно четиричлено семејство, особено кога станува збор за трошоците за кирија и домување.

Потребно е јасно да се разграничат методологиите за пресметување на потрошувачката кошница. Министерството објавува сопствена пресметка на трошоците за четиричлено домаќинство, додека синдикатите ја пресметуваат синдикалната минимална кошница. Разликите во методологијата, вклучително и третманот на трошоците за кирија, мора да бидат транспарентно објаснети, за граѓаните да можат да ја проценат реалната куповна моќ на своите приходи.

Истовремено најавувате дека минималната плата ќе продолжи да се усогласува според постојаниот законски модел во 2027. Или во превод, наредната година ќе се зголеми за некоја минимална и незначителна сума.

Велите дека сте ја намалиле инфлацијата, но намалувањето на инфлацијата не значи дека производите поевтиниле. Тоа значи дека цените може да продолжат да растат, но со побавно темпо. Затоа, кога зборуваме за стабилизирање на инфлацијата, мора да одговориме и на прашањето дали платите успеваат да го следат растот на трошоците за живот.

Минималната плата треба да претставува основна заштита од сиромаштија и да овозможува задоволување на најнеопходните потреби за живот. Меѓутоа, кога растот на цените ги надминува можностите на работниците да ги покријат основните трошоци, тогаш станува збор за класична сиромаштија, која се одразува врз секојдневниот живот на семејствата, нивната можност да обезбедат квалитетна исхрана, да ги платат сметките, да ги покријат трошоците за превоз и образование и да се справат со непредвидени трошоци.

Граѓаните заслужуваат плата со која ќе можат да живеат достоинствено, а не само да преживуваат од први до први во месецот.

Оттука, министре, моето прво прашање до вас, кое е многу едноставно, гласи:

Дали сметате дека две минимални плати се доволни за четиричлено семејство да го преживее месецот, и ако се доволни, врз кои критериуми или податоци го темелите тој став?

Министре, ги слушнавме изјавите на вашиот заменик Марјан Ристевски во однос на укинувањето на недела како неработен ден. По ваквата изјава имаше бурни реакции во јавноста од страна на граѓаните/работниците.

Дали ваквата изјава е најава за измена на Законот за работни односи и удоволување на Стопанската комора, за да можат недела да им ја земат на работниците и семејствата?

Моето второ прашање до вас е: Дали недела ќе стане работен ден?


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интернационална конференција „Одржливи пензиски системи, меѓународни искуства и предизвици“

Во екот на дебатата за иднината и одржливоста на вториот пензиски столб и експертските ставови за можните опции за негова реформа, пензиските друштва   се на став дека овој столб е неопходен за долгорочната стабилност на пензискиот систем.

Интернационална конференција „Одржливи пензиски системи, меѓународни искуства и предизвици“

Долгорочни и одржливи пензиски политики, правна сигурност и зачувување на вториот пензиски столб. Ова беа теми на меѓународната конференција во Скопје, на која домашни и странски експерти ги споделија искуствата и предизвиците во пензиските системи. Од Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиските фондови предупредуваат дека во иднина се помалку работници ќе треба да финансираат сè повеќе пензионери, што ја наметнува потребата од навремени и долгорочни реформи. Сепак, во однос на најавените законски измени за бришење на одредбата за придонесот од 6 проценти во вториот столб, од Асоцијацијата велат дека добиле уверување оти тоа не значи укинување на вториот столб, а стапката ќе биде регулирана со ново законско решение. Бараат новата одредба да стапи во сила истовремено со бришењето на постојната.

„Нашиот став е тука едноставен: доколку една законска одредба се брише со цел да биде заменета од друга, таа законска одредба сметаме дека треба паралелно, истовремено и хронолошки усогласено да биде исто така усвоена и да стапи на сила во ист временски период. И тоа не е прашање на толкување или на ставови, туку тоа е базично прашање на правна сигурност и доверба во институциите.“

И странските експерти од Словенија, Хрватска и Романија се согласуваат дека првиот и вториот пензиски столб не се конкуренција, туку се надополнуваат и придонесуваат за поодржлив пензиски систем.

Од Асоцијацијата го поздравуваат предлогот трансферите на придонесите од ПИОМ кон пензиските друштва да ги врши УЈП. Велат дека трансферите во континуитет доцнеле и очекуваат новото решение да го намали проблемот. Околу критиките на премиерот Христијан Мицкоски за ниските приноси на пензиските друштва, од Асоцијацијата објаснуваат дека реалниот просечен годишен принос во изминатите 20 години изнесува 2,3 проценти. Според нив, тоа значи дека средствата на осигурениците ја зачувале вредноста и оствариле дополнителна заработка. Посочуваат дека законските ограничувања го стеснуваат просторот за повисоки приноси, поради што бараат поголема диверзификација и можност за вложувања што ќе ги заштитат пензиските заштеди и од инфлацијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер