Почина актерката Љупка Арсова Џундева

Театарската уметност во Македонија денеска загуби уште еден легендарен актер. Почина Љупча Арсова Џундева.

Оваа информација ја пренесе Македонски народен театар на својот профил на Фејсбук.

„Со голема болка и огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Љупка Арсова Џундева (1934-2018), тивката дама на македонското актерство. Џундева секогаш со гордост истакнуваше дека припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот ентузијазам и копнеж по театарската сцена, но и нежниот и милозвучен карактер, безвременска убавина, романтична појава и жесток став во негувањето на звучниот мајчин јазик ја направиле миленичка на театарските режисери, но и на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Во Македонскиот народен театар работеше во текот на целиот свој професионален живот од 1951 до 1990 година, кога замина во пензија. Нејзината последна улога на сцената на МНТ се случи во 2015 година, како Марина во претставата „Вујко Вања“ од Чехов во режија на Зоја Бузалковска. Љупка знаеше да каже дека треба да се најде мирот и љубовта кон луѓето, и колку што е можно човек треба да му се радува на животот.

„Ние сме многу малку гости на овој свет“, знаеше нашата Буба. „Човек треба да се научи прво да си ги прости своите грешки самиот на себе, а потоа да ги прости и на другите. Кога ќе простиш, ќе го најдеш својот мир и ќе се ослободиш““, велат од МНТ.

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во видео-порака, Трамп изјави дека со нетрпение очекува тесна соработка со Орбан кога, како што изјави, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесуваат американските медиуми.

Трамп, во пораката, го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.

Пораката на Трамп беше емитувана на собир во БУдимпешта на Конзервативно-политичката акциска конференција (CPAC) што е најистакната конзервативна организација во САД.

Тоа беше трет собир на CPAC во Унгарија.

Орбан беше еден од најблиските сојузници на Трамп во Европа за време на неговото претседателствување, а двајцата се сретнаа на Флорида минатиот месец.

По нивниот состанок, Орбан ја истакна својата јасна поддршка за Трамп и додаде дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина.

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО

 Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки. на Шангајската организација за соработка во главниот град на Казахстан, Астана.

Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот. /МИА

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

 Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека вчера извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштението, вчера во Полициската станица во Струмица во присуство на родител бил повикан малолетникот, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување.

Инаку, вчера полицијата информираше за уште еден случај за обљуба врз малолетничка. Четиресет и пет годишен жител на Радовиш се сомничи дека во периодот од јануари до април во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

притисни ентер