Почина актерката Хонор Блекман

Таа беше позната како една од Бондовите девојки. Нејзината смрт не е поврзана со коронавирусот.

Актерката Хонор Блекман, најпозната по улогата на Бондовата девојка Пуси Галор, почина на 95 годишна возраст. Како што пипшува „Гардијан“ таа починала од природна смрт.

Нејзиното семејство порачало дека таа била обожувана мајка и баба која ја поседувала најневеројатната комбинавија од убавина, памет и физичка сила.

-Со огромна тага јануваме дека на 95 години почина Хонор Блекман. Почина мирно, од природна смрт во својот дом, опкружена со своето семејство. Беше сакани и многу ќе им недостасува на своите деца и внуци, се наведува во сооптението од семејствот.

притисни ентер