Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
1Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
ЖивотПочина академик Стефан Воденичаров, поранешен претседател на Бугарската академија на наукиМакедонската академија на науките и уметностите (МАНУ) соопшти дека вчера, на 8 јуни 2020 година, почина академик Стефан Воденичаров, поранешен претседател на Бугарската академија на науки и член надвор од работниот состав на МАНУ.Како што наведува МАНУ, академик Воденичаров беше голем пријател на Република Македонија и има особен придонес за развојот на меѓусебните односи меѓу двете држави што резултираше со потпишување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Бугарија во август 2017 година. -Болно ја примивме веста дека вчера, на 8 јуни 2020 година, не напушти академик Стефан Воденичаров, претседател на Бугарската академија на науки 2012-2016 година и член надвор од работниот состав на Македонската академија на науките и уметностите, научник со светски углед, голем човек и редок пријател, кој ја ширеше својата прегратка повеќе одошто тоа го допуштаат силите на човековата физичка дребност, наведува академик Владо Камбовски по повод смртта на Воденичаров. Според Камбовски, академик Воденичаров даде неизмерлив придонес кон разбирањето меѓу македонските и бугарските научници и двата народа. Како искрен пријател и поддржувач на заемната македонско-бугарска соработка и пријателство, Воденичаров беше активно ангажиран во бројни полиња на нивно продлабочување. МИА во целост го пренесува текстот In memoriam од акадeмик Владо Камбовски. „Болно ја примивме веста дека вчера, на 8 јуни 2020 година, не напушти Академик Стефан Воденичаров, претседател на Бугарската академија на науки 2012-2016 година и член надвор од работниот состав на Македонската академија на науките и уметностите, научник со светски углед, голем човек и редок пријател, кој ја ширеше својата прегратка повеќе одошто тоа го допуштаат силите на човековата физичка дребност. Таква беше и неговата последна телефонска порака што ја добив пред два дена, испратена од болничка постела, при одземена моќ на говорот на патот без повраток: „Мили пријатели, да сте живи и здрави, да се видиме и прегрнеме! Стефан." Таа беше одговор на мојот поздрав што му го испратив пред тоа, во името и на колегите претседатели на МАНУ, со желби за оздравување, со некоја себеизмамувачка верба во лечебноста на искрената пријателска поддршка во борбата со неминовноста. Поразот беше навестен со неговата порака добиена на крајот од мај, во која ми соопшти дека е во болница и дека не може да зборува. Таа пак дојде по последниот наш краток разговор од 11 мај годинава, во кој неговиот веќе засипнат и омалодушен глас реско ми ја претстави физичката слабост што ја предизвикала фаталната болест. А му се јавив да му го честитам големиот празник на сесловенските просветители Светите Кирил и Методи и да се потсетиме на првото наше заедничко чествување во Софија на 11.мај 2014 година. Тоа беше направено на свечен начин кој прилега на највисоките научни институции, со научни излагања на академици од двете страни за значењето на делото на светите Солунски браќа кои го воведоа словенскиот јазик и писмо и словенската култура во светското културно наследство. Тогаш беше договорено одбележувањето на тој датум да се одржува наизменично, на две години, така што следното се случи во наредната година во Скопје. Не беше таквата манифестација, како и пред тоа започнатата соработка меѓу двете академии со кои се отвори нова страница во односите меѓу македонското и бугарското општество пречекана еднодушно. Имаше и секогаш има закоравени умови што ја напојуваат својата злоба и човекомрзие од затруени извори и што, при неспорната слобода на секого да има свои сфаќања и ставови, нив ги сметаат за доволни мотиви и оправдувања за медиумско и секакво друго насилство. Стефан ја имаше таа моќ, благодарејќи на својата великодушност и визионерски дух, сите напади да ги прима смирено и со разбирање дека тие се раѓаат во определен културен и политички контекст и односи, и дека најдобро можеме да одговориме на нив ако работиме на суштествени промени на општественото милје од кое потекнуваат. Академик Воденичаров ги имаше сите највисоки доблести на човек кој ја претвора во свое животно кредо познатата мисла на Ајнштајн дека суштествувањето на минато, сегашност и иднина е обична илузија, зашто сите три се едно. Се движеше бескомпромисно низ таквото единство на времето свртен кон иднината и верувајќи дека таа секогаш ги верифицира вистинските вредности, според законите на некој космички логос. Без никакви оптоварувања со минатото, можеби само со жалење зошто некогашните илузии морале да бидат платени со човечки жртви и народна беда. Таквата негова животна филозофија тој ја транспонира на планот на својата научна дејност, посебно како претседател на БАН, сметајќи дека негова главна животна мисија, како и на секој научник, е да работи на духовноста на својот народ, да биде општествено активен, просветител, и да помага во развојот на државата. Во светлината на таквото животно и професионално мото, тој го формулира ставот дека првостепена задача на академиите на науките и уметностите, како највисоки и најавторитетни научни институции, е да преземат одговорност на „интелектуална власт" која насочува, помага но и ја коригира актуелната политичка власт. Со таков човечки и интелектуален багаж Академик Воденичаров дојде на првата официјална средба во МАНУ на 19 април 2013 година заради постигнување договор за соработка меѓу двете академии, со кој на првата линија на развивање нови односи меѓу Македонија и Бугарија ќе биде ставена науката и уметноста- двете најслободни сфери на човеково творештво кои единствено имаат моќ да ги кршат оковите на минатото, на идеологиите и предрасудите и на политичката заробеност на современиот човек. Требаше, мораше, како императив на новото време на плурализам, демократија, човекови права, глобализација, европски интеграции, да се надмине научната хибернација и поставеноста на академиите како бастиони на националната кауза развивана и бранета исклучиво врз антиетичка основа. Веќе првото соопштение од таа средба смело ја разгласи новата ера на меѓуакадемски односи: науката е повикана и должна објективно и непристрасно, без никакви идеолошки или политички влијанија, да ги опсервира, истражува, расправа и опсудува сите прашања и предизвици на современото општество, од позиции на промените што ги носи современата ера на научно-технолошка револуција, глобализација и интеграции, без никаква затвореност и предрасуди и без едностранчивости во проникнувањето во научната вистина; науката е наука само кога признава плурализам на научни пристапи и не робува на никакви научни догми; и најбитен за науката е објективниот и аргументиран научен дискурс, кој нема претензии секогаш да заврши со општоприфатени и конечни судови. Во таквата општа рамка, отворен е широк простор за академиите и научниците од двете страни за расправа и за најчувствителни историски, општествени, политички и други теми, вклучително и такви што се рефлектираат и врз поширок општествен план и создаваат клима на недоразбирања и нетрпеливост меѓу народите. Во набрзо почнатите заеднички активности на академиите, чијашто динамичност особено ја поттикнуваше Акад. Воденичаров, се вбројуваат бројни континуирани средби на раководствата на академиите, научни конференции и започнување со работа на 33 заеднички научно-истражувачки и уметнички проекти. Основите за проектната соработка се поставени со Договорот за соработка, склучен во Сандански на 5 и 6 октомври 2013 година, на средба на академиците од двете академии. Проектната програма, за чијашто реализација беа формирани екипи од академици и други научници и уметници од двете страни, опфаќа повеќе значајни теми од областа на историјата, историјата на уметноста, јазикот, правото и реформите на државите, евроатлантските интеграции, медицината, техниката, информатиката и други научни области. Континуираната активност на проектните тимови, следена со периодични заеднички состаноци на академиите, резултира до денес со десетици објавени книги, студии и статии, не само на двата јазици- македонскиот и бугарскиот, туку и во странски списанија на други јазици. Одржани се и повеќе научни конференции и други научни средби, промоции на преводи на книжевни дела, изложби и други собири. Сите тие активности дадоа огромен придонес за развивање на дух на пријателство, разбирање и соработка меѓу академиите и македонските и бугарските научници, на што особено инсистираше Стефан. Особено е важно да се одбележи дека неговиот благороден дух и отворен ум им создаваше на сите наши заеднички средби крајно пријателски и конструктивен тон. Во толку години соработка, научни дискусии, дружења во слободното време, за кое долго ќе го паметиме неговото срдечно гостопримство, не само што не падна ни еден тежок збор, туку ни некоја далечна алузија на некоја непријатна асоцијација. Немало нешто за што не сме разговарале, вклучително и за најжешките теми што го оптоварувало минатото на нашите народи, како што е македонскиот идентитет или македонскиот јазик и неговото признавање. И сме се согласиле: нешто или некого да признаваш или да не признаваш- значи нештото или некого да го почитуваш или да не го почитуваш. Таа парадигма на јазикот не само како средство за комуникација или идентитетско одличје, туку како разбирање денес станува многу значајна, во светлината на фактот со кој секојдневно се соочуваме- да зборуваме со друг на ист мајчин јазик, а да не се разбираме. А ако се разбираме, лесно доаѓаме и до почитување. Научниците, зборуваше тој, се носители на важна мисија да придонесуваат за подобро разбирање меѓу луѓето, а не за создавање на магли и недоразбирања. Затоа е важно особено во историските науки тие најпрвин лично да се запознаат и развијат пријателски односи, за да можат полесно да ги совладаат внатрешните цензори што им ги наметнал животниот искус. Како признание за неговиот придонес во развојот на заемната соработка, Акад. Воденичаров е избран за член на МАНУ надвор од работниот состав во 2015 година, во истата година кога сум јас како прв македонски научник избран за странски член на БАН. Стефан за мене останува лик на голем човек, кој даде неизмерлив придонес кон разбирањето меѓу македонските и бугарските научници и двата народи. Како искрен пријател и поддржувач на заемната македонско-бугарска соработка и пријателство, тој беше активно ангажиран во бројни полиња на нивно продлабочување, како што се неговите иницијативи пред Бугарската православна црква за признавање на Македонската православна црква. Неговата активност, оживотворена низ соработката на двете академии на науките со која започна рушењето на напластени стереотипи и догми што ги оптоваруваа меѓудржавните односи, го отвори патот што доведе до потпишување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Бугарија на 1.август 2017 година. До последните денови од својот живот се залагаше за негово доследно оживотворување не како бирократски чин на комисиско решавање под сенката на ефемерни политички интереси, туку како сестрана и долготрајна заемна научна, уметничка, образовна и културна соработка под покровителство на двете академии. Requiescat in pace драг пријателе, твоето дело и победата на нашите идеи и сеќавање на тебе го продолжува твоето траење!"/МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПедијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџеритеДури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин.Енергетските пијалаци се популарни меѓу децата и тинејџерите, а нивната консумација дополнително ја поттикнуваат социјалните мрежи, инфлуенсерите и рекламите, кои ги претставуваат како брз начин за зголемување на енергијата и концентрацијата. Една лименка енергетски пијалак од половина литар може да содржи дури 55 грама шеќер – што одговара на приближно 11 ќесички шеќер од по пет грама. Покрај шеќерот, овие пијалаци често содржат големи количества кофеин, како и други состојки, на пример таурин, ароми и бои. Дури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин. Немир, анксиозност и срцеви проблеми Педијатрите предупредуваат дека редовната консумација на енергетски пијалаци може да предизвика низа непријатни симптоми: забрзано или силно чукање на срцето, чувство на немир и анксиозност, како и треперење. Консумирањето на овие пијалаци кај младите го нарушуваат срцевиот ритам, предизвикувајќи проблеми со спиењето, како и симптоми на анксиозност или напади на паника. Младите развиваат толеранција кон кофеин, што значи дека телото се навикнува на неговото дејство, па лицето ќе почне да пие сè поголеми количини за да го постигне истото ниво на будност. Рекламите што ги привлекуваат младите луѓе Една од причините за популарноста на енергетските пијалаци е нивниот начин на рекламирање. Шарените пакувања, соработките со инфлуенсерите и врските со видеоигрите, спортот и забавата создаваат впечаток дека ваквите пијалаци се неопходен дел од активниот живот. Дополнителна забуна се верзиите без шеќер, кои понекогаш се перципираат како поздрав избор. Сепак, елиминирањето на шеќерот не ги елиминира ризиците поврзани со кофеинот, особено кај децата и адолесцентите. Во Македонија сè уште нема активна законска регулатива што ја ограничува или забранува продажбата на енергетски пијалаци на малолетници, иако во собраниска процедура во минатото беа поднесувани предлози и иницијативи за изменување на законите со цел да се воведе ваква забрана за лица под 18 години. Забраната за продажба е само еден аспект од превенцијата. Важно е да се разговара со младите за тие да ги разберат последиците од ваквата консумација. Некои ги пијат од љубопитност, други за да се вклопат во друштвото на врсниците, а некои поради замор, стрес или тешкотии со концентрацијата. Сепак, преку Извештај на Институтот за јавно здравје, се препорачува воведување на даноци за засладени пијалаци, строги правила за обележување и ограничување на рекламите за производи со висока содржина на шеќер и кофеин. Од таму препорачуваат, особено за младите лица, водата да биде прв избор, потоа чајот и домашно цедениот сок без додаден шеќер, младите да имаат доволно сон, редовна исхрана и физичка активност. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЗнаци дека во домот имате стеници и чекори што мора да ги преземете веднашСтениците се многу здодевни штетници кои предизвикуваат чешање доколку ве каснат, предизвикувајќи алергиски реакции и секундарни инфекции на кожата. Според стручните лица од Bed kingdom, ова се знаци на кои треба да обратите внимание, пренесува Мирор. Чудна миризба: Стениците испуштаат необичен мирис, а експертите објаснуваат: „Еден од раните знаци на наезда од стеници е чуден мирис на застоено во спалната, дури и кога нема очигледна причина за тоа – како на пример, куп валкана облека. Кога стениците се загрозени, испуштаат таканаречени феромони за тревога, кои имаат слаб мирис на малини, коријандер или нешто слично. При сериозни наезди, овој мирис може да се измеша со мирисот на мртви стеници и отфрлени чаури, создавајќи мирис што потсетува на 'рѓа.“ Каснувања: Ако се разбудите со „црвени каснувања што чешаат“, тоа може да биде знак за присуство на стеници. Тие обично се хранат со крв во текот на ноќта, често каснувањата се во групи или поединечни. Според стручните лица, тие генерално не се опасни, но некои луѓе може да бидат алергични – доколку забележите отоци, побарајте лекарска помош. Јајца: Јајцата на стениците тешко се забележуваат бидејќи се ситни – долги се само 1 мм – но можете да барате сè што наликува на мали зрна ориз во вашиот кревет. Тие можат да се залепат на различни површини, најчесто по должина на рабовите и споевите на душекот или зад наслонот на креветот. Обвивки: „Стениците се „преслекуваат“ неколку пати во текот на својот животен циклус, што значи дека отфрлената кожа може да варира по големина“, објаснуваат експертите. „Можете да ги препознаете по нивниот жолтеникав, проѕирен изглед на рабовите, наборите и процепите на душекот, па дури и на други места, како што се пукнатини во ѕидовите или во мебелот.“ Дамки од крв: Откако ќе завршат со хранењето, од телото на стеницата може да истече крв доколку ја згмечите додека спиете – на пример, при ненадејно движење или превртување во креветот. Ако забележите вакви траги, а нема друга очигледна причина за нив, најверојатно тие се знак за наезда. Темнокафеави траги: Мали, темни дамки од изметот на стениците со големина на врв од молив може да се појават на душеците, чаршафите, наслоните за глава, па дури и на ѕидовите. Бидејќи се многу помали од дамките од крв, тие се потешки за забележување. Исто така, тие испуштаат слаб мирис на 'рѓа, што придонесува за непријатна, застоена миризба. Живи стеници: Возрасните единки се долги околу 5 мм и имаат тенденција да се кријат на најразлични места, почнувајќи од самиот кревет па сè до неговата околина. Со малку труд, тие можат да се забележат, што е прв чекор кон нивно отстранување. Ако забележите некои од овие значи, постелнината, навлаките и облеката за кои се сомневате дека биле изложени на стеници, исперете ги на висока температура согласно упатствата за одржување. Темелно извакуумирајте ги достапните процепи и рабови на душекот, а содржината безбедно одложете ја во затворена кеса. Избегнувајте прскање на креветот со случајно избрани хемикалии или преместување на потенцијално заразените работи од една во друга просторија. Ако најдете живи стеници или јасни знаци за нивно присуство, најдобро е да повикате служба за дезинсекција. Стениците може да се појават и во уредни домови, најважно е што порано да се препознаат зашто проблемот полесно се решава пред да се прошират низ целиот дом. Извор: vecernji.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСрпски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријавиТврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан. Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал. Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред. Што содржеше објавата На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат. Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена. Обвинителството нареди истрага Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни. Извор: Индекс.хрТагови: Бака Прасе приведување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44