ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
2ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
3Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев
КултураПочеток на 17. Есенски музички свечености со гала оперски концерт за Томислав ШоповСо гала оперски концерт во Македонската опера и балет посветен на јубилејните 50 години уметничка дејност на диригентот Томислав Шопов, вечер ќе бидат отворени годинашните 17-ти Есенски музички свечености.Како што информираше организаторот - Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, Шопов диригирал над илјада оперски и балетски претстави, симфониски и гала оперски концерти во и надвор од земјата и се смета дека има огромен придонес во афирмацијата на аматерските, пред се, на хорските ансамбли. Покрај солистите, оркестарот и хорот при МОБ, на гала концертот ќе настапат и академскиот хор „Мирче Ацев“, Камерниот хор „Франце Прешерн“ и камерниот хор „Моис Хасон“ при Еврејската заедница во Република Македонија. Есенските музички свечености ќе траат до 30 ноември на локации во салонот на МОБ, во Домот на АРМ, Музејот на Град Скопје и на Факултетот за музичка уметност. Манифестацијата годинава ќе понуди богата и разновидна програма со класична музика, џез се до фолклорни звуци во изведба на еминентни домашни уметници и гости од странство. Меѓународно реномираната Карсу Донмез, вокалистка и пијанистка од Холандија со турско потекло ќе настапи на 4 ноември во Домот на АРМ. Донмез се смета за една од 10-те највлијателни турски имиња во последните 50 години. Нејзината музика го отсликува нејзиното мултикултурно потекло и е мешавина од различни жанрови - џез, фанк, блуз и реге. Настапувала на некои од најзначајните музички сцени во светот, а оваа година е добитник на една од најпрестижните музички награди - Едисон џез/свет во Холандија. Донмаз, чиј настап во Скопје е овозможен од Турскиот културен центар „Јунус Емре“, ќе одржи концерт и во Битола. Џез триото на Артур Дуткиевич од Полска ќе одржи концерт на 12 ноември во Домот на АРМ. Се смета за едно од водечките џез групи во Полска, а Артур Дуткиевич за еден од најголемите полски џез пијанисти и композитори. Триото исполнува модерен џез и има богата концертна активност низ Европа, во САД, Азија, до Австралија и Нов Зелан. Настапувале на бројни џез и музички фестивали, а концертот во Скопје е овозможен во соработка со Амбасадата на Полска во Македонија. На 14 ноември ќе се одржи концерт по повод 135 години од раѓањето на унгарскиот композитор Бела Барток на кој негови дела ќе бидат изведени од македонски пијанисти. Настапот е поддржан од Амбасадата на Унгарија, која во чест на годишнината на Барток ќе приреди и изложба за композиторот, а ќе додели и ЦД-а и партитури со негови композиции на релевантни институции. Програмата на 17. Есенски музички свечености содржи уште неколку концерти и изведби со кои ќе одбележат значајни јубилеи. На 22 ноември ќе се одржи концерт во чест на Георги Божиков (1931-1986) по повод 30 години од смртта на овој истакнат солист, првенец на Македонската опера. Концертот е дел од програмата на Собранието на РМ за одбележување значајни настани и личности, а ќе биде придружен со изложба за Божиков и промоција на монографија насловена „Жоро“ од Снежана Анастасова-Чадиковска. Публиката ќе има можност на 25 ноември да ја проследи и светската премиера на балетската претстава „Клеопатра“, која се најавува како спектакл, а со која примабалерината на Македонскиот балет Александра Мијалкова ќе означи 25 години уметничка дејност. Во чест на бардовите на македонската изворна песна - Васка Илиева, Никола Бадев и Александар Сариевски и Кочо Петровски, ансамблот за народни игри и песни „Танец“ ќе одржи концерт на 11 ноември во Македонскиот народен театар. Пред публиката ќе биде презентирана и книга од Роска Бадева посветена на овие легенди на македонската песна. Есенските музички свечности ќе бидат затворени на 30 ноември со концертот насловен „Мојот музички пат“ посветен на 30-годишнината од уметничката дејност на флејтистот Страшо Темков. Програмата за 17. Есенски музички свечености е поддржана од Градот Скопје и Министерството за култура. Билетите за концертите се со цена до 300 денари, а сите настапи ќе почнуваат во 20 часот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
КултураДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“ Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ. Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година. Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и ЗаевЕдинствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра. Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството. Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови. Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа. Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44