3Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра
СветПобунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)Континуирани пукотници и гласни експлозии одекнуваа низ неколку делови од главниот град на Нигер, Нијамеј, утрово, вклучително и во близина на меѓународниот аеродром и претседателската палата. Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа дека се мобилизирани одбранбените и безбедносните сили. Нападот претставува нова закана за владата на генералот Абдурахамане Тиани, кој ја презеде власта во Нигер со воен удар во 2023 година. تطورات الوضع في النيجر بين روايتين: هجوم إرهابي.. أم انقلاب عسكري؟ استمر إطلاق النار في نيامي حتى شروق الشمس صباح اليوم السبت، بحسب مصادر في العاصمة النيجرية، بعد ليلة من الاشتباكات العنيفة التي تركزت حول مطار ديوري حماني والقاعدة الجوية 101، وامتدت إلى محيط القصر الرئاسي… pic.twitter.com/4oc48iBWzG — عمر الأنصاري | Oumar Alansari (@Oumar_Alansari) August 29, 2026 Бунтовните војници се обидоа да стигнат до претседателската палата Според извори на Ројтерс, во нападот учествувале војници од Уалам, Тере и Дос во југозападниот дел на земјата, каде што нигериските сили претрпеа големи загуби во последните години борејќи се против џихадистите. Безбедносен извор првично ги опиша напаѓачите како „терористи“ и рече дека го нападнале меѓународниот аеродром Диори Хамани и се обиделе да го пробијат безбедносниот кордон околу претседателската палата. Подоцна, AFP, повикувајќи се на безбедносен извор, објави дека „бунтовниците од редовите на вооружените сили“ кои се обиделе да влезат во палатата биле одбиени од претседателската гарда. Сведоците на Ројтерс пријавиле жестока и продолжена престрелка во близина на претседателството. On August 29, at exactly 01:15 local time, gunfire and heavy weapons fire were heard in the direction of Niamey Airport and near the Nigerien presidency. According to preliminary reports, the Islamic State – Sahel Province (ISSP) has launched an assault on the capital. There… pic.twitter.com/QhEw9FWEnC — OSINTWarfare (@OSINTWarfare) August 29, 2026 Борби и во голема воена база Целта на нападот била и Базата 101, голема воена воздухопловна база веднаш до аеродромот Нијамеј. Бана Вагана Ибрахим, членка на Консултативниот совет на Нигер и пратеничка во парламентот од Алијансата на државите Сахел, објави дека безбедносните сили ја вратиле контролата врз базата. „Уште еден кукавички напад врз Базата 101 и уште еднаш нашите одбранбени и безбедносни сили обезбедија... дека ситуацијата е под контрола“, напиша таа. Сепак, дури и по нејзиното објавување, во близина на аеродромот се слушнале нови експлозии и престрелки. Ројтерс не можеше независно да ги потврди тврдењата дека таму е воспоставена целосна контрола. Според извори на Ројтерс, околу 9 часот наутро, претседателската палата била под контрола на силите лојални на владата, додека државната телевизија наводно паднала во рацете на бунтовниците. Борбите во областа на аеродромот сè уште траеја во тоа време. Оваа информација сè уште не е независно потврдена. Нигер под воена власт од 2023 година Нигер е под воена власт од јули 2023 година, кога армијата го собори демократски избраниот претседател Мохамед Базума. Тијани вети дека ќе ја подобри безбедноста по преземањето на власта, но нападите од исламистички групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава продолжија. Аеродромот Нијамеј веќе беше цел на џихадистички напади двапати оваа година. Во јануари беше нападнат од Исламската држава во Сахел, а кон крајот на јуни од групата ЈНИМ поврзана со Ал Каеда. Нигер се дистанцира од западните сојузници по државниот удар и ги продлабочи врските со Русија. Заедно со воените власти на Мали и Буркина Фасо, тој го напушти регионалниот блок ЕКОВАС и ја основа Унијата на држави од Сахел. Еден од најголемите светски производители на ураниум Нестабилноста доаѓа и во време кога властите ја заоструваат контролата врз богатите наоѓалишта на ураниум. Нигер има значителни резерви на ураниум, нафта и злато и со години е еден од важните добавувачи на ураниум за европската нуклеарна индустрија. Властите неодамна доделија дозволи за истражување и експлоатација на ураниум, кои претходно им припаѓаа на француската компанија Орано и канадската компанија ГовиЕкс, на државни компании. Ситуацијата во Нијамеј останува нејасна, а властите сè уште не објавија информации за можни смртни случаи или повреди. Тагови: војници Нигер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со вицепремиерот на Црна Гора, Филип ИвановиќМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ, во годината кога се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Соговорниците го потврдија високото ниво на пријателски односи, меѓусебната доверба и сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан. Во фокусот на разговорите беа европската интеграција, реформските процеси и потребата пристапувањето кон Европската Унија да се одвива врз основа на заслуги. На средбата стана збор и за утрешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот, соопштуваат од МНРиНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШефицата на Европската централна банка поднесува оставка Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ќе поднесе оставка на 7 февруари 2027 година, објави денеска ЕЦБ.Лагард го информираше Управниот совет на ЕЦБ и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, за својата одлука, се вели во соопштението. Кристин Лагард е на чело на банката од јули 2019 година и ќе замине пред крајот на нејзиниот мандат во октомври 2027 година. Нејзиниот наследник ќе го назначи Европскиот совет, по постапката за номинирање предвидена во член 283 од Договорот за функционирање на Европската унија. Управниот совет на Европската централна банка ѝ се заблагодари на Лагард за нејзината работа, со долг аплауз, соопшти ЕЦБ на својата веб-страница.Тагови: Европската централна банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евраЗа операции на очи, приватна болница наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. Прво склучиле незаконски договор, а потоа наплаќале за операции на очи и од Фондот и од џебот на пациентите, фалсификувале медицински податоци, изготвувале фиктивни фактури и прикривале утврдени неправилности – ова се само дел од злоупотребите на шемата помеѓу раководни лица во ФЗО и приватна очна болница, за кои МВР до ОЈО ГОКК поднесе 11 кривични пријави и уапси осум лица. Тројца осомничени, меѓу кои двајца се екс-директорот на ФЗО, а едниот од нив е Ден Дончев, во чие директорување е потпишан спорниот договорот во 2020 година, се сомничат за злоупотреба на службената положба. Претседателот на УО на фондот се сомничи за неправилности при одобрувањето на договорот, преку кој болницата се незаконски се стекнала со 4,5 милиони евра, а буџетот бил оштетен за 1,7 милиони. Од 2022 до 2025, периодот кој ги офаќа малверзациите, според пријавата биле оштетени од 3000 до 4000 пациенти. „Врз основа на договорот, преку внесување невистинити податоци во електронскиот систем на ФЗО и изготвување фактури со невистинита содржина, здравствената установа наводно наплаќала исти услуги и од фондот и од пациентите. На пациентите покрај законската партиципација им била наплаќана и приватна цена за операциите, при што им било прикриено дека услугите се наплаќаат и од фондот.“ Сомнежите се однесуваат и на прикривање на неправилностите.. Екс-директорот на секторот за контрола, според пријавата, ги одложувал контролите, не доставувал и не доставувал извештаи, а раководителките на подрачна служба на фондот не ја следеле наплатата на казните. Еден од осомничените пак се товари и за фалсификување и уништување на деловни книги. Приватната очна клиника, која е отворена во 2011 година, се сомничи за перење пари и други приноси од кривично дело, а две нејзини директорки се товарат дека сториле измама во службата и ја злоупотребиле службената положба и овластувања. Ваквите, сериски прекршувања на законот биле аларм за актуелниот министер за здравство и поранешен директор на фондот Клековски да се обрати до надлежните инсититуции и, како што кажа, да ја иницира истрагата. „Јас бев иницијатор на истрагата бидејќи станува збор за здравствена установа која имаше повторувачки прекршоци со години – значи не е еднаш, двапати, трипати, туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана. Јас предложив на Комисијата за прекршоци и таа прифати да се раскине договорот со таа здравствена установа за да се прекине ланецот на неказнивост. Истовремено побарав да се покрене истрага. Според моите информации станува збор за три лица од Фондот и две од здравствената устанува во моментов.“ Канал 5 се обиде да стапи во контакт со Дончев, кој во 2020 даде оставка од „приватни семејни причини“ , но тој не одговори на нашите повици. Засега е непознато дали е помеѓу уапсените, бидејќи често престојува во Австралија. За време на полициската акција биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Тетово и во Куманово, а при истите биле запленети 50.000 евра и мобилни телефони. Во моментов, за осуммината лишени од слобода, се очекува какви мерки ќе бидат побарани од ОЈО ГОКК до судот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11