3ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори случај за молкот на Филипче за загадената вода во Гостивар додека беше министер
3Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
КошаркаПобеди за Работнички и Охрид во шестата рунда од кошаркарскиот шампионат Работнички ја совлада Блокотехна и остана единствената непоразена екипа во кошаркарската Супер лига по шест одиграни рунди.Домашниот терен го искористи и Охрид за убедлив триумф над Шкупи. Резултати: Охрид – Шкупи 105:92, Работнички – Блокотехна 71:55. Денес играат: Струмица – Кожув, Куманово – Фени Индустри и Карпош Соколи – Пелистер. Во вторник колото ќе се комплетира со дуелот МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар. Табела: Работнички 12 бода, Блокотехна 11, Охрид 10,.../МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонка осудена во Австралија за убиство Судот во Австралија ја осуди 51-годишната Македонка Милена Богојевска на осум години затвор, од кои шест без можност за условен отпуст, поради смртта на нејзината 85-годишна сосетка Лолин Вајтхенд. Богојевска се изјаснила за виновна за убиство од небрежност. Случајот го потресе Мелбурн во јули 2024 година. Богојевска ја задушила старицата, по што го ставила телото во кеса и го фрлила во реката Марибирнонг. Два дена подоцна, телото било пронајдено од рибар. Но, случајот не завршил со смртта на 85-годишната жена. По нејзиното убиство, Богојевска од домот на соседката однела пари, накит, банкарски картички и лични документи. Со дел од украдените средства купувала лотариски тикети, ваучери, чевли и „ipad“ уреди, при што потрошила речиси 4.000 австралиски долари. Судијката Џасинта Форбс остро го оценила нејзиното однесување, опишувајќи го како „опортунистичко, пресметано и себично“. Судот ѝ изрекол осумгодишна затворска казна, од која шест години ќе ги помине без право на условен отпуст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПензионер од Охрид се заканувал со пиштол за паркинг место 73 годишниот охриѓанец ќе одговара за две сериозни крвична дела, откако му вперил пиштол на турист од Скопје по расправија за паркинг место. Охриѓанецот немал дозвола за поседување на оружје, соопшти СВР Охрид.. „ СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на 73 години од охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 01.08.2026 во зграда на улица „асном“ во охрид, пријавениот вперил пиштол кон лице од скопје со кое претходно имал расправија за паркинг-простор“, соопштија од охридската полиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори случај за молкот на Филипче за загадената вода во Гостивар додека беше министерВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да отвори предмет и да го истражи непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата, како во Гостивар, така и низ државата.Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои ја покажале неисправна за пиење. Токму затоа, се поставува прашањето дали и зошто надлежните институции, предводени од тогашната власт на СДС, не презеле соодветни мерки. Граѓаните имаат право да знаат зошто не биле навремено информирани доколку водата не била безбедна, зошто проблемот со години не бил решаван и дали Филипче бил запознаен со извештаите, а сепак не постапил. Затоа бараме Јавното обвинителство да ги провери сите анализи и документи, да утврди кој знаел и кој не постапувал и, доколку постои одговорност, таа да биде санкционирана. Никој не смее да биде заштитен поради политичка припадност или функција. Граѓаните заслужуваат одговори, одговорност, вистина и правда. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter