Раскошната свадба на Дуа Липа „го окупира“ Палермо- жителите гневни: Нашиот град не е под кирија (ФОТО)
2Раскошната свадба на Дуа Липа „го окупира“ Палермо- жителите гневни: Нашиот град не е под кирија (ФОТО)
РакометПобеда за македонските млади ракометари на квалификациите во ЛуксембургКадетската македонска ракометна репрезентација со победа ги стартуваше натпреварите во групата за пласман на ЕП 2026 што ќе се игра во Србија. Избраниците на селекторот Горан Кузманоски ја совладаа Финска со 36:29 (13:15). Нашата репрезентација со тешко го „скрши“ отпорот на ривалот, кој на полувреме водеше 15:13. Отпорот на ривалот беше до 45.минута, кога нашите ракометари успеаја да се одлепат и да ја навестат победата. Најефикасни во нашиот тим беа Јован Петрески и Бобан Поповски кои постигнаа 10, односно 9 голови. Утре во дуел од второто коло противник ни е јужниот сосед Грција (почеток 14:30 часот), додека во недела е дуелот од третото коло и нашата репрезентација ќе игра против домаќинот Луксембург (почеток 15:30 часот). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски веднаш по враќањето од Тиват, на средба со претставници на градежните компанииПремиерот Христијан Мицкоски по враќањето од Тиват оствари средба со градежните компании.По интензивната агенда во Тиват утрово и можноста за средби со лидерите на ЕУ, директно на средба со стопански комори каде разговараме со градежните компании и нивниот интерес за учество во реализација на капиталните проекти во државата, се наведува во објавата на ФБ . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСкарлет Јохансон објасни кој партнер ѝ бил омилен во љубовните сцени (ВИДЕО)Во текот на својата кариера, Скарлет Јохансон глумеше во бројни љубовни приказни на филм, но не сите беа запаметени по убедливата хемија меѓу актерите. Гледајќи наназад кон својата кариера, таа откри кој е нејзиниот омилен романтичен партнер на екранот, а нејзиниот одговор изненади многумина. Без многу размислување, актерката ја издвои Пенелопе Круз, со која глумеше во романтичната драма „Вики Кристина Барселона“ од 2008 година. „Морам да признаам, Пенелопе беше одлична“, рече Јохансон. „Таа е полна со страст и живот, а нема брада, што дефинитивно е плус“, додаде таа, пишува списанието Far Out. Љубовен триаголник во филмот на Вуди Ален Во филмот, Кристина, која ја игра Јохансон, и Марија Елена, која ја игра Круз, беа дел од љубовен триаголник со Хуан Антонио Гонзало, кој го игра Хавиер Бардем. Нивната приказна вклучуваше страсен бакнеж, а токму соработката со Круз остави најголем впечаток кај Јохансон. Иако Јохансон ја издвои Круз како нејзина омилена партнерка, самата Круз не го сметаше снимањето за толку романтично. Таа ја опиша сцената со бакнежот како „најмалку секси нешто што можете да замислите“, објаснувајќи дека за време на снимањето биле опкружени со „околу шеесет членови на екипата кои јаделе сендвичи со салама“. Јохансон го спомена и Хју Џекмен, со кого работеше во филмовите „Scoop“ и „The Prestige“, како „прекрасен“ партнер. Сепак, на крајот Круз повторно доби предност. „Сè уште би ја кажала Пенелопе, и тоа само затоа што нема брада“, заклучи актерката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУкраински дронови погодиле пет бродови- меѓу загинатите и државјани на Азербејџан (ВИДЕО)Петмина азербејџански државјани загинаа, а тројца се повредени во нападите врз два товарни брода во Азовското Море, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Азербејџан.На прашањето за погодените бродови во Таганрошкиот Залив, министерството рече дека меѓу екипажите имало вкупно 25 азербејџански државјани, но дека бродовите не му припаѓале на Азербејџан. WATCH: Aftermath of Ukrainian drone strike that killed five Azerbaijani sailors on a ship in Azov Sea overnight. https://t.co/dLUefLlDXo pic.twitter.com/NiEuaJ1ABE — Clash Report (@clashreport) June 5, 2026 Украинците тврдат дека целта на нападите биле бродови што превезувале воен товар и украдено жито. Порано во петокот, Украина соопшти дека нејзините беспилотни летала погодиле пет брода во пристаништата Мариупол и Бердјанск, како и во крајбрежните води на територија контролирана од Русија. Роберт Бровди, командант на украинските беспилотни летала, во соопштението изјави дека неговите беспилотни летала погодиле товарни бродови и танкер вклучен во „кражбата“ на украинско жито и преносот на воен товар и гориво, при што имињата на бродовите биле префарбани, а радарите биле исклучени.Тагови: Азербејџан бродовите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook