Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов
1Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов
ТенисПобеда за Грабул, пораз на ЈотовскиДвајцата најдобри македонски тенисери имаа променлив учинок на денешните мечеви на фјучрс турнирите.Димитар Грабул, кој е 8.носител во Хеист, Белгија го победи Хуан Матиас Гонзалез Караско со 2:1 во сетови (4:6; 6:1 и 6:1) и се пласира во следното коло што значи освијување на нови АТП поени. На турнирот во Кикинда, (Србија) Томислав Јотовски загуби од 5.носител Саша Стоисављевиќ од Србија со 6:2 и 6:2 по сетови. За Јотовски останува настапот во двојки заедно со Шендрит Деари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван ЈордановВчера граѓаните на Штип повторно беа без вода за пиење, на 40 степени.Резултат на неспособноста на ВМРО-ОКГ и градоначалникот Иван Јорданов. Поради мало невреме, хидросистемот Злетовица не беше во функција. Единствената опција за вода во Штип. Во 21 век Штип и штипјани зависат од едно невреме дали ќе имаат вода или не. Штипските бунари кои функционираа половина век, над 50 години се запуштени. СДСМ со години апелираше дека штипските бунари коишто треба да бидат алтернативен избор за водоснабдување, не смеат да се остават уништени, како што ги уништи ВМРО. Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ се фатија за парк од 120 милиони денари наместо да ги стават во функција. СДСМ и во советот на Штип имаше многу иницијативи, предлози, конкретни мерки. Но Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ ги оставија штипјани во милост и немилост само заради свои бизниси интереси и провизии. Секогаш кога е ВМРО во прашање за нив најважни се бизнисите, а не граѓаните. Проблемот со водата не е само локален во Штип, со ВМРО-ОКГ во над 50 населени места ширум Македонија, водата не е безбедна, во Гостивар над 5.000 луѓе беа отруени. За хаосот со водоснабдувањето мора да има одговорност. Македонија не смее да биде држава во која во 21 век граѓаните се плашат да се напијат чаша вода од чешма. Прес-конференција на Трајче Стојчевски, претседател на СДММТагови: Трајче Стојчевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска нови цени на гориватаРегулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди новите малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе стапат во сила од полноќ.Одлуката ќе покаже дали граѓаните во наредните денови ќе плаќаат помалку или повеќе за гориво. Според последната одлука на Регулаторна која е во сила од претходниот понеделник, бензинот супер БС 95 се продава по цена од 93 денари за литар, 98ка за 95 денари по литар и дизелот се точи по цена од 101, 5 денари по литар. Оваа пресметка на Регулаторна беше направена со намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамИџе на подиумот во Словенија: Новиот болид трет меѓу најбрзите во ЕвропаЕвропската тркачка приказна на Игор Стефановски - Иџе со новиот прототип започна одлично. Македонскиот автомобилист го освои одличното трето место во генералниот пласман на трката во Илирска Бистрица, во рамките на FIA Европскиот шампионат на ридски патеки. Претпоследниот викенд од Европскиот шампионат на ридски патеки донесе и прво сериозно мерење на новиот болид на европската сцена. Стефановски настапи во Категорија 2 - категоријата на болиди и прототипи, во која се натпреваруваат најбрзите машини на ридските патеки. Иџе веднаш се соочи со најсилната европска конкуренција, во трка на која стартуваа 242 автомобилисти од цела Европа, меѓу кои и искусни имиња како Кевин и Себастиен Пети, Хосеба Ираола Ланзагорта и Петр Трнка. Резултатот е трето место во генералниот пласман на неговото деби со новиот прототип, што е силна потврда за потенцијалот на новиот болид и тимот. „Многу сум задоволен од постигнатиот резултат. Трето место во генералниот пласман во Словенија, во конкуренција на 242 автомобилисти од цела Европа, и тоа на моето прво деби со новиот прототип е резултат што навистина дава тежина на целата моја кариера. Покажавме дека имаме потенцијал и дека можеме да им се спротивставиме на најдобрите европски возачи во оваа категорија“, вели Стефановски. Иџе упатува благодарност и до своите поддржувачи и до тимот кој стои зад новиот спортски предизвик. „Би сакал да им се заблагодарам на моите поддржувачи кои и овојпат без сомнеж застанаа зад мојот нов спортски предизвик. Горд сум и на мојот тим, ова е заеднички резултат и доказ дека работата и вербата во проектот даваат резултат.“ По одличниот старт со новиот прототип, фокусот веднаш се префрла кон Бузет, Хрватска, каде ќе се вози финалната трка од FIA Европскиот шампионат на ридски патеки. „Сега се фокусираме на Бузет. Очекуваме добар резултат и од таму да ја продолжиме оваа убава европска приказна“, најавува гордо Иџе. Токму Бузет има посебно место во кариерата на Стефановски. Минатата сезона, на истата патека, Иџе ја возеше својата 200-та трка во кариерата, а сезоната во FIA Европскиот шампионат на ридски патеки ја заврши со одлично трето место во Група 1.Тагови: Игор Стефановски Иџе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44