Стојаноски: Школски прибор намален за 10% на големо, за 15% на мало, јасно означени цени и заштита на семејниот буџет
СДСМ: Се потврди сè што предупредуваше СДСМ – на сомнителен начин српската медиумска машинерија влегува во Македонија
1Стојаноски: Школски прибор намален за 10% на големо, за 15% на мало, јасно означени цени и заштита на семејниот буџет
2СДСМ: Се потврди сè што предупредуваше СДСМ – на сомнителен начин српската медиумска машинерија влегува во Македонија
3Штерјова: Владата на Мицкоски ја навредува Европа - Стоилковиќ отворено работи на кинеската и руската агенда
Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
2Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
3Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
ТенисПобеда за Ѓоковиќ против Бердих за број 1 во 2014 година Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ победи во денешниот меч од 3.коло од А групата против Томаш Бердих и со тоа го потврди првото место на АТП листата и за 2014 година. Покрај првото место за годината Ѓоковиќ (како првопласиран) обезбеди и пласман во полуфиналето на Мастерс купот што се игра во Лондон. Ѓоковиќ го совлада Бердих со 6:2 и 6:2 во двата сета и во првото полуфинале утре ќе игра против Јапонецот Кеи Нишикори. Во вториот меч од А групата вечерва ќе играат Стан Вавринка и Марин Чилиќ. На Вавринка доволно му е да освои еден сет и да обезбеди пласман во полуфиналето каде ќе игра против Рожер Федерер. Ѓоковиќ по третпат годината ќе ја заврши како број 1 откако претходно тоа му успеа и во 2011 и 2012 година. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаСтојаноски: Школски прибор намален за 10% на големо, за 15% на мало, јасно означени цени и заштита на семејниот буџетВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на школскиот прибор за 10% во трговијата на големо и 15% во трговијата на мало.Во пресрет на почетокот на новата учебна година, ова значи вистинска грижа за граѓаните, родителите, учениците и смејните буџети, каде ќе се купуваат повеќе производи потребни за школската година, а ќе се троши помалку. Покрај намалувањето на цените на училишниот прибор, особено важно е што со новата владина одлука се обезбедува и транспарентност во однос на цените. Трговците се должни, покрај новата, намалена цена, јасно да ја прикажат и старата цена на производот, каде како базна ќе се зема цената која важела на 1 јуни 2026 година. Тоа значи дека граѓаните ќе можат јасно и транспарентно да видат колкава била цената претходно и колку изнесува намалувањето, така што на тој начин се обезбедува поголема сигурност за потрошувачите и се спречува можноста за манипулации со цените. Одлуката ќе важи до 30 септември 2026 година, период во кој граѓаните ќе имаат можност да ги набават производите опфатени со мерката по намалени и јасно означени цени. Станува збор за конкретна мерка насочена кон директна поддршка на семејствата во периодот кога нивните трошоци се најголеми поради подготовките за новата учебна година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е родителите да имаат помал притисок врз семејниот буџет, а секое дете да може да ја започне новата учебна година со потребниот прибор. Ташни, ранци, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, фломастери, линијари, дидактички материјали, се што е неопходно за почетокот на учебната година, ќе се купува по намалена цена. Пониски цени, јасно означени цени и конкретна поддршка за граѓаните. Владата ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и да носи мерки кои даваат реални и видливи резултати кои прават значителни заштеди на семејните буџети. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бојан Стојаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаСДСМ: Се потврди сè што предупредуваше СДСМ – на сомнителен начин српската медиумска машинерија влегува во МакедонијаСе потврдува сè она за што СДСМ со месеци ја предупредува македонската јавност.Како што најавивме, операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ власта на Мицкоски ја спроведува и во Македонија. Влегува српската медиумска машинерија во Македонија и тоа на сомнителен начин со заобиколување и злоупотреба на македонските закони. За ова сериозно прашање денеска алармираат и националните телевизии и јавниот сервис МРТ. Македонската медиумска асоцијација ММА и МРТ соопштија дека имаат материјални докази за канали кои подолг период работат без домашна дозвола. Сериозно е нивното тврдење дека АВМУ ги третира како странски програмски сервиси, иако продукцијата, новинарите, коментаторите и гостите се во Скопје, студиските емисии се во Македонија, а програмата се емитува на македонски јазик. Истиот модел сега се подготвува и за Euronews Македонија и влегувањето на Ало групацијата. СДСМ со месеци предупредува: проектот на Вучиќ и неговиот „српски свет“ кој Мицкоски го спроведува и во Македонија не само преку „copy-paste“ политиката туку и преку медиумите, капиталот и контролата врз информациите. Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, кога нема подобар живот за граѓаните, кога нема европска перспектива за граѓаните, тогаш единствено што останува на оваа власт е да воспостави контрола врз медиумскиот простор. Операцијата за градење структура која треба да ја зајакне веќе постоечката Орбанова медиумска мрежа во Македонија ја водат Началникот задолжен за пропагдана на Мицкоски, Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска. СДСМ во целост ги поддржува баарањата на телевизиите кои јавно предупредија дека нема да го дозволат и побараа институциите да утврдат одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРомано: Мармуш во ТотенхемДосегашниот фудбалер на Манчестер Сити, репрезентативецот на Египет, Омар Мармуш преминува во Тотенхем, пренесува Фабрицио Романо, водечкиот експерт за фудбалски трансфери. Финансиските детали од договорот не се обелоденети. Минатата сезона, Мармуш постигна осум гола на 36 натпревари за Сити. Египетскиот напаѓач подолго време се поврзуваше со трансфер во Тотенхем како дел од голем договор меѓу два англиски клуба, а структурата на трансферот привлече значително внимание во Германија. Мармуш му се приклучи на Манчестер Сити од Ајнтрахт во јануари 2025 година за сума од приближно 75 милиони евра. Франкфурт во договорот вклучи клаузула со која им припаѓаат 15 проценти од каква било добивка што Сити би ја остварил од неговата идна продажба. Според претходните извештаи од Англија, Тотенхем се договорил да го ангажира Мармуш на позајмица со обврска за откуп за околу 50 милиони фунти (приближно 58 милиони евра). Оваа сума е многу слична на износот што Сити му го плати на Франкфурт, што значи дека англискиот шампион не би остварил профит од договорот. Следствено, Франкфурт не би добил ништо врз основа на својата клаузула.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26