ТенисПобеда во првото коло за Ѓорческа на фјучрсот во ВаленсијаМакедонска тенисерка Лина Ѓорческа, која е рангирана како трета носителка на фјучрсот во Валенсија со награден фонд од 25.000 долари, успеа да оствари победа во 1. коло. Таа ја совлада Башак Ерајдин од Турција со 2-0 во сетови (6:2 и 7:5 во гемови) за 88 минути игра. Во следното коло Ѓорческа ќе игра против победничката од мечот што е во тек меѓу Јасмине Паолини (Италија) и Паула Ариа Манјон (Шпанија). Во конкуренција на двојки Ѓорческа заедно со Галина Воскобоева од Казахстан како први носителки во првото коло најверојатно утре ќе играат против Олга Саез Лара (Шпанија) и Мелани Стоке (Норвешка). Инаку, на ВТА листата Ѓорческа има пад за едно место во поединечна конкуренција и со 264 поени се наоѓа на 206 место, додека во конкуренција на двојки има скок од едно место и со 504 поени е на 136 место.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во ПалиградНа терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми. Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење. Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак. Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лицеНа 22.08.2026 во 10:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода К.Г.(58) од Крушево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска нредба, биле пронајдени и одземени марихуана, стебла на канабис, семки и револвер. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаСДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО и Мицкоски за модуларната болница - да им се извинат на граѓанитеПет години ВМРО и Христијан Мицкоски ширеа лаги, конструкции и водеа политичка кампања против претседателот Венко Фулипче со монструозни обвинувања за модуларната болница.Ја злоупотребуваа трагедијата, ги злоупотребуваа болката и чувствата на семејствата кои ги загубија своите најблиски и бесрамно лажеа. Денеска сите тие лаги потонаа. Јавното обвинителство јасно утврди дека нема основа за одговорност на д-р Венко Филипче, нема злоупотреба на службената положба, нема штета на Буџетот, нема никаков криминал. ВМРО, Мицкски и 40% од медиумите од Орбановата мрежа водеа црна кампања, лепеа монструозни етикети, го нарекуваа Филипче убиец, Менгеле, се оцрнуваше лекар и професор кој целиот свој професионален живот го посветил на лекување пациенти. По пет години лаги, најмалку што можат да направат Мицкоски и ВМРО е јавно да се извинат. Да им се извинат на семејствата на загинатите чии болка и трагедија безмилосно ги користеа за дневнополитички поени. Да им се извинат на граѓаните кои пет години ги лажеа и манипулираа. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter