По средбата Белград - Приштина: Борел стравува од ескалација во северно Косово - Канал 5

По средбата Белград - Приштина: Борел стравува од ескалација во северно Косово

Жосеп Борел отсвири крај, разговорите за Заедницата на српски општини останаа на почеток. Вучиќ и Курти останаа далеку од нацрт-статутот што го презентираше Белград.

По средбата Белград - Приштина: Борел стравува од ескалација во северно Косово

Според документот од 67 члена, што го објави „Новости“ најспорен за Приштина бил делот дека Заедницата ќе може да управува со јавниот имот, природните ресурси и целокупната инфраструктура, како автопати, мостови и тунели.

-Да кажете дека никогаш нема да прифатам српските општини да можат да градат автопати, па што да прават? Треба да купуваат мастики и да продаваат гумени бомбони? Или ќе се прифати она што е договорено во 2013 и 2015-та или е крај на сѐ. -Курти очекува независност на Косово., го праша косовски новинар Вучиќ.

-Во ред, и јас очекував да ја запознаам Деми Мур пред 25 години, но тоа не се случи , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Курти денеска објави контра нацрт - статут со своја визија, оценувајќи како нетериторијален проект во кој Србите на Северот ќе бидат функционални согласно принципот на недискриминација, со можност да се финансираат и од косовскиот и од српскиот буџет. Тој во српскиот предлог гледа пресликување на Република Српска на Косово.

-Тој нацрт не е за Србите, туку за Србија. Република Српска на Косово не може да се случи. Велат во четири општини, на пример, командирот на полицијата мора да биде Србин. Знаете, Србин е национална припадност, не е професионална вештина, изјави Албин Курти, премиер на Косово.

За Брисел, иако нема договор, вчера бил направен значаен чекор. Главната грижа на Борел останува стравот од ескалација на состојбата на северот на Косово, по бојкотот на Србите на изборите во четирите општини. Вели актуелната состојба не нуди долгорочно решение.

-Постои голем ризик и затоа ги повикав двете страни да најдат решение кое ќе овозможи брзо враќање на косовските Срби во институциите на Косово кои ги напуштија во ноември. , изјави Жосеп Борел, шеф на европската дипломатија.

Вучиќ и Курти од Брисел сепак заминаа со еден договор, откако ја прифатија Декларацијата за исчезнати лица, во чии рамки заеднички треба да ги лоцираат и идентификуваат исчезнатите лица во периодот од 98-ма до 2000-та. Од над шест илјади исчезнати, непозната останува судбината на 1,620 лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција.

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција

Договорот ќе биде потпишан во свечената сала на владата.

По потпишувањето предвидено е Мицкоски и претставници на „компанијата да одржат заедничка прес-конференција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии

Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.

Зеленски: Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии

– Забраната за напади врз рафинериите е укината. Завршивме со тоа, истакна Зеленски.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на 11 октомври изјави дека е постигнато енергетско примирје меѓу Русија и Украина, кое ќе стапи во сила веднаш. Подоцна, Зеленски наведе дека Русија не го почитува примирјето и не ги почитува изјавите на американскиот претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена облачност и температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена облачност и температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно и стабилно време, освен во петок кога ќе има слаби локални врнежи од дожд кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Утре ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, а од петок до крајот на периодов, ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер