По седум децении возобновување на традицијата и прослава на празникот Водици во Гостивар

По седум децении православните верници од Гостивар овој понеделник ќе ја возобноват традицијата и ќе го прослават празникот Богојавленије Водици.

Тогаш во присуство на многубројните верници митрополитот тетовско гостиварски Господин Јосиф ќе го положи светиот крст во водите на Вардар. Од иницијативниот одбор велат дека ги дефинирале сите детали за овој важен ден за православните верници во градот.

-По повеќе од седумдесет години од положување на крстот во Гостивар ние имаме иницијатива тоа да се повтори. Целта ни е тоа да стане традиција и не само да биде првата година туку да трае многу подолго од самите нас затоа што ние како град сме еден од поретките градови што нема таков обичај и затоа да има градот да има градски крст и му личи на овој град да има такво нешто.

За скокање по светиот крст во водите на Вардар има голем интерес меѓу гостиварци.

-Досега се пријавени над триесеттина верници што сакаат да учествуваат во таа манифестација. Најсреќниот ќе добие телевизор а сите ќе добијат по една маичка, осветен крст и се она што е дел од програмата тој ден.

Чествувањето на Богојавление-Водици во Гостивар ќе започне со литургија во 8 часот и 30 минути во соборниот храм Пресвета Богородица. Литијата што ќе тргне од пред црквата ќе оди долж улицата Дебарска, преку булеварот „Браќа Ѓиноски“ се до малиот мост кај болницата каде точно на пладне ќе се одржи светиот чин. Последен пат празникот Водици во Гостивар бил одбележан во 1947 година но не се знае зошто бил прекинато потоа.Во меѓувреме Водици биле прославувани во многу села околу овој полошки град.


Џоана: Русија нема намера или воена можност да нападне некоја од земјите-членки на НАТО

Русија нема намера или воена можност да нападне некоја од земјите-членки на НАТО, но води хибридна војна.

Русија нема намера или воена можност да нападне некоја од земјите-членки на Северноатлантската алијанса (НАТО), но води хибридна војна против Западот, изјави заменик-генералниот секретар на Алијансата, Мирчеа Џоана.

„Очигледно, Русија во овој момент нема ниту намера ниту можност воено да нападне која било земја на НАТО, но против нас е започната тотална хибридна војна и се соочуваме со сајбер напади, дезинформации, хибридна војна, проблеми поврзани со саботажа, акти на насилство и атентати“, оцени Џоана.

Тој рече дека е благодарен што Романија е членка на НАТО сред, како што вели, криза и сложени технолошки и социјални трансформации, пренесува Диги ФМ. Тој нагласи дека НАТО е во процес на промени, особено кога се во прашање одбранбените планови и зголемувањето на военото производство.

Кремљ соопшти дека Руската Федерација никому не се заканува, но дека нема да игнорира дејствија кои се потенцијално опасни за нејзините интереси. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва останува отворена за дијалог со НАТО на рамноправна основа и дека Западот мора да се откаже од милитаризацијата на Европа.

Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа

 Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал на Попова Шапка, каде според мерењата на УХМР се регистрирани 43 литри на метар квадратен. 

Врнежи имало и во Куманово - 31 литар, во Дебар - 23, во Крива Паланка - 21, во Пожаране - 16, во Тетово - 12, во Струмица и Гевгелија - 10, во Претор, Охрид и Виница осум, во Маврови Анови седум, во Крушево пет, во Лазарополе, Штип и Дојран четири, во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Битола два и во Берово и Велес еден литар.

ОД УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови каде повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Нападите врз политичарите станаа секојдневие

Удари, плукања, закани... Продолжуваат нападите врз германските политичари и активисти во кампањата. Тие главно доаѓаат од радикалната десница. Затоа се повеќе луѓе размислуваат да се откажат од локалната политика.

Дојче Веле

Удари, плукања, закани... Продолжуваат нападите врз германските политичари и активисти во кампањата. Тие главно доаѓаат од радикалната десница. Затоа се повеќе луѓе размислуваат да се откажат од локалната политика.

Сенаторката за економија на Берлин Франциска Гифај (СПД) е полесно повредена во физички напад во областа Рудов. „Во вторникот (7 мај) попладне во библиотеката, маж ненадејно ја нападнал поранешната градоначалник одзади со торба полна со тврда содржина и ја удрил во главата и вратот“, соопштија од берлинската полиција и обвинителството.

Полицијата започна истрага. По нападот, поранешниот федерален министер за семејни прашања „заминал на кратко во болница поради болки во пределот на главата и вратот“, се вели во соопштението на властите.

Да се ​​заостри Кривичниот законик

Во вторникот, федералните и државните министри за внатрешни работи се состанаа поради неодамнешните напади врз политичари и предизборни активисти. Се изјаснија за подобра заштита на политички активните луѓе, но и за заострување на Кривичниот законик.

Оние кои се политички активни во Германија живеат се поопасни животи. Нападот на Гифаи е само врвот на ледениот брег. Од ден на ден, особено локалните политичари се напаѓаат - им се закануваат и навредуваат.

Како и Макс Решке, кој од пред една година е предводник на Zелените во Тирингија. Тој изјави за ДВ: „Од Божиќ до почетокот на годината, за време на протестот на фармерите, имавме купишта ѓубре пред вратата на секоја канцеларија, јајца на прозорците, скршени прозорци во неколку канцеларии, а исто така уништени со експлозиви пoштенски сандачиња“.

„Се случува луѓето да ви кажат дека ако се вратат на власт, тогаш ќе ни се случи ова и она. Вербалното насилство дефинитивно се зголеми во последните неколку години“, вели Решке.

Посебно на мета се Зелените

Зелените политичари се особено често напаѓани. Затоа, Решке и неговиот тим за време на предизборната кампања за локалните избори, кои се одржуваат на крајот на мај и европските избори на почетокот на јуни, излегуваат на терен барем во пар - за своја безбедност.

На курсевите, активистите на Зелените се обучуваат да разговараат мирно со луѓето, да практикуваат деескалација на тензиите и да не дозволуваат да бидат провоцирани.

„Има луѓе кои сега ни кажуваат за што некогаш мислеле само. Тие исто така се обидуваат да ги заплашат семејствата. А има и други кои мислите ги претвораат во дела. За жал, ова е она што сега го гледаме во Дрезден“, вели Решке.

Екипата на ДВ ја следеше кампањата на Зелените во Дрезден, кога дојдоа неколку гневни граѓани кои пцуеја и плукаа по неа, а дојде до туркање назад. Тие се заканија и на екипата на ДВ.

Неколку дена пред тоа, исто така во Дрезден, политичар од СПД беше претепан и мораше да биде хоспитализиран.

Гори куќата на политичар од СПД

И не само таму: во Есен во Северна Рајна Вестфалија, на почетокот на мај, двајца политичари на Зелените прво беа вербално навредувани, а потоа и физички нападнати. Еден е повреден.

Во Бранденбург истиот ден, гневните демонстранти удриле во автомобилот на потпретседателката на Бундестагот Катрин Геринг-Екарт (Зелени) и ја спречиле да продолжи понатаму.

И во Гота во Тирингија во февруари непознати лица ја запалија куќата на политичар од СПД кој организираше демонстрации против десничарскиот екстремизам.

За жал, насилството врз политичарите не е нов феномен: градоначалничката на Келн, Хенриета Рекер, беше жртва на обид за атентат во 2015 година, кој за влакно го преживеа.

Пред пет години, десничарски екстремист го уби политичарот на ЦДУ Волтер Либке.

Баварскиот премиер Маркус Зедер ја обвинува десничарската Алтернатива за Германија (AfD) за најновото насилство врз политичарите. Но, и нивните политичари стануваат жртви на напади.

Макс Решке сака да продолжи да се занимава со политика, но бара локалните политичари да добијат поголема заштита од државата и полицијата. „Едноставно, во последно време е премалку. Не треба прво да се случи нешто пред да преземеме акција. Општеството како целина мора да се запраша во која насока сакаме да одиме. Мислам дека повеќе насилство и страв не можат да имаат смисла“.

Омраза кон државата

Четири од десет градоначалници во Германија велат дека тие или нивните соработници биле навредувани, трпеле закани и напади, покажува истражувањето на Форса на 6.400 градоначалници во Германија.

Некои од нив затоа се справија со идејата да се откажат од локалната политика. Но, ова не е чисто германски феномен, туку тренд низ Европа, но и во САД, вели за ДВ Свен Теклаф, шеф за демократија и соработка во фондацијата Кербер.

„Начинот на зборување стана погруб и секако дека има врска со социјалните мрежи. „Луѓето таму се натпреваруваат во нивната омраза кон државата, системот, политиката, „оние горе““, вели тој.

Друга работа, според Тезлаф, е феноменот што се повеќе луѓе инсистираат на сопствените интереси, дека само нивните идеи се спроведуваат. Така, подготвеноста да се најде компромис или рамнотежа помеѓу различни интереси се намалува.

„Ако моите интереси не се спроведуваат, тогаш го отфрлам системот, тогаш ги навредувам политичарите кои не ги спроведуваат моите интереси“, толкува Теклаф.

Најлошиот исход, вели овој експерт, е бегството на луѓе од локалната политика, каде што многумина работат како волонтери во месни заедници или мали општини.

„Ако веќе немаме доверба на локално ниво дека оваа демократска држава може да функционира, тогаш навистина имаме огромен проблем во Германија“, заклучува Теклаф.

притисни ентер