По повод Денот на македонскиот јазик, американски дипломати од Амбасадата на САД зборуваат на македонски

Американската амбасада во земјава, по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, објави видео во кое американски дипломати во Aмбасадата зборуваат на македонски јазик.

Тие зборуваат за нивните ставови за учењето на македонскиот јазик, за она што го сметаат за предизвик во изучувањето на јазикот и колку често го користат.

Џин Енрикез, од Aмериканската амбасада, на македонски јазик вели дека за него јазикот не е многу тежок, а она што го смета за покомплицирано е граматиката.

– Многу е корисно за мене затоа што сакам многу да готвам и можам да го користам јазикот на пазар и во маркети, вели тој.

Лук Захнер, исто така дипломат од амбасадата на САД, вели дека некои зборови од македонскиот јазик речиси е невозможно да ги изговори како „замрзнувач", „всушност" и „крстопат".

– Она што го сакам во македонскиот јазик е дека тој е многу прецизен јазик, постои различен глагол за секое мало дејство, што може да биде фрустрирачки, но исто така покажува дека македонскиот е многу литературен јазик, вели Захнер.

Вели дека македонските поговорки за него се специјални и народните приказни се исто така одлични.

– Моите омилени приказни се со тематика за Итар Пејо. Ми се допаѓа како овој обичен човек секогаш ги надминува сите што би требало да бидат попаметни од него, истакнува Захнер.

Барбара Модзиерс, дипломат од амбасадата, вели дека за неа е многу важно да зборува и чита и да го разбира македонскиот јазик, професионално и приватно.

– Бидејќи зборувам на македонски, можам да започнам добро дружење со нашите соседи, вели таа.

Пред да заминат на нова функција, службениците што заминуваат во странство, поминуваат од шест месеци до две години во Вашингтон или на друго место учејќи го јазикот или јазиците на земјата домаќин.

Денешниот ден, 5 Мај е посветен за одбележување на македонскиот јазик.

Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија

Петмина милитанти се убиени во руската република Карачај-Черкесија, откако фрлиле бомба врз полицијата и отвориле оган, при што загинале двајца полицајци, а четворица се повредени, соопшти денеска полицијата преку објава на апликацијата Телеграм.

Во полициското соопштение се наведува дека напаѓачите фрлиле бомба од автомобил кон патрола на сообраќајната полиција и отвориле оган од автоматско оружје.

Во конфликтот убиени се двајца полицајци, а ранети се двајца сообраќајни службеници, еден полицаец од областа Курган и еден припадник на Националната гарда.

Убиените напаѓачи беа идентификувани како наводни учесници во нападот врз полицајци на 22 април кога убиле двајца полицајци, а еден го оставиле во критична состојба, откако отвориле оган врз нив и украле оружје и побегнале. Потоа по нив беше распишана потерница. /МИА

За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 286 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 118 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 168 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија

Постојаната мисија на Малта во ОН потврди дека утре, 30 април, во 21 часот ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина (БиХ) на барање на Русија.

Како што јави Н1 БиХ, повикувајќи се на извори од мисијата на Малта во Њујорк, списокот на говорници за седницата се уште не е утврден.

На седниците на Советот за безбедност на ОН, списокот на говорници може да се утврди на самиот почеток на седницата на предлог на претседавачот, но и на заинтересираните земји членки на Советот за безбедност на ОН.

Од Бањалука беше соопштено дека на оваа седница на СБ на ОН ќе се обрати и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, но преку видеоврска бидејќи не побарала виза за САД.

За нејзиното обраќање, како и за сите други, ќе се одлучува пред почетокот на седницата со гласање на членките на Советот за безбедност на ОН.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачич, претходно изјави дека Цвијановиќ и веројатно некој од бошњачката страна ќе се обратат на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина на барање на Русија. /МИА

притисни ентер