По пет месеци премиера во Прилеп, Фестивалот „Војдан Чернодрински" од 1 до 10 октомври - Канал 5

По пет месеци премиера во Прилеп, Фестивалот „Војдан Чернодрински" од 1 до 10 октомври

По околу пет месеци, вечер од 19 часот на сцената од приелпскиот народен театар премиерно ќе биде изведена претставата „Мендо и Мајло", во режија на Игор Трпче, независен проект на „театарска работилница", поддршан од Министерството за култура.

По пет месеци премиера во Прилеп, Фестивалот „Војдан Чернодрински" од 1 до 10 октомври

Станува збор за социјална дуо-драма, но и комедија, по текст на прилепската авторка Мирјанка Ристеска Селчанец и говори за двајца повозрасни луѓе, кои по игра на случајот се нашле во притворската келија на затворот Шутка. Мендо е обвинет за убиството на сопствената невенчана жена, која всушност, починала во сон, а Мајло е ром – дрвокрадец, кој истотака е обвинет за убиство на шумарот, кој несреќно загинал, откако неговата магарица ја превртува колата со дрва.

Според режисерот Игор Трпче ова е возбуда за актерско и театарско-сценско остварување кое трпи во периодот на пандемија.

-Се отвора приказната за двајца луѓе, од различни општествени слоеви кои во вакви околности се отвораат, се зближуваат многу, покрај големите предрасуди кои едниот за другиот ги имаат – од различни националности се, едниот е Ром, другиот Македонец. Ова е социјална драма која допира до речиси сите иако секому не с еслучува, но е честа ситуација. Задоволство е што по толку голема пауза, актерите и ние сме на сцената. Верувам дека е голема возбудата и мислам дека за првпат сфативме колку ни недостасуваат културата, театарот, концњерите и воопшто, културниот живот, вели Трпче.

Актерот Андон Јованоски копнее да се врати на „штиците што живот значат", да игра пред публиката, па макар и со протоколи.

-Бев жеден за работа, верувам како сите мои колеги глумци. Овие „штици што живот значат" ми недостасуваа. Јас од преставата „лажговци", во февруари минатата година не сум на сцена година и половина, освен некое гостување во Загреб. И сега се радувам, како мало дете. И публиката постојано ме прашува за претстава. Се надевам дека ќе се вратиме во нормала и дека така ќе го продолжиме животот, вели Јованоски.

Копродуцент е Центарот за култура „Марко Цепенков" кој ги отстапи просториите во прилепскиот театар. Публиката, според протоколите,че биде присутна ограничено, само по 50 билети се за неа, но е желна за театарска претстава.

Во претставата играат актерите, доајени на прилепскиот театар Трајче Иваноски – Пепио и Андон Јованоски – Ашата. Музиката, тонот и светлото се наТоме Темелкоски, а костимите на Бојана Артиновска Трпческа.

Инаку, прилепскиот театар годинава треба да подготви три претстави. На првата се работи и треба премиерно да биде прикажана на крајот на јуни. Термин за одржување има и Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински", од 1 до 10 октомври. Лани фестивалот, поради пандемијата, не го одржа 55-тото, јубилејно издание.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Александар Николовски најави 50.000 нови „економски работници“ годишно.

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Мицкоски ја дуплираше бројката, рече над 100.000, па дури направи им кажа на граѓаните или многудетни семејства или мигранти, односно „економски работници“.

Два дена по најавата на Николовски и еден ден по најавата на Мицкоски гледаме одлука на Уставниот суд со која се отфрла иницијативата на СДСМ за неуставната Резолуција со која и се забранува на опозицијата да говори за мигранти, односно за „економски работници“.

После контролирано правосудство, телефонски обвинители, судии во судски совет под контрола на Мицкоски, насоки од Собраниска говорница и од телевизија како да работат.

Дали е потребно дополнително објаснување?

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи судењето за „Државна Лотарија“

Управниот одбор на Државна лотарија не донесе одлука за набавка на ВЛТ апарати во Државна лотарија, иако таквата набавка беше наведена во годишните планови за работа, рече  пред судот Христа Ајданов, член на управниот одбор во Лотарија.

Продолжи судењето за „Државна Лотарија“

Управниот одбор на Државна лотарија не донесе одлука за набавка на ВЛТ апарати во Државна лотарија, иако таквата набавка беше наведена во годишните планови за работа, рече пред судот Христа Ајданов, член на управниот одбор во лотарија од 2017 до 2024 година, за време на денешното рочиште за милионски злоупотреби во Државна лотарија. Според Ајданов, разговори за набавка на ВЛТ апарати за државна лотарија имало и уште пред Перпарим Бајрами да биде директор на ова друштво, но рече и дека како што памети, таква одлука на управниот одбор сепак не била донесена.

-Колку што мене ми е познато, Управниот одбор не донесе никаква одлука за оваа набавка. Дека ВЛТ апарати треба да се набават, во претпријатието се зборуваше и пред Перпарим да биде директор, но неговата претходничка сепак изразуваше резерва по тоа прашање,- - сведок Христа Ајданов.

Одбраната на првообвинетиот пак, Перпарим Бајрами, тврди дека сведокот изразил сомнеж за набавката на ВЛТ апарати, не бил дециден дека управниот одбор нема донесено таква одлука, но потенцира и дека на крај, независно од неговото сведочење, управниот одбор донел одлуки за јавни набавки на ВЛТ апарати.

-Сведокот и рече дека не е сигурен и не се сеќава дека таква одлука и матријали за таква одлука биле доставени и донесени. Тоа што тој не се сеќава е една работа. Но, сите тие се потврдени со оние одлуки кои тие ги донеле при донесувањето на финансиските планови. Исто така, планот за јавни набавки е нешто што го донесува управниот одбор и исто така се донесени одлуки и во тој дел,- изјави Еленко Миланов, адвокат на првообвинетиот.

Токму набавката на ВЛТ апаратите е предмет на обвинение во овој случај, каде покрај Бајрами, второобвинет е и поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој неодамна излезе од куќен притвор. Случајот со сомнителни набавки на ВЛТ апарати за државна лотарија во вредност од 9,7 милиони евра со испитување на сведоци на обвинителството ќе продолжи на 30 октомври

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Хоџа со претставници на МАТТО: Зелените инвестиции се основа за одржлив развој

На средбата беше истакнато дека зелената транзиција не е само еколошка обврска, туку и развојна можност за отворање нови инвестиции, зголемување на конкурентноста на компаниите, јакнење на енергетската независност и создавање одржливи работни места.

Средба на Хоџа со претставници на МАТТО: Зелените инвестиции се основа за одржлив развој

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари средба со претставници на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), на која се разговараше за можностите за соработка во зелената транзиција, поттикнувањето инвестиции во зелени технологии и подобрувањето на деловното окружување.

На средбата беше истакнато дека зелената транзиција не е само еколошка обврска, туку и развојна можност за отворање нови инвестиции, зголемување на конкурентноста на компаниите, јакнење на енергетската независност и создавање одржливи работни места.

„Турските компании и стопанственици се значаен дел од деловната заедница. Сакаме нивното знаење, искуство и капитал да бидат дел од процесите на модернизација и зелена трансформација на нашата економија. За тоа ни се потребни отворен дијалог, партнерство и предвидливи услови за инвестирање“, истакна Хоџа. Според министерот, целта е да се изгради систем во кој заштитата на животната средина и економскиот развој се надополнуваат и во таа насока изрази подготвеност за разговор за конкретни инвестициски иницијативи.

Во фокусот на разговорите беа инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетската ефикасност, управувањето со отпадот, рециклирањето, циркуларната економија и развојот на зелени технологии. Посебно внимание беше посветено на можностите за вклучување на приватниот сектор во реализацијата на националните и европските цели за климатска акција и заштита на животната средина.

Соговорниците ја истакнаа важноста од продолжување на дијалогот меѓу институциите и бизнис-заедницата, како и од организирање заеднички активности и деловни форуми посветени на зелената економија.

Министерство за животна средина и просторно планирање

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер